Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?


  • Вкупно гласачи
    747

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Бојан, и Србија не беше членка на НАТО па ја бомбардираа. Нивна причина сега ќе биде као демек можело да влијае врз сигурноста на Унгарија Полска и Романија, хаха...За секое ЗОШТО тие наоѓаат ЗАТОА.
Не е само Србија, еве и во Либија нели бомбардираа...
Зборот ми беше дека треба еднаш на нато „да му се каже“ дека не може туку-така да праќа авиони...
 
Член од
27 април 2011
Мислења
2.314
Поени од реакции
3.126
Незнам дали е веќе постирано ова али :
Маскирани вооружени лица упаднаа во владината зграда во Симферопол ... се шушка за 2јца мртви руски војници



https://twitter.com/KeXXit/status/439805423520989184

EDIT: Украина ја мобилизира војската

Ukraine's shaky new government mobilized troops and called up military reservists Sunday, even as the defense minister said Kiev stood no chance against Russian troops in a rapidly escalating crisis that has raised fears of a conflict.
 

fkpromaja

In the Heaven.
Член од
28 јули 2012
Мислења
449
Поени од реакции
256
Нема кој да му каже, цел свет освен источниов блок е нивна марионета, добро е бар што Кина и Русија ги има во СБОН!

Најнова вест : Огромна руска воена колона со оклопни возила се приближува во Симферопол!
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
Не е само Србија, еве и во Либија нели бомбардираа...
Зборот ми беше дека треба еднаш на нато „да му се каже“ дека не може туку-така да праќа авиони...
со тоа што друг ќе прати авиони ?
и русија истите правила на игра ги користи, и таа праќа војска, бомбардира, акетира други територии
 

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.089
Поени од реакции
1.257
Украинскиот народ му дојде преку глава од Русија, протестите почнаа со Јевромајдан, со тоа што Јанукович одби да потпише ССА со ЕУ. Украинците долги години се подгазувани од русите, и сега им скурчи, Јанукович од државата изнел 8 милијарди евра. Руси во Украина се 17 посто, ебеш га, ни рамковен не можат да бараат. Меѓутоа, Крим е со руско население, но во територијата на Украина, и навлегувањето на руска војска претставува кршење на територијалниот суверенитет и интегритет на Украина, со што Украина има полно право да се брани.
Сега, ако дојде до војна (дај Бог да не дојде, блиски народи и иста вера сме, ќе ми е многу жал), Русија има повеќе војска и вооружување, но и Украина има многу спремна војска и вооружување, фронтовско боиште заради територијата на Украина би било огромно. Многу жртви, пораз на Украина, но дури тогаш ќе има тешкотии за Русија, тој народ ќе се организира во отпор. Белорусија би помагала на Русија, ама Унијата и западот, НАТО, со сигурност ќе ја помагаат Украина, со финансии, вооружување, логистика и разузнавање. Една ваква војна ќе биде поразителна за Русија, дури и да излезат како победници, финансиски ќе се истоштат, а до израз ќе дојдат многу слабости на нивното вооружување и тактичка неспремност. Русија веќе ја загуби Украина, само не знам колку се свесни за тоа.
Апсолутно си во право,а инаку не ми е јасно како многумина од нас македонците се за Русија? Па Украина е суверена и независна земја бре,а инаку русите во Украина се малцинство зошто да ги бранам русите? И зошто да ја подржувам Русија како многима македонци? едноставно зошто да ја подржувам? За да ги бранат русите во Украина,па тие се малцинство бре,ако сакат да живеат како луѓе треба да се интегрираат во украинското опшество,а ако не сакаат во Украина да живеат тогаш нека се иселуваат во Русија, а инаку јас како македонец да ги бранам русите во Украина е исто како некој од надвор да ги брани албанците во Македонија, да ја поджувам Русија против Украина е исто како некој да ја подржува Албанија против Македонија, како би се почуствувале ние македонците доколку Албанија ја напаѓа Македонија со цел да ги заштити албанците во Западна Македонија? Исто тие и сега меѓу Русија и Украина и руското малцинство во Украина..
 

fkpromaja

In the Heaven.
Член од
28 јули 2012
Мислења
449
Поени од реакции
256
Кого бомбардирала Русија?
Друго е да се праќа војска на Крим каде што се 90 посто Руси, колкку и да се мнозинство се.
А(не)кетирањето на Абхазија нема проблем затоа што беше за време на ЗОИ, а Абхазија има длабоки односи со Русија, поради ратот во 2008. Абхазија и сама го понуди Сухоми наместо Севастопољ за флотата.

Друго е да се бомбардира Ирак,Либија,Сирија само затоа што се слаби држави во економски и политички план а да немаат никаква врска со Америка! Плус, Русија има само една база вон поранешниот СССР а тоа е на Куба и тоа сега ја воспостави, а Америка има на секој 500 метри и демнее над населението, демократија изглеа?
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
7.281
Поени од реакции
9.061
Русија нема да дозволи доблизување на западот толку близу до нејзините граници посебно не во Украина која е транзит за гас и го држи Крим кој е од стратешка важност за Русија, особено за гасоводот јузен поток, кој е директен конкурент на НАБУКО.

Доколку НАБУКО биде изграден и има достап Европа од азербејџанска нафта тоа ќе значи голем удар за руската нафтена индустрија, впрочем тоа и беше поентата на војната во Грузија, да се забави/оневозможи изградбата на НАБУКО. Русија ќе го земе Крим 109,5% и нема да попушти.

Украинската армија која на хартија е добро вооружена и може да парира копнено (пошо е "домаќин" и го има тој потребен сооднос за победа 3 према 1) сметам дека нема да може да направи нешто против Русија пошо голем дел од нејзината армија се руси кои најверојатно ќе дезертираат, а со тоа многу ќе ја ослабата нејзината организација.

Според овој развој на настаните најлогично би било да Крим се припои кон Русија, источните делови да прогласат автономија со проруско раководство и руско воено присуство како гаранција и Украина да се федерализира. Голем дел од руското население од западните делови најверојатно ќе мигрира на исток, а украинското малцинство на запад. Тоа ќе биде таа "пат" позиција која ќе им одговара на големите сили (повеќе на Русија во случајов)

На крај од сево ова ќе бидат разочарани и обичните украинци и руси кои живеат на територијата на Украина, бидејќи ситуацијата е таму неподнослива, ниски плати од 100 евра, огромна корупција на секој можен чекор, од полицаец, инспекции, лекари (фонд за здравствено осигурување не постои) цени превисоки и огромна сива економија. Ова и беа причините за протестите, а не приблизувањето кон ЕУ или што ти ја знам.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.578
Поени од реакции
27.426
Па не е забрането. ВВС е исто државен сервис. Но, без разлика дали се државни, полу-државни или приватни, постојат два вида на медиуми, објективни или необјективни. Фактот што RT постои скоро веќе 10 години и во тој период не изразиле ниту едно мислење критично за Путин, говори дека RT e необјективен медиум.
Пак да се навратиме на оваа тема, Побарај во западниве медиуми колку се известува за масовните проруски протести во источниве градови на Украина.
 

fkpromaja

In the Heaven.
Член од
28 јули 2012
Мислења
449
Поени од реакции
256
Референдумот за иднината на Крим преместен за 30 март, поранешната дата беше 25 мај!
 

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Кого бомбардирала Русија?
Друго е да се праќа војска на Крим каде што се 90 посто Руси, колкку и да се мнозинство се.
А(не)кетирањето на Абхазија нема проблем затоа што беше за време на ЗОИ, а Абхазија има длабоки односи со Русија, поради ратот во 2008. Абхазија и сама го понуди Сухоми наместо Севастопољ за флотата.

Друго е да се бомбардира Ирак,Либија,Сирија само затоа што се слаби држави во економски и политички план а да немаат никаква врска со Америка! Плус, Русија има само една база вон поранешниот СССР а тоа е на Куба и тоа сега ја воспостави, а Америка има на секој 500 метри и демнее над населението, демократија изглеа?
За време на СССР имаа база и во Берлин сега едвај до Крим...исто срање се ако и се може ништо подобри не се Русите од Американците.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
Се е од интерес и политика, ни путин ноќе не липа на перница за украинци кои зборуваат руски, ни обама не изгубил апетит ради човечките права во Либија. Да беше Путин човечен, ќе дозволеше Курск да ја извадат холандските поморски специјалисти, али остави да умрат во најстрашни маки стотина морнари (кои исто зборуваа руски) ради безбедносно политички интереси. Ова шо го гледаме на ТВ е маркетинг, нема врска со вистинските причини.
 

fkpromaja

In the Heaven.
Член од
28 јули 2012
Мислења
449
Поени од реакции
256
Пошо нема на медиумиве или свегде различито даваа, има уште протести у Киев на плоштадот или не?
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
7.281
Поени од реакции
9.061
Бојан, и Србија (Косово) не беше членка на НАТО па ја бомбардираа. Нивна причина сега ќе биде као демек можело да влијае врз сигурноста на Унгарија Полска и Романија, хаха...За секое ЗОШТО тие наоѓаат ЗАТОА.


Постеров од времето на Сталин кој е против Тито знаел многу добро да ја предвиди иднината уште пред 50 години, најдолу се гледа Тито како седи сам на клупа со "Франко"
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.177
Поени од реакции
4.133
Една работа е сигурна. На крај најмногу (ќе) страда украинскиот народ. Се останато се матни политички игри.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom