Пријатели пробаа со сендвичара ви Бисер. Од ден бр.1 им се наличи еден цајкан од најблиската станица кој потоа доаѓаше со еден или дваца колеги на гага јадење. Едноставно доаѓаат , порачуваат, јадат и си одат без да платат. Така 2-3 месеца континуирано ако не секој ден , секој втори и на пријателов му пукна филмот и последниот пат им ја дал сметката. Зачудено го погледнале ама си платиле. Два дена потоа “некој“ им провалува, стаклата во дуќанот им ги искршија, на тостерот кабелот пресечен на фритезата мрежата пресечена. На увидот им дошол истиот цајкан и им рекол изгледа на погрешни луѓе сте им наплатиле хехее. Сторителите “непознати“ никад не ги најдоа а пријателиве кренаа раце и затворија.
Пред некое време гледам на исто место сега има млечен ресторан и кога внатре работи моја школска. Баш ја прашав дали имаат посетители гагаџии од станицата ми потврди нормално па тие не чуваат од рекетари и ми намигна.