Украина се однесува како грогиран боксер после неколку јаки удари, па уште еден обичен удар ќе ја нокаутира. Русите во ваква ситуација лежерно влегоа на Крим,што е од огромна стратешка важност- непречен пристап кон Азовско море. не верувам дека во брзо време ќе се прошири на север и исток на Крим.
Едноставно Путин игра мудро. Ја зазема најстратешката точка која ја сакаа ЕУ и НАТО - Крим.Сега само ќе чека мирно. Останатата работа ќе ја средат локалните жители. Харков веќе се изјасни, Доњецк и Запорожје се следните -козачки упоришта, Руси до смрт. Одеса многу веројатно ќе ги следи заедно со Дњепропетровск.
Со силно Руско присуство на Крим, сите овие региони на Исток и северно од Крим ќе се охрабрат и ќе се изјаснат за автономија и блиски врски со Русија.
на Украина нема ништо да и остане освен немо да гледа и да бара помош од Запад. Нема да има воен конфликт, Украина нема сила а Нато нема храброст да се вмеша. Едноставно , за неколку месеци Украина веќе ќе нема сувереност над цела држава и пристап до Црно море. Тој остаток од Украина веќе нема да биде интересен плен за мршојадците од Запад, Русија ќе им пресече дотур на гас , ќе си ги бара парите што Украина и ги должи.
Епилог, од курвинската политика за алчност на Запад, Украинскиот народ ќе остане во беда-отфрлен од Русија, неприфатен од ЕУ.
Добра лекција како глобалната политика на големите сили брише цели народи и држави како колатерална штета на нивните политичко-економски шаховски партии.