А
Антоние
Гостин
Нема потреба да ми кажуваш дека сум паметен, ако не сакаш да водиме дискусија не мора да водиме. Меѓутоа како некој што размислува про-еу за Украина, ми станува напорно да гледам одново и одново како резидентните русофоби играат на изговорот "смрт фашизму" а од такво нешто ни трага ни глас. Токму тоа и го напишав претходно:@Антоние, фала за статијата. Како што гледам таму не се отфрла нападот,само се изјаснуваат теории. Може навистина владата го направила нападот.Но може се радикалните структури на Свобода. Глупаво е да тврдиме со сигурност дека е едното а не другото, кога ете самиот читаш дека можни се две сценарија.
Тој се случил во западна Украина, што за мене го изема фактот дека проруски струи стојат зад истиот.
Најголемата подршка на Свобода е од тој регион.
И да,ти тврдеше дека не ни постоел никаков напад на синагоги во Украина. Поради тоа реагирав.
Второ, сликите не се стари туку се од Декември-Фебруари. Единствената стара слика е од лидерот на Свобода,каде што убаво е објаснето кој е Бандер и што направил тој над Евреите, а Бандер радикалните украиниците го сметаат за нивнен идол и херој.
Јас мислам дека доволно е било каков фашистички симбол на протест да се смета и за антисемитизам. А такви симболи имаше премногу на мајдан. Сигурно тие симболи не ги наметна владата.
Свобода е тесно поврзана со идеологијата на нацизамот и фашизамот.Паметен си, мислам нема зошто да се препираме колку и да сакаш да побиеш тој факт дека Свобода нема употребено антисемитистички елементи во протестите нема да успееш.
Тука завршуваме со дискусија.
Ја прочита статијата погоре, и самите евреи се сигурни во ова а да не спомнувам дека владата на Израел го насетува прорускиот заговор и сеуште продолжува да ги подржува протестите.на протестите каде што учествуваа членовите на сводоба немаше никаква индикација на антисемитиско расположение.