Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?


  • Вкупно гласачи
    748
Член од
16 мај 2011
Мислења
158
Поени од реакции
85
Така е кога душманот и гостинот ќе ти се шетаат пред дворот и сакаат да ти ја парчат татковината, она што ти го оставил дедото на дедо ти со крваво спечалени пари. Русиве ми личат на племе нецивилизирано (се извинувам за обожавателите на Путин).
Срам да ви биде на сите што едвај чекате крвопролевање. Малцинство ќе делело нечија татковина. Марш бре назад во тоа пештерите на исток стока нецивилизирана.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Можете овие проевропските да ги нарекувате фашисти, педери, соросоиди и не знам што, но тие не повикаа на насилно рушење на територијалниот интегритет и распарчување на својата земја.

Многу пати имам напишано на форумов, не ги сфаќам Македонците кои подржуваат сецесионистички движења (како во Шпанија, Британија, Украина), тоа е лицемерно и дволично кога имаш држава со идентични проблеми.
 

MiaSanMia

Chipolopolo
Член од
7 април 2012
Мислења
9.974
Поени од реакции
8.682
Каква демократија е ова,руси со руски знамиња ? o_O
Треба да мафта со украинско знаме,иначе не се важи.

Бараа Јанукович да падне,го тргнаа и си поставија нивен претседател.Што бараат сега во Крим ?
Или си ја проширија агендата мирните протестанти ?
 

GTFO

Pushing the button
Член од
3 април 2009
Мислења
5.654
Поени од реакции
4.579
Можете овие проевропските да ги нарекувате фашисти, педери, соросоиди и не знам што, но тие не повикаа на напад на територијалниот интегритет на својата земја.

Многу пати имам напишано на форумов, не ги сфаќам Македонците кои подржуваат сецесионистички движења (како во Шпанија, Британија, Украина), тоа е лицемерно и дволично кога имаш држава со идентични проблеми.
Истите европски настроени граѓани признаа нелегитимна влада составена од ултра десница која се залага за чиста Украина и која дојде на власт со државен удар..
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Не,тие признаа нелегитимна влада составена од ултра десница која се залага за чиста Украина и која дојде на власт со државен удар..
Но сепак не сака да си ја распарчи сопствената држава.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.362
Поени од реакции
26.391
Можете овие проевропските да ги нарекувате фашисти, педери, соросоиди и не знам што, но тие не повикаа на насилно рушење на територијалниот интегритет и распарчување на својата земја.
Тие го силуваат Уставот кој го гарантира територијалниот интегритет на Украина. Доколку не го предвиделе ова што се случува кога почнуваа со протестите, тогаш протестантите во Киев беа тешки идиоти. Западот овде нема да им помогне. САД е на добар пат да го добие тоа што го сака, не им смета независен Крим.
 

fkpromaja

In the Heaven.
Член од
28 јули 2012
Мислења
449
Поени од реакции
256
Mene samo mi e zhal shto na forumov gi ima malku pametni shto stvarno ja znaat istorijata i gi znaat i sluchuvanjata, a da ve prasham vie shto ja podrzhuvate taa Amerika, se sekjavate li vo 2001 (eve zboruvam za 2001 ne za sirija ili negde drugde bidejkji ova ni beshe najblisku) koj im pomogna na militantive tuka vo MKD so avtobusi od arachinovo?? Eve samo ovoj odgovor go trazham od vas shto ja smetate amerika za bog i batina :) Samo bez odgovori kako onie na prozapadnite mediumi :) Najpametno za RUS-UKR e sega da ostane vakva situacijava da ne eskalira barem do zavrshuvanje na POI vo Sochi, 16 mart, zatoa shto ne treba da gi zaboravime militantine od Kavkaz... Toa kje bide shansa za niv... I Rusite i Ukrajincite ni se kako brakja (pravoslavni), ama bez Amerika koja ja unishti Ukraina i Ukrajinskiot narod, samo za svoi interesi :) Ne znam oni shto rachunaat... Nego neshto Amerika kjuti samo se sili preku pres vo vajt haus hehehee...Zhalno.
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.720
Така е кога душманот и гостинот ќе ти се шетаат пред дворот и сакаат да ти ја парчат татковината, она што ти го оставил дедото на дедо ти со крваво спечалени пари. Русиве ми личат на племе нецивилизирано (се извинувам за обожавателите на Путин).
Срам да ви биде на сите што едвај чекате крвопролевање. Малцинство ќе делело нечија татковина. Марш бре назад во тоа пештерите на исток стока нецивилизирана.
Мене пак украинските националисти ми личат на нецивилизрано и неартикулисано племе.. Најдобар и најизразит пример за нивниот примитивизам ти е Сашко Белиј. Племе е тој што руши, тој што пали, што малтретира недолжни граѓани само заради различната етничка припадност. Настрана што на 15 % од тие што се декларираат како Украинци мајчин јазик им е рускиот.
И крвопролевањето тие го предизвикаа.. Веќе загинаа стотина души. Ај погледни ги видеата, да видиш дека во поголемиот период од протестите безбедносните служби беа тие што се напаѓани од страна на украинските националистички говеда. До последен момент Јанукович се воздржуваше од употреба на сила кон демонстрантите.
Изгледа многу поголем е бројот на пештерите во делот на западна Украина.

Ако некој сака да се подели Украина тоа е САД, НАТО и ЕУ. Штом толку цивкаат прозападните глувчиња значи дека сме биле во право сите ние кои тврдевме дека Русија нема така лесно преку државен удар да се откаже од Украина.

За крај едно прашање.. Зошто западните католички јуди не се запрепастени кога бомбардираат и нарушуваат територијален интегритет каде што сакаат во светот? Ете тоа е насилие и примитивизам.
 
Последно уредено:
Член од
24 април 2008
Мислења
11.122
Поени од реакции
12.706
Така е кога душманот и гостинот ќе ти се шетаат пред дворот и сакаат да ти ја парчат татковината, она што ти го оставил дедото на дедо ти со крваво спечалени пари. Русиве ми личат на племе нецивилизирано (се извинувам за обожавателите на Путин).
Срам да ви биде на сите што едвај чекате крвопролевање. Малцинство ќе делело нечија татковина. Марш бре назад во тоа пештерите на исток стока нецивилизирана.
Еее, да беше силен/силна и на дело, а не само на зборови, и да беа барем 10% од Македонците силни на дело, а не само на зборови, тогаш воопшто немаше да се случува тоа што ти го нарекуваш "малцинство ќе делело нечија татковина".

Доколку си добро запознаен(а) со историјата на Русија, Украина и Кримскиот полуостров, би знаел(а) дека Кримскиот полуостров од секогаш бил дел од територијата на Русија, а бил припоен кон територијата на Украина преку политичка одлука на Врховниот Совет на тогашниот Советски Сојуз, исклучиво по барање на Никита Хрушчов, а не бидејќи Кримскиот полуостров бил населен со Украинци, што не е, бидејќи од секогаш бил населен со Руси.

Ако ти смета кога малцинство дели нечија татковина, тогаш треба да бараш одговорност и правда првенствено од западните држави кои го започнаа таквиот тренд со Косово, а и самиот запад од поодамна е поделен меѓу малцинствата. Русија само си ја искористува поволната позиција во која се наоѓа, а западот почна да плаче како разгалено бебе на кое му паднала цуцлата.

А што мислиш за нелегалното и нелегитимното менување на претседателот и на владата на Украина ?

Тие дошле легално и легитимно на власт преку фер и демократски избори на кои ја освоиле довербата на над 12 милиони граѓани на Украина, а беа соборени од нешто над сто илјади луѓе во Киев, и тоа исклучиво во Киев, а не и во останатите градови во Украина, која брои речиси 45 милиони жители. Со други зборови кажано, имаш малцинство во Украина кое си го дава на себеси правото да го диктира општественото уредување во една слободна, самостојна, суверена и демократска држава, а западот на ова кажа АМИН.

Но Русија не кажа АМИН, туку се подготвува да го заштити руското население кое живее на Кримскиот полуостров и во останатите територии од источна Украина, кои се под закана на украинските националисти, па макар и тоа да подразбира воена интервенција.

Нешто слично направија и САД во 1983 година во Гренада, каде што исто така се случи државен удар предводен од страна на социјалистите кои присилно ја превзедоа власта во државата, а тогашниот претседател на САД, Роналд Реган, испрати војска и изврши инвазија на Гренада под оправдание дека американските студенти, обрни внимание, американски студенти, а не американско население кое живее во Гренада, се во животна опасност поради нелегалната и нелегитимната социјалистичка влада во Гренада, штотуку воспоставена на недемократски начин. Па сепак западот молчеше додека американската војска, морнарица и авијација ја окупираа Гренада.

Твоите аргументи можат да држат вода само во свет во кој преовладуваат логиката и здравиот ум и разум, а за жал, овој свет од поодамна не е таков.
 
Последно уредено:

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
7.269
Поени од реакции
13.795
Тешко е да се биде објективен.
Низ поновава историја Русите искусија како е да се биде етнички исчистен, Грузија 2008. Сите гледам сте слепи што им се случи во Грузија. Од 10% во 1990 сега има околу 1,5% Руси
Како сакате да реагира Русија и рускиот народ кога има на чело има фашистичка нелигитимна влада?
Малцинството го силува мнозинстовто :tapp:, па на Мајдан да не излезе цело мнозинство? Околу 200 до 300.000 демонстранти имаше од читај 45 милиони жители. Претежно од западните делови. Цело мнозинство сакаше да оди безглаво во ЕУ? Не. Најдобро решение ќе беше референдум, иако со добра гебелсова пропаганда и тие резултати може да бидат лажирани.
Незнам бе по која логика наседнувате на сето ова исценирано срање. Читај Еу и самите украинци молчеа се додека Јанукович не беше фатен во тесно да бира Еу или Русија, а кај беа пред тоа да се бунтуваат против тоа дека бил диктатор или против корумпираноста? Никаде. Слепи беа пред тоа или спиеа?
Секако Јанукович е корумпиран и позади него стоеа олигарси, исто како и позади Тимошенко што стоеа.
Жално е според мене да се заострат односите меѓу Украина и Русија на двата речиси братски народи, некој тоа го имал предвидено и сега ќе си гледа од страна. Дојдоа на власт, донесоа закон со кој се укинува употребата на руски јазик кој го зборат повеќе од 30 проценти од населението, тоа демократски потег е? Повеќе од јасен сигнал. Нека му ја мислат сега.
Не очекував ваква ескалација, но после вестите дека имало вооружен судир утрово на Крим ова е резултатот.
Се надевам дека само трупиве ќе бидат превентивна мерка, т.с ќе бидат знак до националистчките вжештени глави во Украина да бидат мирни и да не играат по нечиво сценарие.Исто се надевам дека и Русите ќе се смират во Украина.

Низ призмата борба против диктатор, направија сценарио за меѓуетнички конфликт.
Гебелсова пропаганда до перфекција,западна секако.
 
Последно уредено:
Член од
16 мај 2011
Мислења
158
Поени од реакции
85
Јас не ја поддржувам Америка во никој случај ама тоа што Америка е злобна не ја прави Русија добра. Јас сум за украинскиот народ и навивам да влезат во Европа и да си им остане државата во овие граници, да престане малцинството да ги порусува и владува. Најмногу од се сум против крвопролевања, а најжално од се е тоа што ќе падне крв на оној што си ја брани куќата. Се извинувам што е моето мислење различно од вашето и не знаев дека е забрането да не го обожуваш Путин. Епа не свршуваме сите на Путин и неговата крвава политика, жал ми е. Вреѓајте ме колку сакате морав да си го кажам мислењето и револтот од ситуацијава.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Македонците го обожаваат Путин од едноставна причина, македонецот сака авторитарни владетели кои ќе му кажуваат што да прави без да мора самиот да има иницијатива за било што. Затоа до сакаат Путин, затоа во Македонија владеат овие кои што се сега, затоа во 90-тите имаше парламент без опозиција, Македонецот го сака Тито да се врати и неговиот модел на власт, или барем некој сличен на него, затоа и ги обожува таквите имитатори кои го владеат денес.
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.720
Јас не ја поддржувам Америка во никој случај ама тоа што Америка е злобна не ја прави Русија добра. Јас сум за украинскиот народ и навивам да влезат во Европа и да си им остане државата во овие граници, да престане малцинството да ги порусува и владува. Најмногу од се сум против крвопролевања, а најжално од се е тоа што ќе падне крв на оној што си ја брани куќата. Се извинувам што е моето мислење различно од вашето и не знаев дека е забрането да не го обожуваш Путин. Епа не свршуваме сите на Путин и неговата крвава политика, жал ми е. Вреѓајте ме колку сакате морав да си го кажам мислењето и револтот од ситуацијава.
Сигурно кога си била мала исто така си сакала кога ќе пораснеш да бидеш ем убава, ем богата, ем паметна.. Ама гледаш дека не секогаш излегува како што сакаш.
Украина нема иднина како членка на ЕУ во ваква констелација на меѓународните односи. Русија е глобална сила и нема да се откаже никогаш од своето историско, културно и јазично влијание во Украина. Ниту од Русите во Украина, кои таму се на своја земја. Крв веќе падна, девојко (ти вчера да не слушна за ситуацијата во Украина??)
Не е забрането да не го обожуваш Путин, ама пак, и не мора сите да глумиме Pussy Riot, нели..
Македонците го обожаваат Путин од едноставна причина, македонецот сака авторитарни владетели кои ќе му кажуваат што да прави без да мора самиот да има иницијатива за било што. Затоа до сакаат Путин, затоа во Македонија владеат овие кои што се сега, затоа во 90-тите имаше парламент без опозиција, Македонецот го сака Тито да се врати и неговиот модел на власт, или барем некој сличен на него, затоа и ги обожува таквите имитатори кои го владеат денес.
Тебе ич да не те боли за Македонците... Темава не е за нас. Ги молам администраторите да го избришат твоето мислење заради оф-топик.
 
Последно уредено:

fkpromaja

In the Heaven.
Член од
28 јули 2012
Мислења
449
Поени од реакции
256
Lia, ja ne znam shto se ti meshash a nishto ne znaesh :) Lupash za nekakvi si malcinstva, alooooo, ushte od Kievska Rusija vo Krim zhiveat samo RUSI! Amerika saka sve da podeli, a ne Rusija, Rusija samo go brani nejziniot narod! Gledam deka ne si zapoznaena, tuku si napalena na obama i zapadnjacive a ustvari nishto ne znaesh :)) Ista situacija Republika Srpska, Bosancive se glupiraja tamo tie kje im diktiraat na Srbive sho se neznam kolku godini vo Bosna, pa ete go dobija, ete ti ja sea RS. Isto i ovde, koj e Kiev i Amerika da diktiraat na Rusite na svoj teren (KRIM, znachi nivni teren e KRIM i istokot na UKR, a ne cela UKR kako shto ti toa go sfakjash)? Zhalno e shto ste napaleni na taa Amerika a 90 posto od vas podrzhuvachite kako tebe ne znaete koj ne pukashe vo 2001 ovde, UCK i Rusija ili UCK i Amerika??? Ukraincive se SLICHNI na Crnogorcive, jazikot im e slichen so Rusite (kako crnogorci i srbi) a sepak se vikaat Ukrainci a ista vera ista drzhava sve do 91'...Ne mi smeta da ne go podrzhuesh Putin, ama vishe ako go ne go podrzhavash ne znachi da lupash gluposti za neshto shto pojma si nemash, bez da gi sogledash 2 strani...
 

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
7.269
Поени од реакции
13.795
Нема што да се извинуваш.
Не се работи за Путин или Обама, туку се работи за народи и земји.
И јас сум за Украина да е цела без никакво делење, но не по секоја цена да влезе во Еу, наведов и претходно.
Ако сите украинци сакаа да влезе во ЕУ ќе имаше над 10 милиони на улиците а не 200.000.
Ајде сега пиши уште еден пост како тоа не го сакаш Путин:icon_lol:
Да те прашам знаеш колку време ја тегнат Украина за нос во ЕУ? 13 години.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom