Репрезентативни засилувања во пионерско-младинската школа на Вардар
По стручно-кадровското екипирање во тренерските редови, пионерско-младинската школа на Вардар пред стартот на пролетниот дел од сезоната сериозно се засилува и во играчкиот кадар.
Не оставајќи ништо на случајноста стручниот тим на црвено-црните соодветните генерации ги засили со девет нови имиња, дел од нив членови на младите репрезентации на Македонија кои сериозно треба ја засилат конкуренцијата во желбата за стигнување до посакуваните успешни резултати.
„По реализираниот скаутинг изминатава есен и усогласувањето на потребите за засилувања во пооделни генерации, следи ангажманот на репрезентативни имиња во редовите на Вардар. Ова е само прв чекор, а следењето на секој индивидуален потенцијал во Македонија интензивно ќе продолжи и во пролетната сезона, по што секако главниот акцент за засилување на нашите редови ќе биде ставен во летниот преоден рок. Вардар е тим во кој секако треба да игра најдоброто од Македонија. Тоа е наша определба и цел, носени од интенцијата црвено-црната школа повторно да биде една од најпрепознатливите на балканските простори“ – вели директорот на пионерско-младинската школа на ФК Вардар, Горан Митев.
НОВИТЕ ЗАСИЛУВАЊА ВО ПИОНЕРСКО-МЛАДИНСКАТА ШКОЛА НА ФК ВАРДАР
1. Стефан Ѓорѓиевски (1996 година) Цементарница 55
2. Мирко Симјановски (1996) Миравци
3. Васе Распашковски (1995) Тетекс
4. Милан Алексиќ (1997) Цементарница 55
5. Доминик Ќириќ (1996) Маџари С.
6. Екрем Мемеди (1996) Милано
7. Никола Алексовски (1996) Еуромилк ГЛ
8. Филип Трајчевски (1998) Таленти – Битола
9. Стефан Тасевски (1997) Цементарница 55