Живот и работа во Русија

M

Mario Gómez

Гостин
Здраво кајганџии, ме интересираат искуства за живот и работа у Русија, поголемите градови секако. Било какви искуства и информации се добредојдени. Образование, мастерс, работа, дали англискиот јазик се бара, каква е конкуренцијата на пазарот на трудот за економистите, бизнис климата и други аспекти од животот како забава, како се преживува зимското депресивно време.

Сигурно има некој кајганџија кој живее таму. :)
 
jyvation

Пургер
Член од
4 ноември 2009
Мислења
2.152
Поени од реакции
2.754
За економисти неможам да ти кажам ама се врати едно другарче сега од Москава и работеше како градежник т.е општ работник.Се гради на големо па градежниците се најбарани ми рече.Дневница 50 евра само што ноќниот живот е скап 1-2 дали излегол онака во 3 месеци.Сега е тука се спрема пак да оди само да поминат тие неколку месеци зошто такви се правилата.
Треба да знаеш Руски нешто основно барем, дека Англиски никој не знае не се ни замараат.
 
Абе не е муабетот за тоа, ама ајде. Појше е за целосна миграција со кариера која може да ја надоградуваш. Но сепак фала. :) Ако е за таква работа, 50 евра да висиш по скелиња не е многу пари, келнер у добар ресторан зема појше од тоа само бакшиш дневно.
 
jyvation

Пургер
Член од
4 ноември 2009
Мислења
2.152
Поени од реакции
2.754
Абе не е муабетот за тоа, ама ајде. Појше е за целосна миграција со кариера која може да ја надоградуваш. Но сепак фала. :) Ако е за таква работа, 50 евра да висиш по скелиња не е многу пари, келнер у добар ресторан зема појше од тоа само бакшиш дневно.
Ти зборам за општ работник да подадеш алат,да однесеш некоја кофа итн па и не ти треба многу јазик.А не е мала оваа дневница.
За економист,правник итн.. па еве и за келнер кога спомна прво и основно ти треба јазик да знаеш па после се друго.
Ти ќе отидеш во супермаркет ќе неможеш леб да си купиш.
Англиски таму јок ;)
 
MajMyH

EngineereD Fr0m DarknesS proTected by Divini✞Y ☤
Член од
11 септември 2011
Мислења
2.630
Поени од реакции
2.256
Здраво кајганџии, ме интересираат искуства за живот и работа у Русија, поголемите градови секако. Било какви искуства и информации се добредојдени. Образование, мастерс, работа, дали англискиот јазик се бара, каква е конкуренцијата на пазарот на трудот за економистите, бизнис климата и други аспекти од животот како забава, како се преживува зимското депресивно време.

Сигурно има некој кајганџија кој живее таму. :)
Колку што сум јас информиран Русија не ти е земја во која платите се за пофалба споредено со стандардот @@cool@ (незнам дали ќе го тагне специфичен му е никот), гледам е повеќе и по рускиот и информиран за натаму па ако знае нешто за ова нека ти објасни, но од тоа што јас сум читал таму пари не печалиш :)
Барај си чаре поарно во Германија, Швајцарија, Канада, Австралија или ако најдеш начин да отидеш во Скандинавскиоте во било која.
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.560
Поени од реакции
1.019
Здраво кајганџии, ме интересираат искуства за живот и работа у Русија, поголемите градови секако. Било какви искуства и информации се добредојдени. Образование, мастерс, работа, дали англискиот јазик се бара, каква е конкуренцијата на пазарот на трудот за економистите, бизнис климата и други аспекти од животот како забава, како се преживува зимското депресивно време.

Сигурно има некој кајганџија кој живее таму. :)
Економист? Тешко дечко , платите на главните (бухгалтери) сметководители де, колку за споредба , се движат од 500 до 1000 евра . По мое тоа е врв на кој може да се надева иностранец . Со тие пари нема баш да се наживееш среќно ! Башка што таму системот и не е налик на нашиот , така да ти треба охохо привикнување . Таму на добра заработувачка можат да се надеваат инженерите кои се ангажирани од странска фирма , например во градежништво странците почнуваат од 2000 евра па нагоре додека за иста работа домашните едвај до 1000-1200 достигаат.
Ти си знаеш ама јас би ја избришал Русија како опција со твојата професија !
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498

Можеби не оди со цел да се обогати а? Не верувам дека е сезонски работник на граџевина, не знам зошто сите прво помислуваат на мешање малтер во странство. Анализава повеќе им одговара на западните земји.

Руската економија расте и сеуште има огромни неискористени потенцијали, западно европските бизниси се фокусирани на Русија како главен надворешен пазар, бидејќи сеуште не е презаситен со конкуренција. Може да се каже дека рускиот пазар допрва се развива.

Со пенетрацијата на странски капитал и растот меѓународните бизниси на руски фирми побарувачката за кадри од сите профили сигурно ќе расте.

Има многу локални сајтови за работни понуди, треба да се проучат.

Еве еден странски кој јас го користам, резултати за Русија:
http://www.glassdoor.com/Job/jobs.htm?suggestCount=0&suggestChosen=false&clickSource=searchBtn&typedKeyword=&sc.keyword=&locT=N&locId=205
 
The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
5.861
Поени од реакции
10.906
Гледам бајги дезинформации околу платите. Прво и основно без руски не ни помислувај да работиш.
Инаку еве ти директен оглас
http://hh.ru/vacancy/6404167 обичен продавач е плата 1000 евра.
За сметководители платите во просек се движат над 1400 евра.
http://hh.ru/vacancy/10059365?query=
Работа во ресторан пример ти е од 900 евра па нагоре.
Nemajnic не информирај погрешено.
Ако остануваш подолго време, ќе имаш шанса и за руско државјанство.[DOUBLEPOST=1393380811][/DOUBLEPOST]Секако да се надополнам, ако живееш во Москва цените за рентање на стан се високи. Стандардот е сличен како тука. Млеко е 50 денари(везе им нема, порано беше вкусно ама сега не) Лебот е 25 денари. 10 јајца се 80 денари. Пилешки стек е 260/280 денари. Но знаат цените за странците да ги сменат доколку не знаеш руски. Ноќниот живот, зависи што како. Има места со просечни цени. Пиво будвајзер беше 160 денари кога бев јас. Но има и вип клубови каде стандарт е да пиеш Доњ Перињон па очекувај и цена висока.
Алтернтавива пример Петерсбург. Платите се пониски од Москва за 20% но сепак од кај нас се одлични. Можеш да најдеш ефтини места за престој и потрушувачката кошничка е поефтина од Москва.
Секако не е Русија, Америка(2500$плата) или Германија(2000 евра плата). Но со темопото на раст кое го имаат за 5 години Русија ќе изгледа како добра алтернатива.
 
Последно уредено:
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.560
Поени од реакции
1.019
Ако од сајт чекаш информации , да најдеш работа и да земеш плата ке се изначекаш!
Јас ви кажувам од искуство , да оставиме дека 4 години одкога не сум таму се сменило нешто. Да , ама од моите информации само на полошо .
Точно дека во Москва платите се поголеми ама кажете реално колкави се и цените на становите за изнајмување , колку време ке одиш од дома до работа и назад а не само погледни на овој сајт погледни на оној сајт.Следам неколку професионални сајтови за градежништво , геодезија и недвижности , па таму има предлози и по 2-3 пати повисоки од реалното од типот реалтор плата 50000-100000 рубљи ( демек 1100 -2200 евра) и со ситни букви 10% загарантиран износ останатото на реализација , ха ха!
Се слагам дека можностите се далеку подобри одколку овде ама претерување е да се прогласува Русија за стабилен и перспективен пазар на трудот ! Впрочем бројот на руските гастарбајтери низ светот го потврдуваат тоа.
 
Ако одиш со Македонски пасош, нормално дека ќе имаш пониска плата од Руското население.Условите за вработување во руски фирми се поседувањето на Руски, Украински или Белоруски пасош.
И прочитај го мојот пост па после пишувај одговор.
Сум бил и знам како е и во Москва и во Петерсбург. Не ти објаснив од виртуелни информации како е таму туку од искуство.
Еве имам пријател кој работи на изградба на 40катница во Москва. Сатница му е 7 евра, платен смештај и еден оброк. 26 дена,10 работни часа. 1800 евра плата. Месечно за исхрана троши околу 300 евра. Но тој има работна виза.
Има пример и ефтина работна сила која е платена помалку и која е нелегално.
Ти ако сакаш сега на тацна да ти сервираат и работна дозвола и плата од 2000 евра, па тоа ни во Германија го нема. Секој со својата снаодливост и среќа.
 
Последно уредено:

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Здраво кајганџии, ме интересираат искуства за живот и работа у Русија, поголемите градови секако. Било какви искуства и информации се добредојдени. Образование, мастерс, работа, дали англискиот јазик се бара, каква е конкуренцијата на пазарот на трудот за економистите, бизнис климата и други аспекти од животот како забава, како се преживува зимското депресивно време.

Сигурно има некој кајганџија кој живее таму. :)
Можеби ова исто е од интерес на темава:
Последно достигнување може да се смета решението на Министерството за образование и наука на Русија за зголемување на квотите за обучување на македонските граѓани на руските универзитети за сметка на федералниот буџет за 2014 година на 30 места.
Не толку одамна, во 2012 година, меѓу владите на нашите земји беше потпишана долгоочекуваната спогодба за заемно признавање на документите за образование и за научни степени, која што е од големо значење за младите луѓе од Македонија, кои се имаат стекнато со образование во Македонија и обратно. Овој документ, исто така, служи како дополнителен стимул за оние што се мислат каде да го продолжат своето образование.

http://ruskarec.mk/politics/2014/02/25/mnoguvekovnata_istorija_e_osnova_za_ponatamosen_razvoj_31179.html
 
Член од
13 декември 2014
Мислења
36
Поени од реакции
77
Гледам бајги дезинформации околу платите. Прво и основно без руски не ни помислувај да работиш.
Инаку еве ти директен оглас
http://hh.ru/vacancy/6404167 обичен продавач е плата 1000 евра.
За сметководители платите во просек се движат над 1400 евра.
http://hh.ru/vacancy/10059365?query=
Работа во ресторан пример ти е од 900 евра па нагоре.
Nemajnic не информирај погрешено.
Ако остануваш подолго време, ќе имаш шанса и за руско државјанство.[DOUBLEPOST=1393380811][/DOUBLEPOST]Секако да се надополнам, ако живееш во Москва цените за рентање на стан се високи. Стандардот е сличен како тука. Млеко е 50 денари(везе им нема, порано беше вкусно ама сега не) Лебот е 25 денари. 10 јајца се 80 денари. Пилешки стек е 260/280 денари. Но знаат цените за странците да ги сменат доколку не знаеш руски. Ноќниот живот, зависи што како. Има места со просечни цени. Пиво будвајзер беше 160 денари кога бев јас. Но има и вип клубови каде стандарт е да пиеш Доњ Перињон па очекувај и цена висока.
Алтернтавива пример Петерсбург. Платите се пониски од Москва за 20% но сепак од кај нас се одлични. Можеш да најдеш ефтини места за престој и потрушувачката кошничка е поефтина од Москва.
Секако не е Русија, Америка(2500$плата) или Германија(2000 евра плата). Но со темопото на раст кое го имаат за 5 години Русија ќе изгледа како добра алтернатива.
Малку е постара темава, но да се уфрлам со едно прашање ако може... во план сум да одам за Москва.. таму да работам и живеам.. е сега главното прашање ми е како да останам подолго од 2-3 месеци колку ми дозволува законот.. која е процедурата? (истово прашање се однесува до сита Македонци/Руси што живеат во Москва)
Ви благодарам на сите одговори многу ќе ми значат!
 
The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
5.861
Поени од реакции
10.906
Малку е постара темава, но да се уфрлам со едно прашање ако може... во план сум да одам за Москва.. таму да работам и живеам.. е сега главното прашање ми е како да останам подолго од 2-3 месеци колку ми дозволува законот.. која е процедурата? (истово прашање се однесува до сита Македонци/Руси што живеат во Москва)
Ви благодарам на сите одговори многу ќе ми значат!
Бидејќи си странец ќе ти треба виза.
Работна виза се добива само ако преку фирма која има дејност таму. Многу брзо издаваат такви визи дипломатските претставништва.

Но најважно е од се познавањето на рускиот јазик. Без него не ни помислувај да одиш.
Дури и да немаш виза, си отишол со туристичка виза а имаш познавање на руски и имаш намера да останеш таму, нема да имаш проблем. Голем број на балканци се така на црно во Русија.
 
Член од
13 декември 2014
Мислења
36
Поени од реакции
77
Бидејќи си странец ќе ти треба виза.
Работна виза се добива само ако преку фирма која има дејност таму. Многу брзо издаваат такви визи дипломатските претставништва.

Но најважно е од се познавањето на рускиот јазик. Без него не ни помислувај да одиш.
Дури и да немаш виза, си отишол со туристичка виза а имаш познавање на руски и имаш намера да останеш таму, нема да имаш проблем. Голем број на балканци се така на црно во Русија.
Моментално учам руски веќе неколку месеци... не сум во план таму да го учам јазикот и да губам време за учење јазик :)
Кога викаш дека остануваат балканци на црно.. во план сум да е се легално, но доколку неуспеам после 3 месец да се снајдам за работна виза.. дали одма ќе дојдат и ќе ме соберат и вратат назад?
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.560
Поени од реакции
1.019
Јок , онака ако си физички на изглед неазијат или некавказец:D , можеш да протуркаш долго време , дури и години додека некој не те праша нешто .
Не е финтата во тоа , ке имаш проблем со средувањето на документите после , ако те приметат дека си го прекорачил времето на престој.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom