Шпанија

Член од
15 септември 2012
Мислења
112
Поени од реакции
123
Цела Шпанија вреди, а Андалузија според мене е „бисерот“ на прекраснава држава! :)
 
Член од
12 ноември 2012
Мислења
132
Поени од реакции
47
Барселона е за шетање има премногу убави работи да се виде
 
Член од
18 ноември 2008
Мислења
621
Поени од реакции
612
Друг некој да препорача некое место за одмор во Шпанија. Ако е здравје планирам, да одам летово. Сакам да прошетам по некои градови, убава архитектура, историја, и на убави плажи се разбира...Нешто да гравитира околу Барселона.
 
Андалузија е најпрепорачлива; потоа Билбао и Валенсија.
А нешто интересно околу Барселона е Тарагона. :)
 
Член од
12 ноември 2012
Мислења
132
Поени од реакции
47
Друг некој да препорача некое место за одмор во Шпанија. Ако е здравје планирам, да одам летово. Сакам да прошетам по некои градови, убава архитектура, историја, и на убави плажи се разбира...Нешто да гравитира околу Барселона.
Љорент де Мар половина час е одалечена од Барселона,преубаво место
 
gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Друг некој да препорача некое место за одмор во Шпанија. Ако е здравје планирам, да одам летово. Сакам да прошетам по некои градови, убава архитектура, историја, и на убави плажи се разбира...Нешто да гравитира околу Барселона.
Оди директно во Барселона, има повеќе хотели на плажа и градот е еден од најубавите градови на светот.Мене најмногу ми се допадна што на 15мин од плажа имаш модерен и урбан град, со квалитетни ресторани и места за шетање. (y)
 
Член од
8 јуни 2011
Мислења
174
Поени од реакции
139
Доколку одите во Барселона внимавајте на арамии.. престојував во Барселона една недела и во таја недела бев сведок на еден куп приведувања.. исто така многу убав град и вреди да се посети.
 
Член од
18 ноември 2008
Мислења
621
Поени од реакции
612
Оди директно во Барселона, има повеќе хотели на плажа и градот е еден од најубавите градови на светот.Мене најмногу ми се допадна што на 15мин од плажа имаш модерен и урбан град, со квалитетни ресторани и места за шетање. (y)
Тоа е тоа, тоа го сакам и јас.....благодарам на сите што уште толку ја разгоривте желбата во мене за таму...
 
gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Тоа е тоа, тоа го сакам и јас.....благодарам на сите што уште толку ја разгоривте желбата во мене за таму...
Верувај ми има да се заљубиш во градот.Стави си трип адвајзор на телефонот, мапи и откривај го градот полека.Како што спомна некој погоре, внимавај има многу крадци.
 
chipicaoo

unknown
Член од
11 септември 2011
Мислења
763
Поени од реакции
873
2010 бев во Шпанија одма ви кажувам пивото за нигде им е остало супер бев на Јужниот дел скоро цел го имам прошетано Марбеља Естепона Малага Фуенгирола Гибралтар Пуерто Банус Торемолинос.Одлично си поминав 3 месеци дружба плажа море не знам колку пинаколади испиени и сангрија.Луѓето одлични беа џабе зборуваат дека не се гостпопримливи и не сакаат дружба напротив позитивни одма се спријателуваш со нив барем така беа спрема мене.Е сега градовите ако идете на журка обавезно Пуерто Банус и Марбеља за журки и трошење пари измислени поготово ако иде во Пуето Банус само класата е таму јахти скапи авта истото и во Марбеља Ники Бич кога fashiont tv прави забави таму јасно се ке ви стане.На овие места кај што бев скоро и да не видиш шпаљолки све Норвежанки Швеѓанки Англичанки Германки зборам за на плажи овие обични каде што не се плаќа лежалка.Шпањолките лудило како да не се од земјава убавина и да ви кажам не се толку недостижни.Спортот им е во крв било одбојка на плажа или футбал обавезно се игра на плажа и ке ги препознаеш слични се како циганите ке се повлечат цела фамилија од најмал до најголем.Хигиената на врвно ниво ги чистат плажите секој ден ама и народот си е научен на култура.Да се изгубиш чисто сумњам си има огласни табли и патоказни и не е проблем.Единствено проблем е сабота и недела кога се слободни плажите крцаат и ако немаш фатено место од сабајле тешко.Паркинг исто до плажите тешко крцаат од автомобили.Си имаа оние избеглици што продаваат се и сешто и ке те замараат нешто да им земеш ама затоа полицијата нон стоп ги мава.Гибралтар местото скоро да не е на Шпанија само Енглези си имаат весник радио си живеаат на улица повеќе се присутни они отколку Шпанци.Интересно е да ја видиш Африка мислам бреговите само одалечена 15 кm.
 
коцка

Curiouser and curiouser!
Член од
12 јули 2005
Мислења
7.177
Поени од реакции
13.796
дали некој бил на борбата со патлиџани во шпанија? планирам летово да одам @musketarr може и една тепачка да прајме :P
 
Kajgana Shop

На врв Bottom