Hellz Guardian
We do what we want
- Член од
- 2 февруари 2008
- Мислења
- 7.187
- Поени од реакции
- 1.805
- Канада - стабилна економија, блискост со најголемиот пазар и супер отворен систем, како и добра правна подлога од британско право.
За другиве нема да коментирам, за Канада можам да ти кажам неколку работи. Прво, канада лека полека ги затвара вратите за имигранти се повеќе и повеќе, секој ден нови рестрикции се јавуваат и се зголемуваат условите. За економијата точно, од што сум тука година и пол дефинитивно имаат доста стабилна економија, само што најавија дека од Јуни 2014 минималецот ќе биде качен на 11$ на час, што јас како студент со работење 20 саати неделно би можел да праам ~860$ месечно само од тоа. Моментално имам слободен семестар и работам фул 40 саата неделно во сендвичара плус 13-18 саата во продавница за наочари. Неделно. Од наочарите секогаш зимам и 5% од тоа што сум го продал за неделата што е просечно по 120-140$ плус.
Ама за да најдам работа се искилавив, од септември 2013 барав и до крај на октомври не најдов ништо, ова подразбира секој ден аплицирање онлајн на 10-15 работи, носење резимиња по продавници, буквално се што можеше да се напраи напраив. За разлика од тоа другарче од група кореец се бутна у бутик уште одма и после 2 месеци исто и у банка влезе, а ист период почнавме да бараме работа.
Второ, за секој млад што ќе дојде тука да бара работа, има да си го испоти гзот. Разликата е тоа што тука буквално од првиот момент кога има можност легално да работи (16 години), почнува да работи. Имав со мене 2ца по 16 години што ја работеа истата работа како и јас, во Fossil. Разликата е таа што кај нас на 16 години не се ни размислува за работа а не па да се работи, затоа јас на 20 години идам со 0 искуство работно нигде а некој друг на 20 години веќе работел 1 година customer service, 1 година retail/sales, 1 година cashier, 1 година merchandising. Тој веќе е способен да влезе во 4 полиња, или да работи повеќе работи од еднаш.
Уште неколку работи што вреди да се напомнат: Индивидуализам на највисоко ниво ( никој не му е гајле за никој, сите си глеаат само за себе, без разлика каков човек си), зима од 6 месеци (октомври - март/април, лани на 17 април одев со зимска јакна до факултет а сега еве веќе 2 месеци се нема качено над 0 C, варира од -40 до -10/-15, луѓево на -5/6 се соблакаат по маици и шорцеви, озбилен сум), стрикни и строги правила со високи казни, многу тешко се останува како permanent resident, се е далеку, ако немаш кола буквално како без нозе си (најблискиот маркет ти е на 2км, тргни и врати се пешки на -20 да те видам), ноќниот живот им е на ниво подоле од 0, поготово кај младите ( за нормално искаќање у бар да се напиеш пиво и да грицнеш нешто се договараш 2 недели унапред, сите работат по 20-30 неделно (студентите) и плус обврски со факултет. Чудно е за мене ова, незнам можда не сум во право пошто од средно директива дојдов тука, ама кај нас секогаш социјализирањето, дружбата, кафето било ставано пред вакви некои обврски. Никој нема време за никој.)
У глобала тоа е тоа, сето ова се работи коишто некој ги поминува полесно некој потешко, за работа и за школо нема зборови, нудат можности и може да се напраат големи пари, ама се тоа си има своја цена. Зависи кој е спремен што да ризикува, со други очи гледаат на тие што им е дојдено до коска и на тие што до вчера се курчеле со на мама и тато парите.