Ауфвидерзен Македонијо!

  • Креатор на темата Креатор на темата Bojco
  • Време на започнување Време на започнување
- Канада - стабилна економија, блискост со најголемиот пазар и супер отворен систем, како и добра правна подлога од британско право.

За другиве нема да коментирам, за Канада можам да ти кажам неколку работи. Прво, канада лека полека ги затвара вратите за имигранти се повеќе и повеќе, секој ден нови рестрикции се јавуваат и се зголемуваат условите. За економијата точно, од што сум тука година и пол дефинитивно имаат доста стабилна економија, само што најавија дека од Јуни 2014 минималецот ќе биде качен на 11$ на час, што јас како студент со работење 20 саати неделно би можел да праам ~860$ месечно само од тоа. Моментално имам слободен семестар и работам фул 40 саата неделно во сендвичара плус 13-18 саата во продавница за наочари. Неделно. Од наочарите секогаш зимам и 5% од тоа што сум го продал за неделата што е просечно по 120-140$ плус.

Ама за да најдам работа се искилавив, од септември 2013 барав и до крај на октомври не најдов ништо, ова подразбира секој ден аплицирање онлајн на 10-15 работи, носење резимиња по продавници, буквално се што можеше да се напраи напраив. За разлика од тоа другарче од група кореец се бутна у бутик уште одма и после 2 месеци исто и у банка влезе, а ист период почнавме да бараме работа.

Второ, за секој млад што ќе дојде тука да бара работа, има да си го испоти гзот. Разликата е тоа што тука буквално од првиот момент кога има можност легално да работи (16 години), почнува да работи. Имав со мене 2ца по 16 години што ја работеа истата работа како и јас, во Fossil. Разликата е таа што кај нас на 16 години не се ни размислува за работа а не па да се работи, затоа јас на 20 години идам со 0 искуство работно нигде а некој друг на 20 години веќе работел 1 година customer service, 1 година retail/sales, 1 година cashier, 1 година merchandising. Тој веќе е способен да влезе во 4 полиња, или да работи повеќе работи од еднаш.

Уште неколку работи што вреди да се напомнат: Индивидуализам на највисоко ниво ( никој не му е гајле за никој, сите си глеаат само за себе, без разлика каков човек си), зима од 6 месеци (октомври - март/април, лани на 17 април одев со зимска јакна до факултет а сега еве веќе 2 месеци се нема качено над 0 C, варира од -40 до -10/-15, луѓево на -5/6 се соблакаат по маици и шорцеви, озбилен сум), стрикни и строги правила со високи казни, многу тешко се останува како permanent resident, се е далеку, ако немаш кола буквално како без нозе си (најблискиот маркет ти е на 2км, тргни и врати се пешки на -20 да те видам), ноќниот живот им е на ниво подоле од 0, поготово кај младите ( за нормално искаќање у бар да се напиеш пиво и да грицнеш нешто се договараш 2 недели унапред, сите работат по 20-30 неделно (студентите) и плус обврски со факултет. Чудно е за мене ова, незнам можда не сум во право пошто од средно директива дојдов тука, ама кај нас секогаш социјализирањето, дружбата, кафето било ставано пред вакви некои обврски. Никој нема време за никој.)

У глобала тоа е тоа, сето ова се работи коишто некој ги поминува полесно некој потешко, за работа и за школо нема зборови, нудат можности и може да се напраат големи пари, ама се тоа си има своја цена. Зависи кој е спремен што да ризикува, со други очи гледаат на тие што им е дојдено до коска и на тие што до вчера се курчеле со на мама и тато парите.
 
Најубаво е да е дома добро. Никој тоа не го спори. Проблемот е за да биде дома добро потребно е од горе од владата да посегнат по промени. Ние сме млада демократија каде сеуште поважно е мегупартиско препукување него ли интересите на државата. Така за жал ќе биде уште 30тина години, уште една генерација. Ова ти е нормална работа за жал. После тоа и двата табора ќе се свестат и ќе пробаат да направат нешто повеќе. Мене до тогаш ќе ми помине животот. Ако сакаш да видиш што ќе се случува во Македонија проанализирај ги Филипините. Ние сме карбон копија само помала верзија. Се дури и проблемите со брачата ни се исти. Од степен на корупција, до политички систем, буквално се. Мене тој филм ми е виден така да дур не видам некој од горе да потегне не мислам дека ние како индивидуалци можеме нешто повеќе да направиме. Би идел и чекор понапред и би рекол најдобро што може е да емигрираме, направиме пари, се цивилизираме и потоа да се вратиме назад ако е тоа возможно. Мило ми е кога читам како луге пробуваат да сменат нешто на локално ниво или во нивниот круг, и секоја чест за тоа ама релано некој поголем прогрес и напредок тешко со овој памет на тие што не водат. Се дури народот мисли дека треба да избира од две зла, дур не гласа знаејќи дека гласа за некој што ќе ја подобри ситуацијата нема да има напредок. Со гладен стомак неможеш да градиш ни држава ни да пропагираш патриотизам.

За тоа дека некој ќе те смета за туѓ искрено и во МКД тоа ни се случува, дури и бетер. Таму брачата не сметаат за туѓи, од другата партија не сметаат за туѓи, од друг град... Све е поделено и човек крај неможе да му фати. На запад постои одредена доза на расизам и дискриминација ама и таа иде во бранови. Порано не ги сакале италјанците и грците, потоа балканците, па азијатите, па африканците денес на мета се индијците (и полјаците во англија)... На крајот на крајовите колку и да не те сакаат ако им докажеш дека вредиш тогаш ако ништо друго ќе те поштуваат. Колку и да звучи смешно јас не ги кривам затоа што не не сакаат. Сме им дале милјон причини во минатото па и ден денес. Еве ние македонците сме континуирано во топ листата како ризична нација за туристичка виза (Австралија) затоа што некој 30% од оние што ќе ја добијат ја прекршуваат. Додај на тоа дека има цел куп наши што ја цедат државата со инвалидски или какви ти се не пензии...

Австралискиот долар историски секогаш бил окулу 80 уса центи. Моментално е 90. Оптимално за австралиската економија добро да функционира треба да е накај 84 центи (ова е за нашите продукти да бидат конкурентни во Азија). Она што Австралија направи овие 20 години е го смени системот на производство и начинот на кој фунционира бизнисот овде. Дојде до поместување на капиталните структури (debt and equity ratio) со тоа што сега фирмите се адаптираа и одат на куси ама брзи производствени циклуси (short run) и ја добиваат битката со азија во смисла нема чекање, транспортни трошоци и помали транзакциски трошоци. Пазарот за извоз е намален ама задржан затоа што за разлика од азија сеуште се способни да произведуваат поквалитетен производ. Во азија исто има полошување на бизнис климата во одредени сегменти овие 20 години. Пиратеријата и тоа од фирмата произведувач на твојот продукт таму е се поголем проблем така да веќе и помали фирми одбиваат да произведуваат таму. Имам пријател што работи за мерцедес баш на овој проблем и ми вика дека буквално може цела кола да склопи од пиратски делови од кој 80% би биле произведени во тајланд и кина во фабрики кој прават легални делови за мерцедес според нивни спецификации. Место да произведе 1000 он си прави 2000 парчиња и пола ги продава кај ќе стигне за 20% од цената.

Уругвај, Перу и Аргентина ги спомнав како подобри опции за живеење АКО веќе имаш пари него Чиле. ОК, овде е зависно кој што сака ама мене ти е држави ми се многу по привлечни (клима, култура, историја, градба) а згора на тоа се и многу поевтини.

Најинтересен дел од целиот муабет е: Таму те сметаат за странец. А уствари ти не си странец? :D Јас незнам како поинаку би те сметале, како домаќин? На раце да не треба да те носат три дена збрана?

Проблем имаат само оние кои заминале да ја најдат Македонија во туѓина. Тежок проблем имаат со себе си и околината. Се лутат ако ги наречат странец, големите Господа доаѓаат од ветената земја и несмеат да им обратат така. А всушност сите се странци за домаќините, дали си Македонец, Англичанец, Шпанец, Кореец сите се странци, сите до еден.

Неможеш да ја имаш нивната култура, оти имаш своја култура. Они апсолутно за приватен живот не зборат, не ни смееш да ги прашаш нешто лично. Исто и не те прашуваат. И тоа не им одговара на нашите, неможат да се истрачарат на работа кој со кого, како, колку. И затоа се ладни, туѓи, а едноставно луѓето несакаат да ги замараш. Плус имаат систем на љубезност кој од мали нозе се вградува, и ти доаѓаш од некаде и досаѓаш. Не те вртат два посто бре, муабет не ти прават.

Расизам и дискриминација имам забележано само кон були завиткани. Луѓето се алергични на радикални потези. А дека некој расизам е упатен кон белата раса и плус христијанин, немам видено ниту доживеано. Само светите лица кои несакаат да бидат странци во туѓа земја може имаат доживеано дискриминација по основ свето лице.

И нормално се зависи од човекот, како ќе се постави, каков е по природа и со кои очекувања е дојден. Тие што се лутат на странец нека си седат дома, додека не создадеме една Република Македонија во странство, па да дојдат како домаќини.
 
Како за странци, западот има доста толерантен и лабав однос. Не дискриминира со висина на плати, не дискриминира со можности за професионално и лично надградување и напредување.

А за западниот народ што понекојпат вели Шајс ауслендер, Македонија е далеку поекстремна и поексплицитна кон категоризациите на другите.

Проблемот е што ако сакаш да напредуваш брзо, треба да си многу добар. Барем за 10-20% подобар од самите нив. А како ќе бидеш таков? Јазикот на ниво, квалитетите, квалификациите, квалитетите, начинот на работа, и се друго треба да е подобро од нив. Затоа што тие од почеток се компаративно подобри од тебе, веднаш после испливувањето од матката.
 
Најголем проблем во Македонија се платите а самобендисаните преку ноќ и на матен начин станати газди многу се глупави и скржави па не даваат плата по 400-500 евра несваќајќи дека еден ден ќе снема и на кого да дадат плата од 100-200 евра.
Се додека синдикатите не ги застапуваат правата на работниците туку ги лижат газовите на газдите ќе го имаме проблемот миграција.
Исти ѓавол е и со трудова и други видови инспекции.
Не дај боже да пријавиш неправилност дека работиш 48-60 или 72 па и повеќе часови неделно,без слободен ден,одморот да си го одработиш,работа на празник а нема тродупла дневница не дај боже да се разболиш на боледување не ни смееш да помислиш место газдата кој има тастери во спомнатите институции да биде казнет,пријавовачот е казнет со тоа што лета од работа или во подобар случај газдата ја намалува платата на работниците и ја плаќа казната.

Ова го има само во мојата чудесна земја.
Јас мислам дека ти се кажа пред некој месец кога спореди колку се докторските плати, и дека џабе се жалам кога купувам количиња бураго, се после тоа е гола вода, може кој што сака да пишува[DOUBLEPOST=1393400043][/DOUBLEPOST]
Најинтересен дел од целиот муабет е: Таму те сметаат за странец. А уствари ти не си странец? :D Јас незнам како поинаку би те сметале, како домаќин? На раце да не треба да те носат три дена збрана?

Проблем имаат само оние кои заминале да ја најдат Македонија во туѓина. Тежок проблем имаат со себе си и околината. Се лутат ако ги наречат странец, големите Господа доаѓаат од ветената земја и несмеат да им обратат така. А всушност сите се странци за домаќините, дали си Македонец, Англичанец, Шпанец, Кореец сите се странци, сите до еден.

Неможеш да ја имаш нивната култура, оти имаш своја култура. Они апсолутно за приватен живот не зборат, не ни смееш да ги прашаш нешто лично. Исто и не те прашуваат. И тоа не им одговара на нашите, неможат да се истрачарат на работа кој со кого, како, колку. И затоа се ладни, туѓи, а едноставно луѓето несакаат да ги замараш. Плус имаат систем на љубезност кој од мали нозе се вградува, и ти доаѓаш од некаде и досаѓаш. Не те вртат два посто бре, муабет не ти прават.

Расизам и дискриминација имам забележано само кон були завиткани. Луѓето се алергични на радикални потези. А дека некој расизам е упатен кон белата раса и плус христијанин, немам видено ниту доживеано. Само светите лица кои несакаат да бидат странци во туѓа земја може имаат доживеано дискриминација по основ свето лице.

И нормално се зависи од човекот, како ќе се постави, каков е по природа и со кои очекувања е дојден. Тие што се лутат на странец нека си седат дома, додека не создадеме една Република Македонија во странство, па да дојдат како домаќини.
Како те читам, се повеќе те засакувам :) вљубен сум во тебе;)
 
И пред некој ден слушам за уште едно семејство, познаници мои, се селат на гнилиот Запад... Возрасни луѓе, со големи деца се селат за да обезбедат солиден и поквалитетен живот за децата. Им се восхитувам на храброста, секако, а и ги разбирам зошто им пукнал филмот овде.
И така... Е, и порака до моите сонародници- кој ќе остане последен во Македонијава, нека го исклучи светлото на одење, да не се арчи струјата џабе-од увоз е ;)
 
Најинтересен дел од целиот муабет е: Таму те сметаат за странец. А уствари ти не си странец? :D Јас незнам како поинаку би те сметале, како домаќин? На раце да не треба да те носат три дена збрана?

Проблем имаат само оние кои заминале да ја најдат Македонија во туѓина. Тежок проблем имаат со себе си и околината. Се лутат ако ги наречат странец, големите Господа доаѓаат од ветената земја и несмеат да им обратат така. А всушност сите се странци за домаќините, дали си Македонец, Англичанец, Шпанец, Кореец сите се странци, сите до еден.

Неможеш да ја имаш нивната култура, оти имаш своја култура. Они апсолутно за приватен живот не зборат, не ни смееш да ги прашаш нешто лично. Исто и не те прашуваат. И тоа не им одговара на нашите, неможат да се истрачарат на работа кој со кого, како, колку. И затоа се ладни, туѓи, а едноставно луѓето несакаат да ги замараш. Плус имаат систем на љубезност кој од мали нозе се вградува, и ти доаѓаш од некаде и досаѓаш. Не те вртат два посто бре, муабет не ти прават.

Расизам и дискриминација имам забележано само кон були завиткани. Луѓето се алергични на радикални потези. А дека некој расизам е упатен кон белата раса и плус христијанин, немам видено ниту доживеано. Само светите лица кои несакаат да бидат странци во туѓа земја може имаат доживеано дискриминација по основ свето лице.

И нормално се зависи од човекот, како ќе се постави, каков е по природа и со кои очекувања е дојден. Тие што се лутат на странец нека си седат дома, додека не создадеме една Република Македонија во странство, па да дојдат како домаќини.

Леа јас сум секаде странец - во македонија ме сметаат за кенгур, во австралија сум вог, во тајланд и на кајгана сум фаранг во индонезија кано на филипините сум елијан... Секаде супер си поминувам :icon_mrgr:, не се замарам со такви работи кој сака што сака нека мисли си терам јас своја шема
 
Проблемот е што ако сакаш да напредуваш брзо, треба да си многу добар. Барем за 10-20% подобар од самите нив. А како ќе бидеш таков? Јазикот на ниво, квалитетите, квалификациите, квалитетите, начинот на работа, и се друго треба да е подобро од нив. Затоа што тие од почеток се компаративно подобри од тебе, веднаш после испливувањето од матката.
И талентот го заборави, а е најважен. Има некои шо мислат дека треба да ринтаат ко волови за да успеат и дека можат да се успешни. Не оди тоа така. Ако немаш од роџење некој талент пример за спорт или кликер за математика џабе ти е се. А ретки се луѓето шо се раѓаат со талент.
 
Hard work beats talent,when talent doesn`t work hard!
Џабе имаш талент,кликер за нешто ако не работиш да го развиеш и извадиш максимумот од тоа
 
Како за странци, западот има доста толерантен и лабав однос. Не дискриминира со висина на плати, не дискриминира со можности за професионално и лично надградување и напредување.

А за западниот народ што понекојпат вели Шајс ауслендер, Македонија е далеку поекстремна и поексплицитна кон категоризациите на другите.

Проблемот е што ако сакаш да напредуваш брзо, треба да си многу добар. Барем за 10-20% подобар од самите нив. А како ќе бидеш таков? Јазикот на ниво, квалитетите, квалификациите, квалитетите, начинот на работа, и се друго треба да е подобро од нив. Затоа што тие од почеток се компаративно подобри од тебе, веднаш после испливувањето од матката.
Ами тукушто ја напиша дефиницијата за дискриминација!
 
Леа јас сум секаде странец - во македонија ме сметаат за кенгур, во австралија сум вог, во тајланд и на кајгана сум фаранг во индонезија кано на филипините сум елијан... Секаде супер си поминувам :icon_mrgr:, не се замарам со такви работи кој сака што сака нека мисли си терам јас своја шема
Замисли да се замараш ако некој во туѓа земја ти рече странец. Или си бил граѓанин од втор ред со други зборови. Демек во Македонија јаките граѓани од прв ред, идат на шалтер и фаца од рамковните му вели: дечко ти како граѓанин од прв ред, почекај да го испијам кафето. Граѓаните од прв ред ти се прави Господа, додека сите чекаат 30 минути пред нечија врата, они влагаат за 29 минути.

Дискриминација во превод на Господава е што за една позиција добиле домаќинска конкуренција, а они во дуелот се далеку понеспособни. И нормално е дека има дискриминација, како може подобриот да го одберат во однос на нашето ценето лице од Македонија? Несмее тоа така, мора нашиот да се одбере, он е најпаметен на мајка. Друг тип на дискриминација е што аплицирал дури на две места, али не ги исполнувал бараните квалификации па не го викнале на разговор. Какви дискриминатори! Трета врста на дискриминација е што на домаќините плата им даваат така од небо, они лежат, спијат, а нашиве работат за тројца. Е сега шефот нормално домаќин кога дели бонуси има македонски пристап, Ханс дојди ваму, еве оваа илјадарка на мајка ти дај и ја знае она и поздрави ја. И така фирмата на странецот иде напред благодарение на Македонецот.

Кои фаци се тоа човече, дискриминирани биле. Па го читаш на форумов три реченици незнае да ги состави на Македонски, на втората реплика плаче дека е навреден односно да бевме у Германија ќе речеше дека е дискриминиран. Се прашувам која будала би ги примила овие на работа? Уште пострашно која будала би ги задржала? Затоа сите со куферчињата дома се вратиле, овие од вториот ден плачеле на биро дека се дискриминирани.
 
Хехе. Дискриминација Љаца, значи да има некој завршено економски во Скопје а да чисти клозети у Немачка....или да има економски од Скопје, а да мора да се мужи за некоја дебела стара шваба да буде секретарица у Немачка.
Е тоа е дискриминација срцка :P
 
Ti lecish frustracii od licno iskustvo ili ?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom