Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

  • Креатор на темата Креатор на темата ASimov
  • Време на започнување Време на започнување
Може мисли на оние "профили" од старата програма во зависност од изборните предмети.
Така да, ако е на старата програма по Примена на е-технологии, има 4 профили од кои може да бира.

Со оглед на тоа дека сега има наполнето 19 год., сигурно не е по старата програма. Крај краева, глупо е да се ограничуваш :D
 
По оперативни системи, бази на податоци(калајџиски/велинов) и вештачка интелигенција теорија дали има класични дефиниции или е повеќе како кратки задачки и прашања во кои треба разбирање? Може некој малко подетално да пише за полагање теорија по овие предмети?
 
По оперативни системи, бази на податоци(калајџиски/велинов) и вештачка интелигенција теорија дали има класични дефиниции или е повеќе како кратки задачки и прашања во кои треба разбирање? Може некој малко подетално да пише за полагање теорија по овие предмети?
Вештачка си учиш фино лепо се што имаш во презентациите. Се паѓаат и прашања и задачи.

Примери:
Прв колоквиум
:
- Објасни ја кинеската соба/blockhead
- Што е RoboCup
- Најголеми дострели во областа (заокружување)
- Основни гранки на областа (заокружување)
- Главни особини на агентите
- Категории агенти
- Кои се problem solving/goal based агенти
- Критериуми за вреднување на пребарувањето

Задачи:
- Најди најкраток пат меѓу две полиња во табела (на средина две препреки, секое поле е цената да се стигне до таму) - алгоритам по избор
- Која е временската и просторната комплексност на алгоритмот од претходната задача
- х/о: дадена состојба после два потега на секој од играчите. Колкави се шансите првиот да победи?
- Криптоаритметика ПЕТ - ДВА = ТРИ во броен систем со основа 8.

Втор колоквиум:
-Трите основни типови расудување.
-Кога е точна индукцијата
-Недостатоци на исказното сметање
-Унификација
-Што е целта на сколемизацијата
-Видови расудување
-Основни компоненти на онтологијата
-Врска меѓу логиката и веројатноста
-Што е машинско учење?
-Скицирај трислојна невронска мрежа
-Видови учење според повратната информација.
-Најброј три од 5те вида учење на агент

Резолуција:
А, Б и Ц се слончиња.
А е розов.
Б е сив и го сака Ц.
Ц е сив или розов, не и двете заедно и го сака А.
Дали постои сиво слонче што сака розово слонче? (од прилика)

Семантичка мрежа:
- Најчесто птиците летаат.
- Ноевите се птици
- Ноевите не летаат
- Коки е ној.
- Дали Коки лета?

Баесова мрежа:
Колкава е веројатноста да се случила кражба ако Јован се јавил, а Мери не се јавила?
 
Значи теоријата вештачка е напамет, ништо ново на ФИНКИ.
Што е RoboCup :facepalm:
 
Значи теоријата вештачка е напамет, ништо ново на ФИНКИ.
Што е RoboCup :facepalm:
Има и за Робокап и за Дарпа и разноразни набројувања, али тоа е, како што велиш ништо ново :D
Ама сепак повеќе поени носат задачите (овие што ги постирав се исто од делот теорија, не од аудиториски) отколку прашањата.
 
А Оперативни теоријата е со отворени прашања или?
 
Дали има некој одено на пракса во Smart Services LTD ???
И што му е со огласиве за пракси треба све да знам јас за на пракса да одам да ги ебам.
Исто така дали ќе се пријавува некој на Јава тренингот од сивус? Is it worth it?
 
Дали има некој одено на пракса во Smart Services LTD ???
И што му е со огласиве за пракси треба све да знам јас за на пракса да одам да ги ебам.
Исто така дали ќе се пријавува некој на Јава тренингот од сивус? Is it worth it?
Ако не знаеш ништо не се пријавувај, важи за двете ...
 
Ако не знаеш ништо не се пријавувај, важи за двете ...
Не реков дека незнам ништо. Заинтересиран сум за сивус оти знам 90% од работите освен hibernate и аплети.
Исто и за повикот за пракса ама малку идиотско као сакаме да знаеш да праиш бекенд делот у пхп ама после јаваскрипти да ни праиш да излегува поп ап. окс.

Прашањето ми беше кој има искуство со сивус и со другава компанија да елаборира малку.
 
Ако имаш слободно време оди. Нема да изгубиш ништо. Најлош случај ќе биде едно искуство плус за CV и ќе запознаеш нови луѓе од областа, ќе ти биде многу од корист :)
 
Браво за предметот Интернет технологии. Четврта недела со предавања, а уште немаме аудиториски, не се знаеше асистентот. Почнуваме наредна недела, а лабораториски таа по неа, што значи само една лабораториска пред прв колоквиум... Па ќе мора да менуваат, целото практично ќе го стават за втор колоквиум.

И што е најтрагично, имаме само предавања на кои се зафркаваме со тривијални работи, еве дури во четврта недела Гоце за првпат пушти Visual Studio. А АСП.НЕТ требаше да го научиме по предметов иначе :D. Барем задолжителна семинарска има на крај, по ваквите предмети само со тоа ќе поднаучиш нешто.

МИЗЕРИЈА
 
Дали ОС е доволно да се учи од слајдовите ? Мислам, некако ме мрзи да земам и да читам до 2 книги, ако почнам така по секој предмет, кај ќе ми биде крајот :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom