Ќе се гради трговско деловен центар во Скопје
Емпорио бизнис центарот е планиран да биде завршен во 2016 години и ќе претставува современ и модерен шопинг и деловен центар. Објектот ќе биде со површина од 15 илјади метри квадратни, а ќе биде лоциран на дел од реонскиот парк на општината и ќе се протега до главната улица Ѓорче Петров.
Административно – деловната зграда е поделена на два дела. На општината Ѓорче Петров и припаѓаат 3600 метри квадратни, а на компанијата Трансмет 11400 метри квадратни. Во рамките на зградата, која ќе биде на 5 спрата, ќе биде изграден подземен паркинг на две нивоа со вкупно 350 паркинг места. Се планира објектот да опфаќа 60% шопинг простор и 40% деловен простор.
Погледнете како ќе изгледа трговскиот центар во
Галеријата
Извор: fakulteti.mk[DOUBLEPOST=1393793527][/DOUBLEPOST]
Оглас за вработување во Актор АДТ Грција Подружница Скопје
ОГЛАС ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ ИНТЕРЕС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ПРОЕКТОТ ЗА
КОРИДОР 10 ДЕМИР КАПИЈА СМОКВИЦА
Компанијата Актор со цел да го интензивира успешниот тек на проектот за КОРИДОР 10, го објавува овој повик за вработување на 350 искусни работници кои со своите професионални и лични вештини ќе го зајакнат тимот и ќе допринесат во изведбата, се до конечното завршување на овој единствен проект од ваков вид во Македонија.
Фирмата Актор е реномирана компанија во градежната индустрија во регионот, со докажана експертиза на повеќе крупни инфраструктурни проекти во Грција, Албанија, Србија и Бугарија. Ва моментов на проектот во Република Македонија - Коридор 10 Демир Kaпија - Смоквица, има ангажирано околу 450 вработени, за кои се обезбедени сите потребни услови согласно ови законски прописи кои компанијата ги почитува во однос на вработените, вклучително и безбедност и заштита при работа. Бројот од 450 вработени секојдневно се зголемува заради потребите на проектот и се поголемиот интерес на лица кои изразуваат желба да се вклучат во неговата реализација.
За извршување на проектните активности и задачи во периодот кој следи а кој опфаќа изградба на повеќе мостови, надвозници и патни јазли, компанијата Актор има потреба од нови 350 искусни вработени со повеќегодишно искуство на проекти за поставување и изведба на високи конструкции до 100 метри, работа на висина, работа со големи челични и бетонски конструкции, транспорт и просторна манипулација на габаритни конструкции и нивно соодветно поставување.
Компанијата има потреба од градежни работници за мостови. Вработените треба да имаат работно искуство на проекти на кои се поставувани мостови со герберова греда, односно конзолни носачи, затводени мостови, мостови со преднапрегнати греди, лиени мостови и обликувани со бетoн, мостови со фина оплата и висина до 95 метри.
Работните активности се одвиваат на голема висина така што вработените треба да бидат во одлична психофизичка состојба, да немаат страв од висина и да бидат подготвени да работат во ветровито окружување.
Работните часови на вработените ќе бидат согласно законската регулатива, односно вработените ќе треба да бидат подготвени да работат ви смени и во зависност од темпото на активности кои треба да се реализираат да се подготвени да работат по неколку прекувремени часови во работните денови како и за време на викендите.
Вработените лица на овој проект, ќе имаат можност со стекнатото искуство на овој проект да добијат и идни ангажмани на слични проекти на компанијата Актор во странство, бидејќи компанијата е секогаш насочена кон континуирано о6учување и ангажирање на квалитетни вработени на своите проекти.
Ако ги поседувате потребните способности и вештини, пријавете се, станете дел од успешниот тим кој ќе стои зад oваj грандиозен проект!
Сите заинтересирани можат да се пријават до 10 март 2014 на следната e-mail адреса:
corridorx@aktor.gr
Извор:
fakulteti.mk