Иако темава ја отвараме во форумот историја таа не треба да биде ограничена на историските настани туку севкупната улога на руската политика во однос на Македонија - директно и индиректно.
Ќе се обидеме да ги наведеме сите позитивни и негативни моменти без пристрасност кон аргументите - нашиот најголем предизвик
Одлично.
Само би апелирал до сите што сакаат да земат активно учество, бидејќи сепак е ова подфорум за Историја своите ставови да ги поткрепуваат со факти, изјави, цитати, извори и сл. за темава да не се претвори во некаква политикантска рекла-казала попара.
Bratot напиша:
Генерално впечатокот за Русија е многу ограничен и во голема мера обликуван од:
1. Во минатото од политиката на СФРЈ ( Самоволието на Тито и декларативната неутралност)
2. Во независна Македонија од политиката на Западот (НАТО, ЕУ интеграции, зависност од САД)
Стереотипното размислување во Македонија е поделено на „демократскиот напреден Запад, каде што благосостојбата е загарантирана“ и непознатиот Исток каде “владее мизерија, тоталитарни режими и кои редовно ја имаат улогата на “лоши момци“ во Холивуската продукција“.
Се надевам дека после дискусијава ќе го отвориме умот кон една поинаква перцепција за Русија.
Тоа е од прилика тоа, со различен интензитет на про и контра однос кон СССР т.е. Русија во зависност од политиките додека бевме во рамките на југословенската федерација и по осамостојувањето.
Со тоа што и пред втората светска војна, а особено во цел 19 век има латентна русофилија со повремени поизразени изблици кај одредени наши македонски дејци, секако дебело темелени врз замислениот пан-славизам со којшто императорска Русија вешто маневрираше со балканските народи.
На пример Атанас Раздолов во познатата песна:
Плачот на Македонија
Од врв на Пирин планина
Очаен глас се слуша
Македонија плаче
Рида и проколнува
Цела Европа ја пцуе:
Проклета и триж клета
Да бидеш ти Европо
Блуднице вавилонска
Крвнице македонска
Русијо мила сестро
Ела ми ти на помош
Зашто јас ќе загинам
Англичани и Немци
Италијанци и Френци
Сакаат да сме под Турци
И таа русофилија, која подоцна со создавањето на СССР пак со дебел слој на пан-словенизам имаше симпатии меѓу Македонците, како и меѓу сите други на Балканот, скоро никогаш не се темелела не некоја сериозна анализа на руските потези спрема Македонија или од строго македонски интерес, туку повеќе како некоја желба за наклонетост од и кон големата "братска Русија" и најчесто одела во хор со други.
Слично на тоа е денешното про-американство, и муабетите за про Америка контра Русија или обратно се помалку несериозни и детски, и повеќе се одраз на некакви светски моментални трендови отколку на реално согледување на македонските интереси визави односот на тие држави спрема нас.
Bratot напиша:
Руските предлози за независна Македонија:
1. Во октомври 1829 година, на состанокот на комитетот на царот Николај Први, од страна на руското раководство била разгледана и можноста за евентуално распаѓање на турската империја, при што бил разгледан предлогот доставен од тогашниот грчки национален деец Јоанис Каподистрија.
Овој предлог (во кој Македонија била замислена како самостојна држава), на состанокот го изнел рускиот министер за надворешни работи Дашков:
- Македонија (која требало да ја опфати територијата на цела тогашна Румелија, заедно со околните острови т.е. територијата на цела етничка Македонија и делови од денешна Бугарија, Тракија и Тесалија);
Во тоа време Каподистрија бил руски гроф и своевремено државен секретар за надворешни работи на Русија.
На истиот овој состанок на руското раководство бил поднесен уште еден предлог, овој пат од рускиот гроф Булгари, кој предложил помали граници на замислената македонска држава:
- Македонија (заедно со северниот дел од Албанија и дел од Тракија, сè до реката Марица);
2. Во 1908 година во Ревал се сретнаа англискиот крал и рускиот цар. Двете големи сили постигнаа договор што требаше да доведе до автономија на Македонија. Англискиот министер за надворешни работи Едуард Греј изјави во домот на општините дека Англија покренала иницијатива за назначување на генерален гувернер во Македонија.
3. Во октомври 1912 година, Рускиот претставник во Софија, Нехлјудов, испратил допис до министерот за надворешни работи во Санкт Петербург, во којшто го искажува мислењето дека најдобро е Албанија и Македонија да бидат автономни и да бидат ставени под закрилата на Големите сили.
Значи ова се три директни инволвирања на Русија за создавање на македонска држава.
Точно, со тоа што првите две се од периодот кога руското сплеткарење на Балканот е во самиот зародиш и повеќе може да се рече дека се заслуга на самиот Каподистрија којшто сепак бил човек од овие краишта, отколку на некакви големи руски заложби и планови.
А третово е типичен пример за она што Владо Поповски убаво го опишал како изблик на работата на некои од руските теренски претставници, што го пренел firewall во неговиот пост:
For Russian lovers
ЗАД ПОДЕЛБАТА НА МАКЕДОНИЈА СТОЕЛА ЦАРСКА РУСИЈА
Руската дипломатија ја предопредели судбината на Македонија, вели д-рВладо Поповски
....
„И во виорот на Балканските војни, Русија се држеше доследно и непопустливо во однос на планот за поделба на Македонија и за неутрализирање на македонскиот фактор. Во таа смисла, високите врвови на руската политика отсечно се спротивставија на многуте алтернативни предлози и анализи на поголемиот дел од своите дипломати на теренот кои, заради одвраќање на војната или заради свое разбирање на македонското прашање, предлагале автономија на Македонија. На тие дипломати, меѓу кои и угледниот Извољски (кој во декември 1912 година предложил автономија на Македонија како алтернатива на дележот што се случувал на Лондонската амбасадорска конференција), самиот император им одбрусил со синтагмата: ’Недозволлива работа’, подвлекува Поповски.
На овие да го додадеме и другово што го постираше, а се однесува на 1878 г.
„Грофот Шувалов моли да се донесат сите мерки за смирување на Македонија. Заради тоа, би било пожелно таму да се испратат опитни агенти, да им се објасни на Македонците од името на Императорот, дека Неговото Величество се грижи за нивната судбина еднакво како и за другите Словени и дека ќе им биде дадена иста помош, како на Бугарите, сега веќе ослободени. Решавањето на македонското прашање за нас се покажува многу тешко и избрзано.“
(Документи од тајните архиви на руското царско правителство, Софија, 1893 година, стр. 11-12)
и коешто има свое продолжение што гласи:
"Ние сме должни во однос на Македонија да дејствуваме солидарно со цариградскиот престол, бидејќи опитот ни покажа, за жал тоа треба да се увиди, дека во Босна и Херцеговина ние работевме исклучиво во корист на Австро-Унгарија. Ако во Македонија во дадено време, настанат некакви нереди или револуција, не е можно да се смета дека големите држави, особено Англија и Италија, заемно ќе се усогласат на конечно присоединување на таа провинција кон Австро-Унгарија, и со тоа не вовлечат нас во сериозен судир. Царската влада не може да се однесува рамнодушно кон заземањето на Солун од страна на Австријците..."
и дополнително има уште неколку слични изјави, дописи и сл. (ќе додадам некои подоцна) од руски дипломатски претставници на теренот, ама сепак не можеме заради тоа да го занемариме фактот дека наспроти овие има мноштво други документи, договори, сојузи и сл. во кои Русија директно или индиректно попувала, ја спречувала и поништувала македонската самобитност и можност за формирање своја држава.
Како најеклатантен пример за тоа ќе го наведам српско-бугарскиот таен "Сојузен Договор" од 1904 г. за поделба на сферите на влијание и на териториите во Македонија, каде во член 7, со знаење и согласност на руската влада била предвидена арбитража на рускиот цар за "сите оние спорови помеѓу нив за кои самите не би можеле да дојдат до согласност"
Таквиот договор пред самиот почеток на Првата Балканска Војна, на 29 февруари 1912 г. е запечатен со друг "Договор помеѓу Бугарија и Србија" којшто имал и Таен додаток и Воена конвенција.
Во Член 2 од Договорот се вели:
Двете договорни страни исто така се задолжуваат да си помагаат една на друга со својата целокупна сила во случај која и да било голема сила да се обиде да присоедини или да окупира или со војска заземе, макар и привремено, каков и да е
дел од балканските територии што се наоѓаат денеска под турска власт, ако една од нив го смета тоа спротивно на своите животни интереси како casus belli.
Во тој Таен додадок во детали е договорена поделбата на Македонија во којшто пак јасно се посочува на руска арбитража ако нешто зашкрипи меѓу сојузниците.
Членовите 4 и 5 од тајниот додадок велат:
Член 4
Секој спор што би се јавил во врска со толкувањето и исполнувањето на која и да е точка од овој Договор, од Тајниот додадок и од Воената конвенција, и се поднесува на конечно решавање на Русија, штом едната или другата страна ќе изјави дека смета оти е невозможно да се постигне согласност со непосредни преговори.
Член 5
Ниедна точка од овој Таен додаток не може да се разгласи ниту да и се соопшти на која и да е друга држава без предходна спогодба на двете страни и со согласност на Русија.
Составен во Софија на 29 февруари 1912 г.
И(ван) Ев.(статиев) Гешов с.р.
М(илован) Миловановиќ с.р.
.