Улогата на Русија во македонската историја

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Постојано велам: Историјата е минато, на кое не можеме да влиаеме. А можеме само да го проучуваме.

Постојат историчари кои поаѓаат од сегашноста и велат: Денес имаме Независна Македонија. Тие што во минатото се залагале или придонеле за денешнината ( за Независна Македонија ), се добри. А тие кои се залагале за нешто друго се лоши.
Но историјата е наука и во неа нема добри и лоши. Сите историски личности се мртви, а меѓу мртвите нема добри и лоши. Смрта сите ги изедначува.

Тоа важи и за Историјата на Русија.

Од Петар ( 1672 - 1725 ), Русија станува светска сила и бара излез на море.
Петар го иградил Петерсбург, Кронштад тоа е излез на Балтикот.

Излез на Црното море - Петар го освоил Азов, но како што е познато не успеал да излезе на Црно Море. Тоа ќе го направат неговите наследници.

Политиката на Русија кон Балканот во 18 и 19 век се сведува на еден збор - Дарданели
Затоа Ви се чини дека Русија посебно ја помагала Бугарија.
 
Последно уредено од модератор:
Член од
22 јануари 2005
Мислења
1.644
Поени од реакции
1.677
Кратко и јасно, а за повеќе оди на историја.
0. Креирањето на Македонската држава не е дело на Тито(значи Вулугарскава пропаганда делува кај децава) и не заради ослабување на Србија, туку е резултат на масовното Партизанско движење на крај на 1944 година кога Вардарска Македонија е единствена република која е целосно ослободена и има 110.000 луѓе под оружје или повеќе партизани од сите останати републики во тој период заедно.
Пра-дедо ми бил партизан и загинал. Секоја чест на партизаните.

Но, сакам да те прашам, ако судбината на Македонија во 1945 г. била во рацете на македонските партизани, зошто македонските партизани не ги ослободија Пиринска и Вардарска Македонија?
Зошто македонските партизани не прогласија независна социјалистичка Македонија, туку се припоија кон Југославија?
Ќе ти кажам зошто. Затоа што друг одлучуваше. Најмоќниот човек на Балканот во тој момент беше Тито, со подршка и од Черчил и од Сталин. Во моментите после војната кога сојузниците одлучуваа за иднината на Европа, Тито беше задолжен за Балканот, освен Грција.
Во македонското партизанско движење постоеле различни струи. Едната била за независна Македонија, друга била за Југославија, трета за нешто друго. Победија тие што беа за Југославија. Зошто? Тито. Другите завршија на Голи Оток.

Треба да разбереш нешто. Македонија е мала држава, со популација колку еден среден град во Европа. За секој позначаен настан во поновата македонска историја, за да ја согледаш реалната слика треба да ја бараш, силата во позадина што ни помогнала или одмогнала.

1. Федерализација помеѓу Бугарија и Југославија (а не експлицитно спојување на Пиринска и Вардаска Македонија) е проект на Политбирото кој не успева заради заладување на односите на Тито и Сталин.
Факт - ако тој договор поминеше, денес Принска Македонија ќе беше наша. По заладување на односите меѓу Тито и Сталин, Бугарија по директива од Москва, го одбива договорот.

2. И Мицотакис и Милошевиќ знаат дека таков еден напад нема да заврши со едноставна поделба на Македонија, туку со војна од пошироки размери, во која тие лесно ви можеле да излезат на крај губитници.
Сакаш да ме убедеш дека Милошевиќ, човекот што го запали пола Балкан и започна војна со Словенија, Хрватска и Босна, се исплаши од војна со Македонија.
Плановите на Милошевиќ и Мицотакис за окпација и распарчување на Македонија, беа спречени поради заканите од една светска сила. Македонија во тој момент беше невооружана. Грција можеше да не згази за еден ден. Првата посета на Киро Глигоров беше на Турција, да бара помош во случај на напад на Грција. Минималното нешто што од Милошевиќ се очекуваше, е да ја припои Македонија кон новата Југославија. ЈНА не се повлече мирно од Словенија, Хрватска и Босна, но за чудо од Македонија се повлече без испукан куршум. И за чудо Грција после долги воени вежби на македонската граница, ги повлече тенковите.

Гледаш дека во денешно време Влада не можеш да смениш без крв, а камоли независност да добиеш. Македонија ја доби својата независност, без капка крв и без испукан куршум.
Зошто? Затоа што во првите години на нашето постоење, Македонија имаше гаранција за суверенитет од светска сила.
 
Последно уредено:

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Пра-дедо ми бил партизан и загинал. Секоја чест на партизаните.

Но, сакам да те прашам, ако судбината на Македонија во 1945 г. била во рацете на македонските партизани, зошто македонските партизани не ги ослободија Пиринска и Вардарска Македонија?
Зошто македонските партизани не прогласија независна социјалистичка Македонија, туку се припоија кон Југославија?
Ќе ти кажам зошто. Затоа што друг одлучуваше. Најмоќниот човек на Балканот во тој момент беше Тито, со подршка и од Черчил и од Сталин. Во моментите после војната кога сојузниците одлучуваа за иднината на Европа, Тито беше задолжен за Балканот, освен Грција.
Во македонското партизанско движење постоеле различни струи. Едната била за независна Македонија, друга била за Југославија, трета за нешто друго. Победија тие што беа за Југославија. Зошто? Тито. Другите завршија на Голи Оток.
Ништо не е така едноставно како што ти си објаснуваш. Ти го постирав Договорот за Процентите меѓу Британија и СССР.

Никогаш не ни одело под рака бирањето сојузници.. македонските партизани никогаш не требаше идеолошки и народно да се врзуваат со народите од Југославија.
Требаше целиот востанички импулс да се насочи кон Грција, но не самите, туку со сојузници. Некогаш треба да се ризикува, да се вложи повеќе и да се оди со крената глава.

Факт - ако тој договор поминеше, денес Принска Македонија ќе беше наша. По заладување на односите меѓу Тито и Сталин, Бугарија по директива од Москва, го одбива договорот.
Бугарите се спротивставија на директивата од Москва и тоа го слават како голема победа.

Доколку можевме да “одбереме“ сојуз со СФРЈ можевме истото со Бугарија... може и со Грција? Ќе бевме цели.

Сакаш да ме убедеш дека Милошевиќ, човекот што го запали пола Балкан и започна војна со Словенија, Хрватска и Босна, се исплаши од војна со Македонија.
Плановите на Милошевиќ и Мицотакис за окпација и распарчување на Македонија, беа спречени поради заканите од една светска сила. Македонија во тој момент беше невооружана. Грција можеше да не згази за еден ден. Првата посета на Киро Глигоров беше на Турција, да бара помош во случај на напад на Грција. Минималното нешто што од Милошевиќ се очекуваше, е да ја припои Македонија кон новата Југославија. ЈНА не се повлече мирно од Словенија, Хрватска и Босна, но за чудо од Македонија се повлече без испукан куршум. И за чудо Грција после долги воени вежби на македонската граница, се повлече.
Премногу шпекулации се пласираа за заканата од Милошевиќ и Мицотакис. Никогаш не биле ниту блиску до офанзива во Македонија, пред се’ поради страв од инволвирање на Турција и Бугарија, а со тоа би биле многу подалеку од остварување на своите приоритети.
Приоритетите на Милошевиќ беа да ги осигура териториите населени со Срби, а приоритетите на Мицотакис да не започне војна во која никој не би можел да го предвиди епилогот и би се дале дополнителни изговори на сите претенденти за територија.

Никаква голема сила не им стоела на патот на Милошевиќ и Мицотакис, напротив, потполно занесувачки звучи дека таа голема неименувана сила ги жртвувала Словенија и Хрватска, меѓутоа за Македонија рекла категорично - НЕ! :)
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.317
Пра-дедо ми бил партизан и загинал. Секоја чест на партизаните.

Но, сакам да те прашам, ако судбината на Македонија во 1945 г. била во рацете на македонските партизани, зошто македонските партизани не ги ослободија Пиринска и Вардарска Македонија?
Зошто македонските партизани не прогласија независна социјалистичка Македонија, туку се припоија кон Југославија?
Ќе ти кажам зошто. Затоа што друг одлучуваше. Најмоќниот човек на Балканот во тој момент беше Тито, со подршка и од Черчил и од Сталин. Во моментите после војната кога сојузниците одлучуваа за иднината на Европа, Тито беше задолжен за Балканот, освен Грција.
Во македонското партизанско движење постоеле различни струи. Едната била за независна Македонија, друга била за Југославија, трета за нешто друго. Победија тие што беа за Југославија. Зошто? Тито. Другите завршија на Голи Оток.

Треба да разбереш нешто. Македонија е мала држава, со популација колку еден среден град во Европа. За секој позначаен настан во поновата македонска историја, за да ја согледаш реалната слика треба да ја бараш, силата во позадина што ни помогнала или одмогнала.
Границите на Балканот не ги кроеше Тито, туку се кроеја на на малце повисоко ниво. Гледам дека си направил карма-каша и од струите и од голи оток. Многу комесари и командири на чети беа стрелани зошто сакаа да одат на Солун а не на Срем. Доста партизани беа излажани дека ги носат на Солун, а беа однесени на срем. Но Вардарска Македонија е еден сегмент од партизанското движење. По тоа што го збориш сметам дека си млад човек со бајаги оскудни познавања од историјата и не ти ни замерам со оглед на тоа врз какво сознавање си го изградил мислењето. Кажи што знаеш за партизанското движење во Егејска Македонија ?Што знаеш за граѓанската војна во Грција 1946-1949? Не е дека не постоеле обиди, но големите сили одлучиле поинаку. Ако прочиташ повеќе ќе видиш кој фрлал напалм врз Македонските борци.

Факт - ако тој договор поминеше, денес Принска Македонија ќе беше наша. По заладување на односите меѓу Тито и Сталин, Бугарија по директива од Москва, го одбива договорот.
Договорот за поделба на советско и Западно влијание на балканот не е помеѓу Тито и Димитров, туку помеѓу Сталин и Черчил/Рузвелт. Тоа што Југославија излегла од тоа влијание направило да не се спојат овие два дела од Македонија. Да не зборам и за влијанието на овој чекор врз катастрофалниот исход за Македонците во Граѓанската војна во Грција.

Сакаш да ме убедеш дека Милошевиќ, човекот што го запали пола Балкан и започна војна со Словенија, Хрватска и Босна, се исплаши од војна со Македонија.
Јас не сакам во ништо да те убедам. Туку ти се чудам на паметот дека си со мислење дека западот ја штитеше Македонија повеќе одколку што ја штителе Словенија и Хрватска. Па успеаја да ја заштитат Македонија, додека не успеаја да ги заштитат од Словенија и Хрватска.

Плановите на Милошевиќ и Мицотакис за окпација и распарчување на Македонија, беа спречени поради заканите од една светска сила. Македонија во тој момент беше невооружана. Грција можеше да не згази за еден ден. Првата посета на Киро Глигоров беше на Турција, да бара помош во случај на напад на Грција. Минималното нешто што од Милошевиќ се очекуваше, е да ја припои Македонија кон новата Југославија. ЈНА не се повлече мирно од Словенија, Хрватска и Босна, но за чудо од Македонија се повлече без испукан куршум. И за чудо Грција после долги воени вежби на македонската граница, се повлече.
Оф мори мајко збориш за UNPROFOR.

DURATION: February 1992 - March 1995

LOCATION:
Bosnia and Herzegovina, Croatia, the Federal Republic of Yugoslavia (Serbia and Montenegro) and the former Yugoslav Republic of Macedonia.
HEADQUARTERS: Zagreb, Croatia

STRENGTH (March 1995): 38,599 military personnel, including 684 United Nations military observers; the Force also included 803 civilian police, 2,017 other international civilian staff and 2,615 local staff.

FATALITIES: 167 (3 military observers, 159 other military personnel, 1 civilian police, 2 international civilian staff and 2 local staff)

ESTIMATED EXPENDITURES FROM 12 JANUARY 1992 TO 31 MARCH 1996: $4,616,725,556 net [includes UNPROFOR (February 1992-March 1995), UNPROFOR (March-December 1995), UNCRO, UNPREDEP and UNPF-HQ]

FUNCTION: Initially, established in Croatia as an interim arrangement to create the conditions of peace and security required for the negotiation of an overall settlement of the Yugoslav crisis. UNPROFOR's mandate was to ensure that the three "United Nations Protected Areas" (UNPAs) in Croatia were demilitarized and that all persons residing in them were protected from fear of armed attack. In the course of 1992, UNPROFOR's mandate was enlarged to include monitoring functions in certain other areas of Croatia ("pink zones"); to enable the Force to control the entry of civilians into the UNPAs and to perform immigration and customs functions at the UNPA borders at international frontiers; and to include monitoring of the demilitarization of the Prevlaka Peninsula and to ensure control of the Peruca dam, situated in one of the "pink zones". In addition, UNPROFOR monitored implementation of a cease-fire agreement signed by the Croatian Government and local Serb authorities in March 1994 following a flare-up of fighting in January and September 1993. In June 1992, as the conflict intensified and extended to Bosnia and Herzegovina, UNPROFOR's mandate and strength were enlarged in order to ensure the security and functioning of the airport at Sarajevo, and the delivery of humanitarian assistance to that city and its environs. In September 1992, UNPROFOR's mandate was further enlarged to enable it to support efforts by the United Nations High Commissioner for Refugees to deliver humanitarian relief throughout Bosnia and Herzegovina, and to protect convoys of released civilian detainees if the International Committee of the Red Cross so requested. In addition, the Force monitored the "no-fly" zone, banning all military flights in Bosnia and Herzegovina, and the United Nations "safe areas" established by the Security Council around five Bosnian towns and the city of Sarajevo. UNPROFOR was authorized to use force in self-defence in reply to attacks against these areas, and to coordinate with the North Atlantic Treaty Organization (NATO) the use of air power in support of its activities. Similar arrangements were subsequently extended to the territory of Croatia. UNPROFOR also monitored the implementation of a cease-fire agreement signed by the Bosnian Government and Bosnian Croat forces in February 1994. In addition, UNPROFOR monitored cease-fire arrangements negotiated between Bosnian Government and Bosnian Serbs forces, which entered into force on 1 January 1995. In December 1992, UNPROFOR was also deployed in the former Yugoslav Republic of Macedonia, to monitor and report any developments in its border areas which could undermine confidence and stability in that Republic and threaten its territory. On 31 March 1995, the Security Council decided to restructure UNPROFOR, replacing it with three separate but interlinked peacekeeping operations
Таа мисија на обединети нации, која е приложена во изворот кој го наведуваш освен во Македонија беше присутна во сите области што беа опфатени со војна, и тие истите беа сведоци на многу етнички чистења од сите страни без да мрднат со прст. А не пак војна да спречат.

И згора на све, во Македонија беше Шведскиот контигент на чело со Командантот Столтенберг. Изворот од кај ти е жити све?

Гледаш дека во денешно време Влада не можеш да смениш без крв, а камоли независност да добиеш. Македонија ја доби својата независност, без капка крв и без испукан куршум.
Момче реки крв се пролеале за Македонија, независноста е резултат на вековниот стремеж на Македонскиот народ за слобода. Доколку си Македонец, твојот игнорантен однос кон Македонската борба и раздавање заслуги на другите е крајно навредлив. Ко да си излегол од училиштата на еден од нашите соседи.
 
Последно уредено:
Член од
22 јануари 2005
Мислења
1.644
Поени од реакции
1.677
Ништо не е така едноставно како што ти си објаснуваш. Ти го постирав Договорот за Процентите меѓу Британија и СССР.

Никогаш не ни одело под рака бирањето сојузници.. македонските партизани никогаш не требаше идеолошки и народно да се врзуваат со народите од Југославија.
Требаше целиот востанички импулс да се насочи кон Грција, но не самите, туку со сојузници. Некогаш треба да се ризикува, да се вложи повеќе и да се оди со крената глава.
Македонските партизани немаа избор.
Како што реков, сигурно и во партизаните имало некои што мислеле како тебе.
Каде завршија? Голи Оток. Зошто? Тито.

Премногу шпекулации се пласираа за заканата од Милошевиќ и Мицотакис. Никогаш не биле ниту блиску до офанзива во Македонија, пред се’ поради страв од инволвирање на Турција и Бугарија, а со тоа би биле многу подалеку од остварување на своите приоритети.
Приоритетите на Милошевиќ беа да ги осигура териториите населени со Срби, а приоритетите на Мицотакис да не започне војна во која никој не би можел да го предвиди епилогот и би се дале дополнителни изговори на сите претенденти за територија.

Никаква голема сила не им стоела на патот на Милошевиќ и Мицотакис, напротив, потполно занесувачки звучи дека таа голема неименувана сила ги жртвувала Словенија и Хрватска, меѓутоа за Македонија рекла категорично - НЕ! :)
Заканата беше реална. Милошевиќ почна војна со сите поранешни југословенски републики (со тие што одбиваа да влезат во новата Југославија). Македонија одби, но не доби војна.

А за тоа кој кого бранел, после распадот на комунизмот очигледно беше како се распределија сферите на влијание на Балканот.
Друга беше државата што ги помагаше Словенија и Хрватска.
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Македонските партизани немаа избор.
Како што реков, сигурно и во партизаните имало некои што мислеле како тебе.
Каде завршија? Голи Оток. Зошто? Тито.
Тито семоќниот. Пред се’, ние сме си криви, да нема забуна. Тие што беа одведени на Голи Оток беа испорачани од нивни сонародници.

А што се однесува до тие што мислеле поинаку и како завршиле повторно те упатува на заклучокот дека НИКОГАШ не сме биле единствени, како што е случај и на темава сега.
Не е поразлично ниту во нашата официјална политика. Сакаме во сојуз и меѓународни организации каде што не не’ признаваат дека постоиме како Македонци.
Мислам дека друга држава и народ, досега или ќе прифатеа да бидат нешто трето или одамна ќе баталеа. По се изгледа дека ние имаме своевиден фетиш спрема оние кои не одбиваат, колку повеќе не одбиваат и навредуваат толку повеќе ги посакуваме.

Заканата беше реална. Милошевиќ почна војна со сите поранешни југословенски републики (со тие што одбиваа да влезат во новата Југославија). Македонија одби, но не доби војна. А за тоа кој кого бранел, после распадот на комунизмот очигледно беше како се распределија сферите на влијание на Балканот.
Друга беше државата што ги помагаше Словенија и Хрватска.
Никогаш не била реална заканата. Таа лага беше пласирана од грчка кујна за заплашување и искористена од нашите корумпирани политичари без визија кои мораа да се оправдаат за својата нерешителност, неистрајност или едноставно немање интелектуален капацитет да ја изнесат земјата на прав пат.

Ни беше понудено да влеземе во пакет во ООН заедно со Словенија и тоа не го искористивме, не искористивме многу други флертови од САД и Германија бидејќи нашите политичари се плашеа за своите позиции кои им ги “чуваше“ Милошевиќ и кои што бојкотираа референдуми за независност, само за да не ги изгубат фотељите од претходниот систем.
Предусловите како никогаш беа овозможени и од страна на Русија и од Бугарија. Меѓутоа од пичка народ не бидува ништо.
 
Член од
22 јануари 2005
Мислења
1.644
Поени од реакции
1.677
Границите на Балканот не ги кроеше Тито, туку се кроеја на на малце повисоко ниво. Гледам дека си направил карма-каша и од струите и од голи оток. Многу комесари и командири на чети беа стрелани зошто сакаа да одат на Солун а не на Срем. Доста партизани беа излажани дека ги носат на Солун, а беа однесени на срем. Но Вардарска Македонија е еден сегмент од партизанското движење. По тоа што го збориш сметам дека си млад човек со бајаги оскудни познавања од историјата и не ти ни замерам со оглед на тоа врз какво сознавање си го изградил мислењето. Кажи што знаеш за партизанското движење во Егејска Македонија ?Што знаеш за граѓанската војна во Грција 1946-1949? Не е дека не постоеле обиди, но големите сили одлучиле поинаку.
Погоре тврдеше дека сами македонските партизани биле одговорни за создавање на СР Македонија, сега тврдиш големите сили,
но не и Тито. ТИТО=ГОЛЕМИТЕ СИЛИ. Тито е претставник на големите сили. Ме разбираш?

Јас не сакам во ништо да те убедам. Туку ти се чудам на паметот дека си со мислење дека западот ја штитеше Македонија повеќе одколку што ја штителе Словенија и Хрватска. Па успеаја да ја заштитат Македонија, додека не успеаја да ги заштитат од Словенија и Хрватска.
"Западот" не штитеше никој. После комунизмот Македонија, Албанија и Бугарија влегоа во сфера на влијание на САД. Словенија и Хрватска беа одговорност на Германија.

САД - Албанија, Македонија, Бугарија (хероин)
Германија - Словенија, Хрватска (топло море)
Русија - Србија
Босна - no man's land, fair game

Оф мори мајко збориш за UNPROFOR.

Таа мисија на обединети нации, која е приложена во изворот кој го наведуваш освен во Македонија беше присутна во сите области што беа опфатени со војна, и тие истите беа сведоци на многу етнички чистења од сите страни без да мрднат со прст. А не пак војна да спречат.

И згора на све, во Македонија беше Шведскиот контигент на чело со Командантот Столтенберг. Изворот од кај ти е жити све?
Па изгледа во Македонија беа ефективни, поради тоа што додека беа стационирани, во Македонија крв не се пролеа.

Момче реки крв се пролеале за Македонија, независноста е резултат на вековниот стремеж на Македонскиот народ за слобода. Доколку си Македонец, твојот игнорантен однос кон Македонската борба и раздавање заслуги на другите е крајно навредлив. Ко да си излегол од училиштата на еден од нашите соседи.
Ништо нема да добиеш со напади ad hominem.[DOUBLEPOST=1393283915][/DOUBLEPOST]
Тито семоќниот. Пред се’, ние сме си криви, да нема забуна. Тие што беа одведени на Голи Оток беа испорачани од нивни сонародници.

А што се однесува до тие што мислеле поинаку и како завршиле повторно те упатува на заклучокот дека НИКОГАШ не сме биле единствени, како што е случај и на темава сега.
Не е поразлично ниту во нашата официјална политика. Сакаме во сојуз и меѓународни организации каде што не не’ признаваат дека постоиме како Македонци.
Мислам дека друга држава и народ, досега или ќе прифатеа да бидат нешто трето или одамна ќе баталеа. По се изгледа дека ние имаме своевиден фетиш спрема оние кои не одбиваат, колку повеќе не одбиваат и навредуваат толку повеќе ги посакуваме.

Никогаш не била реална заканата. Таа лага беше пласирана од грчка кујна за заплашување и искористена од нашите корумпирани политичари без визија кои мораа да се оправдаат за својата нерешителност, неистрајност или едноставно немање интелектуален капацитет да ја изнесат земјата на прав пат.

Ни беше понудено да влеземе во пакет во ООН заедно со Словенија и тоа не го искористивме, не искористивме многу други флертови од САД и Германија бидејќи нашите политичари се плашеа за своите позиции кои им ги “чуваше“ Милошевиќ и кои што бојкотираа референдуми за независност, само за да не ги изгубат фотељите од претходниот систем.
Предусловите како никогаш беа овозможени и од страна на Русија и од Бугарија. Меѓутоа од пичка народ не бидува ништо.
За многу работи си во право. Македонците не знаат да си ги одберат сојузниците. Плукаме по тие што ни помогнале, трчаме по тие што ни забивале нож во грб. Некои кон Србија, некои кон Бугарија, некои кон Русија.
Можеме да цитираме писма за поддршка на Македонија, но факт е дека Русија никогаш воено или економски не ни помогнала.
Русите слегоа до Балканот со војска, ја ослободија Бугарија, но не мрднаа со прст за Македонија.
Напротив, ако Русија се слушаше Македонија сега ќе беше бугарска.

Мислам дека после долго време македонската надворешна политика зазема правилен став.

Германија---Хрватска---Македонија---Турција---САД

Германија е антигрчки настроена, исто и Турција. Хрватска е блиска земја со која немаме конфликти.
 
Последно уредено:

Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.665
Поени од реакции
11.816

Точно така. Трчањето по САД и ЕУ е пример за тоа.
Можеби, ама затоа вложија еден куп пари таму да ја одржат во живот. Не ја сакаат ни Турција па сега види.
Турција не можи да ни биди пријател кога Ердоган јасно и гласно кажува дека сака исламистичка држава. Сака нов султан да изиграва овде, нова Отоманска империја да гради. Е па таков човек не можи да ти е пријател, а пошто тој ја води Турција не можи ни Турција да ни е пријател. Освен тоа, нели тука газеше турска чизма 500 години? Сега што правиме? Или ќе речиме дека беше отоманска а не турска?
САД и со поклони ни докажаа дека ни се пријатели. Од една држава ни направија речиси две. А и да остани една некако, малцинството владее со мнозинството. Башка горе други планови кројат, Косово држава го направија, ќе си се припои потака со Албанија и можеби со нашиов дел па ете им сојузник тука за зловреме. А и посекако го имаат дури и да не дојди до тоа. Јас мислам добри беа гестовиве од САД ама нека пробаат на уште неколку дела да ја поделат државава па уште позадоволни да сме. Ваков пријател нема да најдиме.
Па сега кога ќе се земи сето ова во предвид, и тоа што Русија во последниве не знам колку години не ни наштетила никако, а е противник на претходниве, нормално дека ќе имаме симпатии кон неа. Башка и фактот што сме православни и словени како нив. Што секако не мора да биди пресудно ама кога се ќе се собери разбирливи се нашите симпатии кон Русија
 
Последно уредено:

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.317
Погоре тврдеше дека сами македонските партизани биле одговорни за создавање на СР Македонија, сега тврдиш големите сили, но не и Тито.
Ако читаше све по ред, ќе видеше дека пишувам: за ослободувањето на Вардарска Македонија се одговорни и заслужни партизаните во Македонија, а за поделбата на Македонија во различна сфера на влијание се првично одговорни САД, УК и СССР.

ТИТО=ГОЛЕМИТЕ СИЛИ. Тито е претставник на големите сили. Ме разбираш?
Е сега многу убаво те разбирам. Кај и да е ќе почнеш го објаснуваш влијанието на илуминатите, бенедиктијанците и хазарите.

"Западот" не штитеше никој. После комунизмот Македонија, Албанија и Бугарија влегоа во сфера на влијание на САД. Словенија и Хрватска беа одговорност на Германија.

САД - Албанија, Македонија, Бугарија (хероин)
Германија - Словенија, Хрватска (топло море)
Русија - Србија
Босна - no man's land, fair game
Ок да речеме по некое чудо дека е така. Што е поенатата на оваа теза? Од каде појдува и што докажува? Кој аргументи постојат за да кажеме дека е ова издржана теза? Овдека ти набројуваш некакви си причини кои се благо речено наивни, а нема ниту најосновна геостратешка анализа.

Па изгледа во Македонија беа ефективни, поради тоа што додека беа стационирани, во Македонија крв не се пролеа.
Што тогаш згрешија во другите држави каде што исто така беа стационирани како што беа во Македонија? Што тоа го наведе Милошевиќ таму да не се плаши од нив а во Македонија да се плаши?

А не ми кажа дали знаеш кој ги палеше Македонските борци и цивили со напалм во 1947?[DOUBLEPOST=1393290409][/DOUBLEPOST]
Македонските партизани немаа избор.
Како што реков, сигурно и во партизаните имало некои што мислеле како тебе.
Каде завршија? Голи Оток. Зошто? Тито.
Каква врска има Голи Оток со дилемата Срем-Солун?
 
Последно уредено:
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Очигледно не го прифативте мојот совет да не гледате на историјата со црно бели очила и да изнесувате мислења „ што ќе беше ако беше вака или така “
Но има нешто, што е многу значајно на Македонија, а е поврзано со Русија
Голем број Македонци се школувани во Русија.
http://mk.wikipedia.org/wiki/Константин_Миладинов
 
Последно уредено:

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Јас би тргнал во друга насока.
Никој, ама баш никој нема да направи нешто за нас ако нема интерес. Никој никого не го смета за бфф па и ако нема интерес да му помогне. Ова не е ништо ново и сите го знаеме. Баш затоа, би рекол да не гледаме што Русија/америка направиле за нас, туку што не направиле.
Ете и Rosemberg и јас во претходниот пост пишавме што америка направила за нас, и шо фајде иаме ние од тоа ?
Дека не знаеме да ги бираме сојузниците е јасно ко ден. Они не плукаат, ние трошиме пари за да им пратиме војници во Авганистан. Мазохистички народ сме да си ебеме векот...
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Војната помеѓу Русија и Турција 1877 - 1878 завршила, најнапред со Санстефанскиот договор, а по неколку месеци со Берлинскиот конгрес
Цел на Русија бил излез на Средоземното море
Според Санстефанскиот договор Бугарија, а преку неа Русија добила излез на Егејско море, а тоа брегот кој е дел на Македонија, речиси цел брег освен Солун. Овој договор е потишан 3 март 1878
Според овој договор Македонија е целосно припоена кон Бугарија
http://mk.wikipedia.org/wiki/Санстефански_мировен_договор
Со Берлинскиот конгрес кој е одржан 13 јуни до 13 јули. Овој договор е заменет со тоа што Македонија е вратена повторно на Отоманската империја, значи Русија не добива излез на Средоземно море но според член 23 е предвидена автономија за Македонија.
http://mk.wikipedia.org/wiki/Берлински_конгрес
Во тој период е и Кресненското востание подигнато на 17. октомври 1878. Кое како што читам го помагале или сакале да го помагаат Бугарите
http://mk.wikipedia.org/wiki/Кресненско_востание
Сега тука мене не ми е јасно што ја попречила автономијата што била дадена на Македонија со членот 23 од Берлинскиот договор?
 
Претпоставувам дека причината е незаинтересираност на големите сили, причина што е застапена и при неизвршување на други договори кои предвидувале реформи на Отоманската империја.
 
Член од
22 јануари 2005
Мислења
1.644
Поени од реакции
1.677
На кратко. Русија за многу брзо време ја поразува Турција. Војската им е пред Истанбул. Сон на рускиот цар било да влезе на бел коњ во градот, како освојувач на Константинопол. Но, Британија и Франција се закануваат со војна, доколку руска војска влезе во градот. Русите потклекнуваат, но ја принудуваат Турција да потпише договор со кој се создава голема Бугарија. На западните сили не им одговара тоа и свикуваат Берлински Конгрес. Македонија е повторно вратена во рамките на Турција, под претекст дека е "премногу етнички измешана за да е бугарска".

За член 23 да дава автономија на Македонија, не сум слушнал но еве го полниот текст на Берлинскиот Договор за тие што се заинтересирани.
 
Последно уредено:
Член од
17 декември 2012
Мислења
272
Поени од реакции
182
Сега тука мене не ми е јасно што ја попречила автономијата што била дадена на Македонија со членот 23 од Берлинскиот договор?
Нема дадена автономиjа. Со член 23 се задолжува Турциjа да го воведе уставот от 1868 (дел от тоj устав е автономиjа) во Крит и останатите неповикувани територии (мегу които и Македонија) во некоj неизвесен рок. Султанот природно такво нешто не прави.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom