Kина не е веќе земја на ниски плати!

Треба сериозен ремонт на образованието, се согласувам. Треба да прекине процесот на стимулирање факултетски кадри по секаков однос, во однос на квалитетот. Ремонтот треба да почне од средното образование. Во Германија образовниот систем ми се допаѓа, би требало да го искористиме. Сите одат до 4то одделение. Во петто најдобрите се двојат во едно, останатите во друго. Тие кои се подобри после основно идат во Гимназија и само они можат да идат на факс. Останатите идат во два вида на средно образование, најслабите идат директно на практична обука и почнуваат со работа со неполни 18г. Другите идат на меѓу зона, ако се добри може да аплицираат за факс, ако имаат слаби оценки, веднаш ги шалтаат во пракса. И затоа нема продукција на универзитетски лица. Се знае редот или те бива или не те бива за учење.

Баш убаво би дошле младиве во Железара да речеме или во Џонсон. Ем определена дневница, ем високо обучен квалитетен кадар. Сега продуцираме само дипломи, тоа е трагично економски да дипломираш, а да незнаеш што е девизен курс и таргетирање.

Во однос на кадрите, незнам за правниците, али економистите се делат во стотици групи и струки. Од сметководство, ревизија, финансии, планирање, маркетинг, даночни кадри, монетарни кадри, менаџмент, транспорт, осигурување, царина, шпедиција, банкарство, комерција во илјада правци од медицинска, хемиска, машинство, меѓународна економија, статистика, брокерски узлуги, специјалисти за берзанско работење, е-економија која доживува бум итн. Значи за се може да снема работа освен за економист. Али идеме до муабетот кој колку разбира и кој колку е специјализиран во областа. Некои од сите области знаат по една реченица. Се надевам не збориме за тие лица. Секој економист треба да се најде себе си во еден дел и да се специјализира. Инаку џабе му е дипломата.

Во врска со Витаминка и Европа. Ние сме толку мал пазар и неинтересен, што никој не е ни заинтересиран да ни купи и брендира. Во еу има илјадници поквалитетни, поефтини (девизен курс влијание), специјализирани, машинизирани. Зошто би ги купиле? Еве да замислиме ние да сме инвеститори, зошто би ја купила Витаминка?

Друга работа е што ние сме нефлексибилни, вчера научивме што е акционерско друштво, а берзата ни е како овенато цвеќе. Комерцијата ни е мисловна именка. Незнаме да се продадеме. Треба да се вложи во кадрите особено во првата линија која треба да излезе надвор, да продаде. И тоа што сме прескапи тоа е друга работа.

Јас мислам дека многу сме распрснати. Ние треба да се фокусираме на нашите предности и тука да вложуваме. Ние сме големи извозници на јагне. Имаме можности за одгледување животни и месни преработки. Не сме ние технолошки потковани ниту имаме компаративни предности. Треба да идеме онаму каде ги имаме. Али еден бродолом со оној „краварот“ и све отиде во потоп.

Нема верба братче, народот не верува во ништо, бизнисмените гледаат само да го поминат месецот. Нема пари, нема верба, значи се живурка. Немаш систем како прво и прво, немаш наплата, трансфер на пари нема. Може ли бизнис без сигурна наплата и нормални царински процедури? Не :)

За жал, економиските науки се општи знаења кои секој просечен човек со обичен курс може да ги совлада за период од 6 месеци.
Повеќе не поминува економистот од било кој профил само со теорија, треба да знае или компутерски сметководствени системи 90% базирани на работа во САП или да се усофршил во поизводствени стратегии, комбинирани со маркетинг и анализа - статистика. Најдобро поминуваат како и секогаш финанските профили, експерти за инвестиции, аналитичари, сите високо специјализирани во струката со трилион сертификати и спремни за надчовечки напори, кои редовно данокот го земаат во немањето приватен живот.

Витаминка би ја купил единствено ако сум ослободен од давачки во наредните десет години :) Мислам дека не е голема жртва за една држава да се откаже од приходите кои моментално не ги добива, тоа е т.н. виртуелно откажување, а во замена креира долгорочно присуство на инвестиција која најверојатно ќе се прошири и ќе раздвижи еден цел дел од економијата.

Во последните 10 години во Бугарија се случуваат крупни инвестиции со отварање на т.н. оутсорсинг глобални центри на фирми како ХП, ИБМ, Кока Кола и слични кои вработуваат по неколку илјади млади луѓе.
Бугарите не се разликуваат многу според менталитет и спремност на кадрите. Само што проблемот е дека никој од нас не сака да вложи напор во помали проекти - на пример во Софија фирмата ХП првин отвори едно прокурмент одделение, за постепено да го надогради со сите можни елементи и денеска да го устоличи како глобален центар за своите услуги за СЕЕМЕА.
Можам со сигурност да ти кажам дека за такви специјализирани одделенија кои би нуделе специјализирани услуги, по просечна македонска плата, би биле многу примамливи за сите корпорации.
Само џабе веземе ние :)
 
Па воопшто не е оптимистички најавата дека би се отварале текстилни погони во Македонија, колку и да звучи фино.

Единствен услов Македонија да го зголеми својот стандард и инвестициите е да “продава мозок“. Треба сериозен ремонт на образовниот систем и редефинирање на кариерните правци според проекциите за критичните професии во иднина.

Истовремено треба да се инвестира секој еден денар во напредна технологија и технички струки.
Економистите и правниците да се ограничат или привремено замрзнат како факултетски правци.

Македонските фирми мора да основаат заеднички фондови со кои би можеле да го развиваат капиталот, да разменуваат искуства и контакти.

Наместо 100 мали посебни текстилни работилници треба да осмисли квалитетна продукција под едно препознатливо име, кое ќе се промовира надвор како македонски бренд и ќе го пробие патот за останатите фирми.
Што се случува со Витаминка, Европа и сличните им? Имаат ли некаква перспектива, можат ли да конкурираат со други фирми или не?
Ако не нека се продадат на некоја корпорација како Нестле, Крафт кои сигурно ќе најдат начин да ги вклопат во своите планови. Нема смисла постоење на фирма заради опстојување.
Државата треба да осигура дека ќе набавува само домашни производи за своите институции, не може во собраниското бифе да се продава турски Улкер или Краш. Ова е само еден пластичен пример, меѓутоа на поголемо ниво ќе има значајни резултати. Мора да се почне од малите навики.

Отварање на големи медицински комплекси на границите со комшиите каде ќе се нудат најсовремени операции и поприфатливи цени. Во непосредна близина да се создаде капацитет за сместување со сите потребни услуги. Со тоа ќе се стимулираат многу останати бизниси и ќе се развијат досега тотално непознати региони.

Еден интересен податок вели дека оние ситни бизнисмени што по укинување на прохибицијата во САД купиле за грст долари акции во новонастанатите мали произведувачи на алкохол, во рок од неколку години станале милионери.
Сега на големо се збори за легализацијата на марихуаната, не само за павкање туку и за медицинска употреба и сл., се предвидува комплетно легализирање поради потенцијалот да донесе огромен профит на првите фирми на пазарот кои ќе нудат такви производи. Наместо пипер, садиме мара :) ова не е заебанција иако звучи тотално забегано.
Да ти бидам искрен,јас за Македонија не гледам никаков излез ниту иднина.
Стварно не гледам некој начин на кој што можеме да се пробиеме во светот.....никаков.Да ја тргнеме и комплицираната внатрешна и надворешна политичка состојба и да се правиме дека се е идилично на тоа поле ствано не гледам што може да не извади.

Единствено решение кое ми паѓа на памет е да земеме да го понудиме парчево земја на Кина,Русија и САД (кој ќе понуди повеќе) и да им го продадеме и нека направат од него полигон за нуклеарни тестови,ареа 51,воени бази,казина кај Охрид, воен полигон, кампови за обука.....Ма што сакаат нека прават.
Нека ни обезбедат сите да се префрлиме кај нив во 5-6 градови и 20 милијарди долари кои подеднакво ќе си ги поделиме сите 2 милиони луѓе заглавени тука и раат да си бидиме.

Можеме на Америте да им ги населиме Дакотите или Аљаска или Тексас и Калифорнија малце да им ги поднаполниме со белци.....а може и 3-4 резервати ко индијанците да ни дадат.На Русите можеме Сибир да им го пополниме и онака им депопулира ептен,на Кинезите да им го колонизираме Тибет итд....
 
Па за жал не си единствениот кој така мисли. Сите го делиме мислењето, можеби не целосно но се согласуваме во голем дел.

Мене искрено жал ми е што како Македонци успеваме насекаде во светот, во сите сфери. Секаде сме мајстори ама нашата земја не знаеме да ја оправиме.
 
За жал, економиските науки се општи знаења кои секој просечен човек со обичен курс може да ги совлада за период од 6 месеци.
Повеќе не поминува економистот од било кој профил само со теорија, треба да знае или компутерски сметководствени системи 90% базирани на работа во САП или да се усофршил во поизводствени стратегии, комбинирани со маркетинг и анализа - статистика. Најдобро поминуваат како и секогаш финанските профили, експерти за инвестиции, аналитичари, сите високо специјализирани во струката со трилион сертификати и спремни за надчовечки напори, кои редовно данокот го земаат во немањето приватен живот.

Витаминка би ја купил единствено ако сум ослободен од давачки во наредните десет години :) Мислам дека не е голема жртва за една држава да се откаже од приходите кои моментално не ги добива, тоа е т.н. виртуелно откажување, а во замена креира долгорочно присуство на инвестиција која најверојатно ќе се прошири и ќе раздвижи еден цел дел од економијата.

Во последните 10 години во Бугарија се случуваат крупни инвестиции со отварање на т.н. оутсорсинг глобални центри на фирми како ХП, ИБМ, Кока Кола и слични кои вработуваат по неколку илјади млади луѓе.
Бугарите не се разликуваат многу според менталитет и спремност на кадрите. Само што проблемот е дека никој од нас не сака да вложи напор во помали проекти - на пример во Софија фирмата ХП првин отвори едно прокурмент одделение, за постепено да го надогради со сите можни елементи и денеска да го устоличи како глобален центар за своите услуги за СЕЕМЕА.
Можам со сигурност да ти кажам дека за такви специјализирани одделенија кои би нуделе специјализирани услуги, по просечна македонска плата, би биле многу примамливи за сите корпорации.
Само џабе веземе ние :)

Ако гледаме така нема струка која за 6 месеци неможе да се совлада. Исто така нема струка каде не требаат сертификати и дообуки. Светот и технологијата иде напред, ако не ги следиш ќе те изедат на пазарот. И кога ќе сумираш сепак квалитетот на кадарот нема да биде ист со курс без да има подлога, и човек кој е доволно образован во тој дел само да се надогради. Затоа има и различни позиции за работење. Во главном погледот кон економските науки ви е сувопарен, нешто што македонската слика за преголем број на кадри го направи. Али и Македонија да ја земам за пример најмалку невработени се економистите иако годишно излегуваат по 500 млади. Исто е и секаде во светот, економскиот профил може да се прилагоди на секое барање на пазарот, она што неможе да го направат другите струки.

Ете го одговорот за Витаминка и Европа. Немаат ни еден карактеристичен асортиман што некој би сакал да го брендира. Во Македонија може да се продаде само Алкалоид. Прашањето е и он за колку би се продал некому. Убаво им оди и вака, не сакаат да менуваат.

Јас во економија некаде зборев, во ова време само во услуги се вложува никако во производство. Е сега имаме ситуација каде македонските компании не ги разбираат услгите и предностите и се тоа тапка ли тапка со децении. Светот го врти информацјата, информацијата е оружје на услужен сектор. Не се знае да се искористи.

А за оправање на Македонија, јас давам поддршка кој не пробал да проба. Нека вложи и нека се обиде да работи. Само така ќе сфати што се случува и кој хаос владее во бизнис. Ни јас не верувам дека во догледно време ќе се оправи. Со иселувањето ќе се намалат кадрите и секако тоа е добро за државата. Ќе останат 50%-50% со администрација и сите фино ќе живеат. Јас сакам фино да живеат, дај боже.
 
Само здрава храна и информатика во Македонија може да успее, BTW еве еден информатичар кој се откажал од програмирањето и станал сточар.
 
Нормално, иднината е во продукција на здрава храна под печатот на био во било која форма, тоа е тоа лудило кое се дешава денес :)
 
Јас не зборам за број на население. И Судан има милиони, па уште со лист на полов орган шетаат.

Кина има можности. А да оставиме после десет години на темава ќе видиме дали добро прогнозира Светот или не.

Аха, имаат огромни можности да склопуваат телефони, да произведуваат обувки, т.е. да бидат линија за сериско производство.

За можностите... да не зборуваме, тука Кинезите растураат, особено во автомобилската индустрија, нема човек што не знае барем 5 Кинески автомобилски брендови, во информатичката индустрија (најпознатите кинески брендови на мобилни телефони се во рацете на секој втор Германец), авионската индустрија (Кина во никој случај не користи Руски мотори и компоненти за нивниот 100% кинески најнов ловец), нуклеарната технологија, бродоградителската индустрија, архитектурата (сите Кинески облакодери се 100% домашно производство) и што уште не...
Толку се технолошки напредни, што пратија и ровер на Месечината и успешно го стигнуваат Западот и на тоа поле (иако тоа на другите им успеа пред повеќе од 40тина години)...

Сепак, да бидеме фер, развојот на технологијата во Кина е во голем подем. Али далеку зад технолошки развиените земји.
 
Тоа и го збориме дека е во подем и дека е позади технолошко развиените земји. Само јас мислам дека ќе ги помине, ти мислиш дека ќе биде позади нив. И тука застануваме, за иднина здравје да видиме што ќе се дешава.
 
Може звучи расистички меѓутоа логиката ми кажува дека причината зошто западниот свет владее со светот е интелектуалната супериорност. Единствен џокер што го имаат во раката другите е бројноста. Но дали е тоа доволно во денешно време, покажува фактот дека во одсуство на Русија, Кина не се наметна како достоен ривал на САД во кроењето на светската политика.
Да се разбереме, под западен свет во овој контекст ја подразбирам и Русија..
 
Познавајќи луѓе од Јужна Кореја и Кина не би рекла дека имаат проблем со интелектуалноста. Напротив.

Имаат големи проблеми меѓу себе и имаат став дека Европа ги игнорира азијатите. Некако како да се фокусирани нив да им е арно и апсолутно не се замараат дали во Сирија летнале тројца во воздух или грабнале авион во сад. Несакаат да се мешаат, таква им била политиката, држи си се настрана.
 
Во врска со насловот на темава, ако авторот мислел дека Кина не е земја на ниски плати споредено со.... Сиера Леоне, тогаш е во право. БДП по жител Кина има помалку од Македонија. Просечна плата пак, далеку помала од Македонскава.

Кина, Индија, Бангладеш итн, никогаш нема да го стигнат Западот. Никогаш.
Кина со повисоки плати не претрка нас. Знаеш ли кај нас колку фирми има којшто вработените земаат плата од 0 денари??? АД ЕМО Охрид деновиве ја чекаат платата за Декември 2012, СИ-ПО погонот за сигурносни појаси сега чекаат плата за Февруари 2013, полно вработени во текстилниот сектор сега ја чекаат августовската и септемвриската плата... Во средината на 90-тите години во Битола имаше Кожара којшто земаа 1.200 денари - тоа ти се соодветни на 200 денари во Кина, во Куманово пред некоја година имаше погон за обувки којшто вработените земаа плата 2.200 денари...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom