А, да.... и најдобар пример за тоа колку огромно ни е егото и суетата како народ, е примеров од пред некое време низ муабет со еден пријател што го начекав сосема случајно во Македонија.
Ме прашува кај сум и што работам и јас му кажувам. Ми вика, го познавам тој и тој, работи во Ауди за Порше во Минхен. И јас целиот зачуден што сака да ми кажи човеков.

Му викам, сега кажи кај работи... во Ауди, во Порше...? И каде точно, во Минхен ни едната, ни другата компанија не е стационирана. Му викам двете компании се комплетно различни, немаат врска една со друга. И едната седиштето и е во Инголштад, другата во Штутгарт.
Не! - ми вика. Во Ауди работи... за Порше. Абе човек, нешто немаш добро разбрано му викам, јас барем во таа област работам и сум бил и во двете компании лично повеќепати. А со Минхен па врска немаат....
Е истите тие можда и зад форумскиве никови да се кријат. Ти им кажуваш искуства што си ги поминал и ги живееш по светот, тие ти викаат: Не, не знаеш ти... јас знам како е. Иако никогаш во странство не сум живеел.
Не! Грешка си! - ми вика... Во Минхен е Ауди за Порше!

Добро! Така нека е... му викам. Налево круг и да ме нема. Што ќе правам фазла муабет си викам кога се’ си знае човекот. Нема што јас да се замарам да му објаснувам...
Класика
Евен еден убав пример:
Чичко ми (сопственик на ресторан), организатор на прослава, крштевка (гастарбајтер) и гостин (сиромаво селанче) се возат во лифт.
Битно е да се знае дека организаторот не го познава чичко ми, затоа што никогаш не го видел, него организирал прослава со стрина ми, а чичко ми ретко се облекува или покажува дека е сопственик.
Гостинот го прашува организаторот:
- Многу јака прослава, убаво јадење, богата трпеза, сигурно еден куп пари ова. Колку плати ако не е тајна?
Организаторот:
- Ќути изгор ама еднаш се прави. Ме фати 50 еур. по човек.
Чичко ми ги слуша и знае дека нема поскапо мени од 15 еур, па и се што му душа посака да има тешко дека ќе преминат 30 еур, а во конкретниот случај се работело за 13-14 еур. по лице. За да не го усрами организаторот, си ќути и се смешка, и не кажува кој е.
Заради вакви примери, и многу луѓе кои што често трошат кредити кај нас (ако, нека ги трошат, не велам дека е лошо

) се ствара притисок кај секој што пошол да успее и да каже дека направил економско чудо, се преродил итн. затоа што само ти си единствен што не успеал, поготово ова важи за провинција.
Денес додуша интернетот ја пегла разликата во информации, но оние вистински неписмени сеуште мислат дека секаде врнат колбаси. Грубо кажано (добро образован човек / човек со ретки вештини + земја која што е отворена и убаво расте = добри шанси за успех и многу попријатен живот од оној што го има тука. Ако барем еден дел од равенката не е како што треба тука, тогаш не се мачете џабе.
Ќе се понудам да помогнам ако веќе некој вистински размислува и има многу причини (а реалноста е дека има многу такви) и ќе Ви ги набројам државите со највисока стапка на успех (позади мене стои искуство како инвестициски банкар со анализи на сите пазари и контакти со многу наши странци):
-
Австралија - блискоста со Азија и рудните богатства се голем благослов во моментов и во долгата и убава иднина што и претстои на оваа држава. Силен правен систем основан на британскиот. Таму е помалку поволно за инженери, затоа што имаат силен долар и фабриките веќе им избегаа низ Азија. Убаво е за сите што се во услужен сектор. Државата е доста отворена за прием на странци иако нонстоп се караат со бродските луѓе од Малезија и Филипини.
-
Канада - стабилна економија, блискост со најголемиот пазар и супер отворен систем, како и добра правна подлога од британско право.
-
Германија - иако е малку позатворена, секогаш имаат место за добри инженери и занаетчии. Сеуште има супер ниска невработеност, но секогаш ќе бидете граѓани од втор ред, таму е доста изразено чуството на припадност на заедница, ова нема да смета ако отидете со вештини кои тие ги ценат.
-
Каталонија и Балеарските острови - системот за имиграција е малку хаотичен, но услужниот сектор цути, а не е лошо и како инженер да се иде таму. Невработеноста кај младите е огромна, но воглавно затоа што системот на вработување е комплексен (наследство од диктатурата) и кога ќе вработиш некој не можеш да го избркаш, а младите се сите на некоја дрога па никој не е доволно сериозен за работа. Препорачувам најмногу за сопствен бизнис во угостителство.
-
Кина - ако ви фаќа окцето за бизнис и ако не се секирате за системот или за етика, таму лежат тон пари. Ако имате и некоја добра вештина тогаш обавезно таму (насочи се кон Шангај)
- Хонг Конг и Сингапур - добро место за банкари и економисти (но не овие нашите со образование од 70тите) Финансиите се напреднати во последните 20 години исто како информатиката и жално е што на нашите факултети уште им објаснуваат за машини за куцање. Ако имате добро познавање на одредени финансиски инструменти и добро искуство, само таму. Ќе треба во одреден период да се помачите со Мандарински
- Ептен Северна Европа - не сум детално запознат со нивните системи, но секој што пошол со добри вештини добро живее. Генерално отворени држави.
- Чиле е држава модел за книги по економија. Тешко се патува, но комбинацијата на танго и пристојна плата значи многу среќа за некои луѓе. Претходно (околу 1910) Аргентина била ептен блиску до влегување во развиениот и богат (тогаш Европски) свет. Неколку воени удари проследено со слаби институции ја имаат многу ослабнато таа држава, но Чиле расти на нејзино место и овој пат со многу силни институции.
- Јужна Кореја - ако си воркохолик, само тука ќе имаш конкуренција и ќе ти биде се нормално.
Можеби има и други добри примери, помали државички кај што се успева, но воглавно би ги избегавал САД, Британија и Швајцарија, заради претерано затворените системи, понижувања и голема криза со работа во случајот со САД. Во сите овие држави може да се помине најмалку еквивалентно добро како во САД или Британија, без голем дел од понижувањата.
Се надевам не потрошив време залудно.