Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?

  • Вкупно гласачи
    728

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.711
Поени од реакции
33.940
Дали Тимошенко-про западна ориентација, или Јанукович-про руска ориентација е избор меѓу две зла, сепак мислам дека про руската ориентација е помалото зло. Нешто како како кај нас вмро-сдсм.
^^
Прилично лоша компарација ти е паралелата со ВМРО/СДСМ.
Ајде малку елеменетарна историја за Украина, па потоа ти сам кажи дали сеуште мислиш дека можеш страните во Украина да ги споредиш со двете најголеми македонски партии во Македонија.

18 век: Повеќето од денешна Украина тогаш потпаѓала под контрола на Руската империја; далечниот запад е контролиран од страна на Австроунгарската Империја
1918: Украина прогласува независност, почнува граѓанска војна
1921: Црвената армија го освојува најголемиот дел од Украина, која се апсорбира во СССР; далечниот запад е под Полска
1945: Западна Украина е преземена од страна на СССР по Втората Светска Војна
1991: Украина прогласува независност; 90% гласале позитивно на референдумот

BTW Датумите и јас не ги знаев, случајно прееска на ВВС ги видов. Во врска со ова еве една интересна колумна од ВВС ако некој го интересира:
http://www.bbc.co.uk/news/world-europe-26293446
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.202
Во ред. Јас не мислев буквално. Просто дека за самиот народ е лошо кој и од двете да е. Како краен резултат.
 
Последно уредено од модератор:

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.711
Поени од реакции
33.940
ОК прав си, само Австрија треба да стои. Не Австроунгарија.
 
Член од
22 јануари 2005
Мислења
1.644
Поени од реакции
1.677
Цитираш Russia Today. Многу објективен извор.

И стварно сте ми чудни со овие ставови вие на пример каква ја сакате Македонија независна или со про Српско влијание на пример што им се лутите на Украинците кога си сакаат независна од Руско влијание Украина.
Украина е подчинета или "сојузник" на Русија 80+ години и што тие добиле од тоа.

Каде е Украина денес?
Приридно богата земја (голема територија, рудно богатство, плодно земјиште), а воедно и една од најзаостанатите земји во Европа. Не се споредува со Германија, а има дупло поголема територија. Не се споредува и со Чешка, Полска, земји кои исто беа комунистички. Украина со 25 пати поголема територија и излез на море има помал БДП по жител од Македонија.
Тоа е наследството од 80 години руска чизма.

Земјите каде што биле под руско влијание знаат што значи тоа. Во Полска има огромна омраза спрема Русија. Чудно, нели се словенски браќа?

Јас ја разбирам аверзијата спрема САД на форумов, но не ја разбирам љубовта спрема Русија.
 
Последно уредено:

Mojso

uneducated knob
Член од
14 септември 2009
Мислења
4.711
Поени од реакции
12.710
Пошо не ги следам вестиве ја, може некој од овие што викаат дека Руските или Проруските медиуми се многу релевеантен извор, да ми кажат дали CNN, BBC и останатите такви какина известуваат за СЕ, НЕПРИСТРАСНО, што точно се дешава во Украина...или пак само тоа како демонстрантие се „модерни маченици“, како СЕКОЈ УКРАИНЕЦ ГО МРАЗЕ ЈАНУКОВИЧ, итн итн...
 
Како што се CNN и NBC гласила на американската политика, така и Russia Today е на руската. Тоа ми беше поентата.
 
Mojso

uneducated knob
Член од
14 септември 2009
Мислења
4.711
Поени од реакции
12.710
Како што се CNN и NBC гласила на американската политика, така и Russia Today е на руската. Тоа ми беше поентата.
ОК де, а мене ми беше поентата не ги хејтај другите коа и ти читаш гомна од некои што се исто толку лоши ако не и полоши
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498

Македонија не е како Украина. Украина е сериозно геостратешки предизвик. Во Украина се борат не само внатрешно украински и руски интереси, а и интереси на целиот свет. Велики, силни и застрашувачки интереси - па и таму многу бугари живеат (повеке од 200 000 души):)! Македонија е заборавено од Бога место, арена само на мало-политички ежби. Тоа не е лошо, меѓу другото. Се чуваат духот на едно неглобално општество и е секогаш убаво кога човек отиде на одмор да се разтуши со бит, култура и менталитет од едно далечно време. Каков ви е проблемот дека сакате да се буните? Стојте си така, кутајте си, голем раат си имате ... мир да има само
А што такво тогаш бараш на форум од такво забораено од бога место? болва да фатиш е поиздржливо од бугар да читаш
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Цитираш Russia Today. Многу објективен извор.
Кога соодносот на анти-руските со про-руските медиуми е драстично поголем во полза на првите, секое обвинение за немање објективност на вторите е чисто лицемерие.
Нема друг медиум освен РТ кој успешно се бори против целата медиумски оркестрирана пропаганда на Западот.

Украина е подчинета или "сојузник" на Русија 80+ години и што тие добиле од тоа.
Украина територијално се проширила и на запад на сметка на Полска, Словачка и Унгарија, и на исток на сметка на Русија.

Каде е Украина денес?
Приридно богата земја (голема територија, рудно богатство, плодно земјиште), а воедно и една од најзаостанатите земји во Европа. Не се споредува со Германија, а има дупло поголема територија. Не се споредува и со Чешка, Полска, земји кои исто беа комунистички. Украина со 25 пати поголема територија и излез на море има помал БДП по жител од Македонија.
Тоа е наследството од 80 години руска чизма.
Луксембург со 100 пати помала територија од Германија има дупло повисок стандард, без никакви природни ресурси или излез на море.
Конго е преполн со рудници на злато и природни ресурси, меѓутоа е 300 пати посиромашен од Израел кој е технолошки супериорен иако нема никаква земјоделски природно обработлива површина ниту природни ресурси.

Можеме да продолжиме со примери од кои секој еден ќе послужи за афирмирање на сосема спротивни тези.

Корумпираноста на Украинците не е последица на руската тиранија. Идеолошката позиционираност на нивните поранешни “државотворци“ е причината зошто тие одбрале да бидат “помалиот брат“. И ние можеме да се пофали со слични од редот на Колишевски, Глигоров и поново Љ. Георгиевски.

Земјите каде што биле под руско влијание знаат што значи тоа. Во Полска има огромна омраза спрема Русија. Чудно, нели се словенски браќа?
Сите земји кои некогаш биле под руско влијание или окупација имаат омраза против Москва, но не затоа што претходната окупација од Австро-Унгарија или Прусија им била поблага туку затоа што руската била последната.
Иначе зошто во Полска би имало помала омраза спрема Германија?
Зошто на Западот би му одговарала националистичката политика на Десниот Сектор во Украина само за да ги истиснат Русите?
http://www.mkd.mk/svet/vesti/urnat-spomenik-na-vojnici-shto-zaginale-osloboduvajkji-ja-ukraina-od-nacistite-fotovideo#1

Во никој случај не треба да се мешаат “словенски“ емоции кога станува збор за интереси. Тоа најдобро ќе го разбереш ако релациите меѓу државите ги толкуваш врз принципот на пазарна конкуренција и профитот на компаниите(државите).

Имаш еден олигопол ЕУ-САД и монопол Русија. Русија не сака да се откаже од многу битен дел од својот монопол - Украина, а апетитот на олигополот кој станува се поброен постојано расте и сакаат се’ поголем пазар.
Никогаш нема да ја примат и Русија во своите редови затоа што целосно би ги изместила внатрешните позиции на компаниите кои доминираат.

Јас ја разбирам аверзијата спрема САД на форумов, но не ја разбирам љубовта спрема Русија.
Како ја разбираш “љубовта“ меѓу Македонија и Турција денеска, наспроти односите со “братска“ Бугарија и православна Грција?
Потрагата по идеолошка основа без логика и асоцирање на емотивна приврзаност кон едни или други не прави нерационални и подложни на манипулации.

Македонците поради немоќта и пасивноста самите да се спротивстават на САД и ЕУ гледаат со наклонетост на силната Русија, која можеби е единствениот начин да се воспостави поголема рамноправност меѓу силите. Можеби на тој начин ќе ја истуркаме нашата кауза како што Албанците ја истуркаа својата.
Одамна требаше да ни стане јасно дека под мишката на САД има место само за еден, а тоа веќе се Албанците.
 
The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
6.873
Поени од реакции
12.977
Интересно е пишуваат информации од ББС, но кога ти ќе пастираш од РТ или било кој руски медиум. Ти велат пу пу не важи твоето, не ти се објективни медиуми. Ајде еве едно видео, од објективен медиум кој си го работеше она што најдобро го знае.Ќе биде најдобар пример на се тоа што се случува. Каква селективна меморија и двоиличност има кај луѓето,нема потреба зошто да се жалиме на ЕУ, кога ни самите не сме подобри.
 
Член од
22 јануари 2005
Мислења
1.644
Поени од реакции
1.677
Кога соодносот на анти-руските со про-руските медиуми е драстично поголем во полза на првите, секое обвинение за немање објективност на вторите е чисто лицемерие.
Нема друг медиум освен РТ кој успешно се бори против целата медиумски оркестрирана пропаганда на Западот.
RT нема објективност. CNN нема објективност. Ако некој мисли поинаку, тогаш е наивен.
Најди извори од сите страни. BBC, RT, Тwitter, пријатели во Украина. Оформи свое мислење и искажи го на форумов, но не цитирај руска владина пропаганда за конфликт во кој што Русија е вмешана. Како што никој не е глупав да верува на CNN, никој не е глупав да верува на RT.
-----------------------------------------------------------------------------------

Зошто сојузниците на САД се најбогатите држави во светот, а сојузниците на Русија не се. Ајде да ги споредиме Украина, Белорусија, Казахстан со Германија, Јапонија, Шведска, Данска. Стави ги тука и новите Чешка, Естонија, Полска.

Зошто поранешните советски држави не можеа да дочекаат да се отргнат од руско влијание и не останаа неутрални или не се зачленија во новиот Сојуз на независни држави?

Македонците поради немоќта и пасивноста самите да се спротивстават на САД и ЕУ гледаат со наклонетост на силната Русија, која можеби е единствениот начин да се воспостави поголема рамноправност меѓу силите. Можеби на тој начин ќе ја истуркаме нашата кауза како што Албанците ја истуркаа својата.
Јас како што реков, разбирам зошто многумина ги мразат САД. Но, во Македонија не сме осетиле што значи руска контрола. Благодарение на Тито. Во поранешните советски држави знаат.

Македонија не може да му се спротистави ни на САД и ЕУ, ни на Русија. Македонија може да одбере од две зла, помалото. Полска, Чешка, Естонија одбраа ЕУ. А знаеш како се рекло, не прашувај гаталец, прашај паталец.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.711
Поени од реакции
33.940
Интересно е пишуваат информации од ББС, но кога ти ќе пастираш од РТ или било кој руски медиум. Ти велат пу пу не важи твоето, не ти се објективни медиуми.
Не знам дали на мене се однесуваше, (ама пошто јас пред малку линкав ВВС колумна) морам да приметам дека не си ја ниту пролистал истата. Написот кој предмалку го линкав не е од новинар на ВВС туку е од Фјодор Лукјанов, едитор на журналот Russia in Global Affairs, и претставува прилично реална слика за работите.

BBC се сепак за добра мера пообјективни од типичните западни (американски) медиуми. Во нивните вести/колумни има доволно факти за да (во комбинација со малку здрав разум) се изгради релативно реална слика за случувањата.
 
Последно уредено:
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.835
Поени од реакции
36.871
Денес партијата на Јанукович излегла со соопштение во кое што тврди дека Украина е измамена од Јанукович и неговите најблиски соработници. Исто така говорат како Јанукович треба да одговара за криминалните наредби со кои загинаа луѓе.

Локацијата на поранешниот министер за внатрешни работи е сеуште непозната.

Во меѓувреме митинг во Севастопољ со руски знамиња и знамиња на руската воена флота во кои што граѓаните повикуваат дека Крим нема да остане во ваква Украина.

Допрва ситуацијава во Украина ќе се закашкува...
 
Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Значи Република Северна Осетија ќе отвара амбасада во Република Кримска.
 
Последно уредено од модератор:

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
RT нема објективност. CNN нема објективност. Ако некој мисли поинаку, тогаш е наивен.
Најди извори од сите страни. BBC, RT, Тwitter, пријатели во Украина. Оформи свое мислење и искажи го на форумов, но не цитирај руска владина пропаганда за конфликт во кој што Русија е вмешана. Како што никој не е глупав да верува на CNN, никој не е глупав да верува на RT.
-----------------------------------------------------------------------------------
Нема апсолутно никаква штета од изнесување на чисто руски ставови, токму поради сузбивање на пренатрупаноста со западњачки вести.
Вистината е најверојатно некаде по средина и добро е да се прави споредба на информациите.

Зошто сојузниците на САД се најбогатите држави во светот, а сојузниците на Русија не се. Ајде да ги споредиме Украина, Белорусија, Казахстан со Германија, Јапонија, Шведска, Данска. Стави ги тука и новите Чешка, Естонија, Полска.
Можеби затоа што сојузниците на Русија не се бивши светски колонизаторски сили? Можеби затоа што не го стекнале своето богатство со експлоатирање на други послаби држави?

Причините поради кои западните држави уживаат подобра благосостојба не се должи на сојузништвото со САД.
Единствената причина за развојот на сите горенаведени земји е отварањето на пазарот од страна на западот, а не анти-руски мерки и сојузништво со САД.
Придобивките од пенетрирањето на рускиот и западниот пазар се потполно исти.
Најголем економски партнер на ЕУ е Русија, а не САД.
Рускиот пазар е најзначајниот emerging market заедно со сојузниците од БРИКС, а не САД или ЕУ. Иднината на сите постоечки и потенцијални економии ќе биде во голема мера одредена преку освојување на овие пазари.

Зошто поранешните советски држави не можеа да дочекаат да се отргнат од руско влијание и не останаа неутрални или не се зачленија во новиот Сојуз на независни држави?
Веројатно поради истата причина поради која сите поранешни колонии на западните сили со векови војуваа за конечна независност.
Русија по ништо не се разликува од Шпанија, Германија, Британија или Франција.

Русија не е повеќе СССР од пред 60 години, како што Германија не е хитлеровската нацистичка држава.

Јас како што реков, разбирам зошто многумина ги мразат САД. Но, во Македонија не сме осетиле што значи руска контрола. Благодарение на Тито. Во поранешните советски држави знаат.
Твоето толкување на историјата се темели врз потенцирање единствено на лошите страни на Русија. Исто како што известува и CNN.
Прашај ги Полјаците за германската окупација, Словаците за унгарската 10 вековна окупација.
А после провери колку милиони Руси загинале за нивно ослободување, вклучително и за ослободувањето на нашите источни соседи од Турција.

Кога ќе одиш во Виена под дворецот Белведере стои позлатен споменик во чест на победата на советската војска. Со златни букви е испишано следново:
"Eternal glory to the heroes of the Red Army who fell in battle with Germano-fascist occupiers - for the freedom and independence of Europe."

Македонија не може да му се спротистави ни на САД и ЕУ, ни на Русија. Македонија може да одбере од две зла, помалото. Полска, Чешка, Естонија одбраа ЕУ. А знаеш како се рекло, не прашувај гаталец, прашај паталец.
Не се работи за спротивставување туку за имањето резервна перспектива.
Русија одиграла клучна улога во историјата за многу земји, имала пресуден придонес да се создаде денешната република во рамките на повоена СФРЈ. Слободно наведи го придонесот на ЕУ досега :)

Што се однесува до паталците, слободно прашај ги луѓето во Шпанија, Португалија, Словенија и Грција колку им е добро сега :)
Има многу темни и светли примери од ЕУ, а според односот на ЕУ спрема Македонија некако слабо ми дава надеж дека ние ќе бидеме следната Чешка или Естонија.

Доколку ЕУ е зависна од Русија, како енергетски така и политички, не гледам најмала причина зошто не би требало да водиме иста политика на интереси и со едните и со другите.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom