Што му фали на Скопје?

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување
-На Скопје му фали повеќе зеленило. Нека направат повеќе паркови со дрвја наместо плоштади.
-Сообраќајна култура.
-Повеќе сообраќајни знаци.
-Почист Вардар.
-Повеќе паркинзи или подземни паркинзи наместо катни гаражи.
-Подземна сообраќајница (најмногу од се, 2 саата си одам од Центар до Ѓорче)
-Повеќе кинески ресторани наместо сендвичари.
-Да се прошири кејот за спорт и рекреација целосно и од другата страна на Вардар.
 
сведска престолнина 1
 
Селење на провинцијалците, значи ѓорче, влае , карпош, капиштец, тафталиџе, црниче, кисела вода, општина аеродром (без горно и долно лисиче) да станат населби на духови. Па ќе видиш како ќе пркне внатрешноста кога овие ќе се вратат во родното место
И косоварите и тазе доселените македонски албанци
 
Барем малку култура... Ех село, село... Големо село.
Можете да им позавидите на половина од селата во Македонија.
 
Мене ова ми фали, ова беше мојата генерација..

КАДЕ СТЕ ГЕНЕРАЦИЈО ?



Каде сте генерацијо, каде сте пријатели? Шетам, ве барам низ град, по дискотеки, барови, збутани андерграунд места, ве нема...Ве гледам само на Facebook, во гужви дека ќе се видиме од понеделник, дека сте фатиле цури и момчиња и како да потонавте под скопскиот асфалт што заедно го газевме, го величевме, го повраќавме...

Каде сте генерацијо, каде сте вие што искачавме во Булевар, во Елемент, каде што заедно игравме со Север домецот, каде што мушките беа ДРИМ ТИМ на Кице и Ивица, девојките се делеа на ФАРД и ACID WEAR, каде што се играше на РАЦЕ ГОРЕ, каде што се лапаше на ѕидот до WC-то, каде што после одевме на јадење во Мекдоналдс и се зимаа мобилни бројчиња за да и испратиш СМС со последните 5 денари...

Каде сте генерацијо, вие што искачавте во АМГ и БЕНЕТОН на кафе, во Амати на палачинка, во Лулу лептокарија, во Милениум на Ким автобуската, во Ла Фабрик кај Фреди, во Шевињон во ГТЦ, вие што го имате фатено старото Колосеум...вие што ги делевте луѓето на кремци од ЈБТ, на гикови од Корчагин, на дрводелци од Ѓорѓи, на тие од Карев,Орце и Борис...каде сте генерацијо?

Каде сте генерацијо, вие што искачавте во Маракана,што го слушавте вистинскиот Пеце,тие што се палеа на Леа од Funky Panks, што здивот запираше на младата Светле од South Park, што пиевте во парк со гитара, што пиевте вино со степ лајт, што се јачевте на МЗТ и РАБОТНИЧКИ, тие што ја вртеа SNAKE на NOKIA 3310, тие што одевте летно време во Охрид во Планет, тие што седеа на сепариња, што се „опуштаа“ на маалските клупи.

Каде и да сте генерацијо, држете се.... некогаш застани, потсети се на маалските, испиј едно пиво со нив, пиши му на оној кој ти ја наместил првата девојка, не ја врти главата на спомените, пружи му рака на оној што мислиш дека го знаеш од тие денови, насмеј се пријателе, кажи му БЛАГОДАРАМ на СКОПЈЕ што ти го пружи тоа...Каде и да сте генерацијо, НЕ ДАВАЈТЕ СЕ, треба да му се одолжиме на Скопје на ваков или онаков начин!
http://www.urbancult.mk/cult/urbano/item/1368-kade-ste-generacijo#
 
На Скопје му фали култура на музиката и изразување ... Ние сме со музички тренд 10 години подоцна задоцнување ...
 
Roller coaster
.
kings-dominion-roller-coaster.jpg
 
прво неопходно зеленило и почист воздух.
И после Планина за скијање или плнински туризам за викенд, како што имаат Битола, Струмица, Гостивар, Кочани.[DOUBLEPOST=1392715636][/DOUBLEPOST]а да и “споменици“ му фалат :)
 
Се му фали, од култура во однесување на неговите граѓани, до убав изглед, до се повеќе културни и музички збиднувања.
 
Селење на провинцијалците, значи ѓорче, влае , карпош, капиштец, тафталиџе, црниче, кисела вода, општина аеродром (без горно и долно лисиче) да станат населби на духови. Па ќе видиш како ќе пркне внатрешноста кога овие ќе се вратат во родното место
И косоварите и тазе доселените македонски албанци
Чекај,чекај...дали тоа сакаш да кажеш дека само во Центар и горно и долно Лисиче се старите скопјани, а во секоја друга населба се провинцијалци? Или погрешно те разбрав?
 
Поголема и поасална зоолошка.
Асален луна парк.
Повеќе кина.
Аквапарк.
Асални дискотеки.

И најбитното луѓето да се опаметат конечно! :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom