Vartolu
1897 Fighter
- Член од
- 29 декември 2007
- Мислења
- 14.992
- Поени од реакции
- 5.607
Околу моменталната состојба во Украина:
1. Демонстрацииве почнаа поради незадоволството на Украинците, тоа е факт. Како што е очигледно дека тоа го искористија и службите од повеќе земји да инфилтрираат „демонстранти“ и агентури за да си исполнат свои интереси, и да ја насочат Украина кон една или друга насока. Тоа го прават свесно и по смислено и доста извежбано сценарио по арапските земји. Дури и моментот е погоден за време на Олимписките игри во Сочи, за да нема позначително вмешување од страна на Русија (барем до нивниот крај), поради страв од домино ефект и непредвидливи ситуации, не дека и нив им е гајле за Украина ама сепак. Секоја надворешна страна си се води само од интереси, буквално на никој не им е битно како им е на Украинците.
2. Украинците мора да си решаваат сами за својата судбина, ама буквално сами. Без кој и да е странски центар на моќ, независно дали источен или западен.
3. Граѓанска војна е нешто најлошо што може да се случи во една земја. Јанукович ако е патриот и ако и сака добро на земјата, уште веднаш треба да поднесе оставка, и одма на општи избори. Дали му е наместено или не, тоа е друга тема, праведно или не, тоа е реалноста, и мора брзо да реагира. Треба да се поучи во не така далечното минато (Либија,итн), ако не му се лежи во затвор нека поднесе оставка, и директно во Русија. Немирите ескалираа, и тој има алатка за запирање на немирите. Во ситуацијава најмногу губи народот, а секој лидер мора прво да мисли на народот.