Како тебе има такви многу што кренале раце не само од фудбалот во Македонија, туку и од Македонија.
Јбг ама историјата говори дека на следниот прв подем и успех, таквите одеднаш се враќаат од никаде, и се прават најголеми Вардарци, и ќе кажуваат за некој дека се хулигани и што ти ја знам.
Јас се чуствувам горд кога гледам како сите околу мене се караат за Барса, Манчесетер, Реал, Милан, одлаечени илјадници км од самите клубови, максимум што би можеле да си дозовлат да ги гледаат тие клубови во живо е 2-3 пати, а никој не ги ебе ни 2% од тие клубови овие навивачи, нити можат да издејстуваат нешто доколку не се работи правилно во клубот. Е за разлика од нив, јас Вардар можам да си дозволам секој тренинг да го гледам, во Вардар се слуша и мојот глас, како најзагирежни за клубот, на Вардар му помагам колку толку со плаќањето карти. Сеа кога ќе има фан шоп и со купувањето од тој фан шоп. Во Вардар кога некој не правилно работи можам да изреагирам и да му посочам, па дури и мењавање на таа особаод функцијата.
Ако Вардар немал успех, не знам кој имал од Макеоднија, ако Вардар нема традиција и историја не знам кој има. Едно да ти кажам, во последно време во Македонија новинарчињата наши ги прават брендови сите клубови што ќе им ги напунат џебџичањата, ама тие колку и да плаќаат едно не можат да купат историјата што ја има Вардар, а ниеден клуб, било ракомет, кошарка, одбојка не се ни приближно колку ФК Вардар, за сите тие брендови, ФК Вардар е институција. А ако додаеш и историјата како СД тогаш уште поголем станува тежината на името Вардар во македонскиот спорт.
И ова за крај да ти го кажам, тоа што вие го гледате на телевизија, ние си го живееме тука, може не е тој квалитет на фудбалот како тој на тв, ама страста е иста, како вие што ги слушате тие воздишки во решавачаките моменти кога ќе се промаши шанса, така ние ги во 90+ мин за гол на омилениот тим, така ние тука се радуваме. Јас одам за Вардар, не за квалитетот на фудбал. Квалитетот некад е подобар некад е послаб, ама мене не ми е толку битно тоа, битно Вардар да победува.