Украина на работ на граѓанска војна?
Ситуацијата во Киев ја достигнува критичната точка. Власта најавува дека ќе ја употреби војската против вооружените демонстранти. Демонстрантите ги заземаа зградите на државната телевизија, радиото како и главната пошта. Јануковиќ го смени началникот на генералштабот на украинската војска
Беснее насилството во Киев. Откако демонстрантите ја заземаа зградата на државната телевизија и радио, како и главната пошта, власта најави дека ќе ја употреби војската. Се очекува нова пресметка на полицијата и демонстрантите на Плоштадот на независноста.
Како што јавува „Раша тудеј“, демонстрантите ја користат зградата на Поштата како штаб за радикалната група под името „Десен сектор“.
Полицијата и демонстрантите се подготвуваат за нови пресметки во Киев. Неколку илјади полицајци се распоредени околу Мејдан, а опозиционерите подготвиле стотина Молотови коктели.
Во меѓувреме, претседателот Виктор Јанукович го смени началникот на генералштабот на украинската војска, Владимир Заман, и на негово место го постави адмиралот Јуриј Илин.
Украинското министерство за одбрана предупредува дека ќе ја употреби војската против вооружените демонстранти.
Во досегашните судири настрадаа 26 лица, а повеќе од 700 се повредени. Меѓу загинатите се и десет полицајци.
Рускиот Кремљ, ги оцени случувањата во Киев како обид за државен удар и порача дека не смее да се случи југословенското сценарио.
Сергеј Лавров апелираше на функционерите на ЕУ да ги искористат своите врски меѓу лидерите на опозицијата и да ги натера да седнат да преговараат.
Покрај санкциите за Украина, кои утре ќе ги разгледува Советот на министри на ЕУ, Брисел најави и дипломатска офанзива.
Претседателот на ЕК, Баросо во телефонски разговор со Јануковиќ побара итен прекин на насилството.
дали во скоро време е можна поделба на Украина на два дела западен и источен интересна е анализата на Мирослав Лазански дадена уште од 13 декмври 2013