Стечајци

  • Креатор на темата Креатор на темата Someday..
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
30 април 2013
Мислења
674
Поени од реакции
1.294
Законот за стечајци е изгласан. Од петок започнува неговата примена.
Со овој закон се опфаќаат сите невработени лица, кои имаат работен стаж од минимум 25год, а добиле отказ поради стечај на фабриката или технолошки фишок во периодот од 2000 до 31.12.2013година.
Иако имаше најавено измени на законот од 2008год со кои се опфаќаа само лицата со раб. стаж од мин 25г и прекин на работен однос,
не по своја вина во периодот од 2000 до 2004год., и со него опфаќал околу 1000лица, од кои дали половина добиле паричен надомест до пензија,
сепак со овој закон се продолжува истата постапка само за подолг временски период.
Поточно, беше најавено дека измената ќе се состои од тоа дека лицата кои вкупно имаат работен и бенифициран стаж од мин 25години да добиваат паричен надомест се до пензија,
но тоа не се случи и покрај сите ветувања..
Зошто воопшто на никому не му е гајле за оние лица кои не ги исполнуваат условите за овој закон. Значи се работи за некаде околу 7000 души кои немаат што да јадат.
Каде и да се обратат вратите им се затвараат. Работа не можат да најдат, затоа што за нејзе се премногу стари.. пензија не можат да добијат затоа што се млади.
Помош од никаде. Дали добиваат социјално? И тоа е под знак прашалник.
Што е со овие луѓе? Зарем треба да бидат оставени на улица, како и што се?
Зарем до толку на никого не му е гајле за нив?
Секој нивен обид за штрајк е премолчуван и заташкуван од страна на МВР.
Овој во Куманово, чудно но трае нешто подолго од обично, иако и тој го класифицираат како уште еден обид на СДСМ против власта.
Во меѓувреме овие луѓе се оставени сами на себе. На милоста на останатите.
Зарем толку нема пари државава да ги финансира барем до пензија? Тие не бараат многу, нив и 100евра месечно им зачат многу. Сепак се е подобро од ништо, нели?
Додека во меѓувреме пред буквално секои избори упорно се покачува пензијата, де 2%, де 5% итн. Успат имаат секакви бенефиции: бесплатна бања, бесплатен превоз, попуст во овој маркет, попуст во оној итн.
Или пак, едноставно.. нивниот глас не вреди колку оние на пензионерите? Да не случајно сакаат да го намалат бројот на идните пензионери?
Нека не се секираат, тој дел и онака им е делумно олеснет со оглед на фактот колку лица се иселени од Македонија.
http://www.dnevnik.mk/?ItemID=709928B39488F44DAB67E01E2F9DCE02
http://www.utrinski.mk/?ItemID=02617DD013389A4489C76B110ADD3AF5
http://www.24vesti.mk/eskaliraa-protestite-na-stechajcite-policijata-upotrebi-sila
 
Кога овие луѓе ќе умрат и (хипотетички) ќе отидат во пеколот, се прашувам колку време ќе им треба да сфатат дека не се во Македонија повеќе?
 
Последно уредено:
Да не наполнеше мајка ми години за пензија во 2012 ќе ја фатеше законов сега, тоа што од десет години претходно беше стечаец без приход мање битно... и да, ако не кажав, не значи дека татко ми не замина на онај свет недочекуваќи 64 за да и тој фати пензија кога веќе недоживеа вакви стечајни надоместоци... брзо ви текна ХХХХХХХ ХХХХ ХХ ХХХХ !!!
 
Ахххххх оваа наша влада,овие наши НЕРАНИМАЈКОВЦИ !!!!
За се имаат пари само за стечајците не ,ЖАЛНО!:(
Кога веќе ги спомна пензионерите,мислам дека ГУЕСКИ инвестира во пензионерите само тие останаа во Македонија,си има сигурни гласови за избори,најлесно се манипулира со нив !
А останатите нека живеаат крпен живот КУПИ ДЕН ПОМИНИ!!!:mad:
 
На стечајците не може да им се верува.
 
Не навлегувам кој е прав кој крив и дали треба да се вклучат сите стечајци во законот и дали воопшто може да се вклучат не сме ние државасо буџет 100 милијарди ама протестов од стечајциве беше смешен. Горе па оваа напишала заташкуван од МВР? Ало кој и да се тие луѓе пробаа да влезат во владата на република Македонија да пробијат кордон од полицајци? Дали знаеш што ќе им се деси на некој ако проба така да влезе во белата куќа? Ќе испарат од земјава. Тешка инструираност и манипулација пола СДСМ на протестот во позадина старциве пуштени напред. Една работа е лоша, нема јајца државава ко ќе уапси некој да го држи до крај излегле курци палци хелсиншки комитети незнам што и одма ги ослободија.
 
Абе политика е тоа да останат само стечајците што не сменија дрес.Ако не за друго барем за кординирани проблеми со опозицијата се способни.
 
Не навлегувам кој е прав кој крив и дали треба да се вклучат сите стечајци во законот и дали воопшто може да се вклучат не сме ние државасо буџет 100 милијарди ама протестов од стечајциве беше смешен. Горе па оваа напишала заташкуван од МВР? Ало кој и да се тие луѓе пробаа да влезат во владата на република Македонија да пробијат кордон од полицајци? Дали знаеш што ќе им се деси на некој ако проба така да влезе во белата куќа? Ќе испарат од земјава. Тешка инструираност и манипулација пола СДСМ на протестот во позадина старциве пуштени напред. Една работа е лоша, нема јајца државава ко ќе уапси некој да го држи до крај излегле курци палци хелсиншки комитети незнам што и одма ги ослободија.
Човек, дај те молам оди на Грујо лижи му го г***т и мавни се од темава. И онака не знаеш ништо паметно да кажеш.
 
Мајка ми не ја фаќа само за 4 ебани месеци.
 
Во меѓувреме има 60 годишници кои дигаат и копаат секој ден можеш да ги најдеш позади рамстор. Едни работат други 20 години чекаат помош.
 
Мојата за 2дена. Значи за 2дена се работи, не за 2години.
Не ми е јасно мене тоа. Мајка ми има 24 год + 2 години под завод значи вкупно 26 години. Со стариот закон не и ги рачунаа тие 2 год под завод. Сеа со новиот дали влагаат тие 2 год од завод, не сум упатен многу али највероватно не влегаат
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom