Им начука 4 гола,од кои 3 во неважен натпревар.Но да, дадоа 4 гола.Во двомечот постигнаа гол помалку,тоа во нокаут фаза те носи дома.Така и со Барса,џабе да им лупнат 5,ако примат 6.
Фернадињо се враќа.Испадна дека дечкото е еден од најважните во тимот.Туре не може да ги сработи 100% тие прљави работи,тој е елеганција во движење.За одбраната многу поважен е Фернандињо.Гарсија,Милнер и останатите не можат да го сработат тоа.
Барса игра нешто слично како лани.Фактор X ми е Нејмар.Доколку не направи нешто јако тој,не знам што би направиле истите играчи кои де се повредуваат,де врскаа немаат.. Голема среќа што не игра Агуеро,за возвратниот би требало да се врати.Џеко промашува многу ама излага во шанси нон стоп.А плус е висок,на оние џуџиња проблем ќе им прави. Негредо би требало да игра,тој ем грамада ем брз е како лисица.

Многу опасен играч,ѕвер.Само глуперди навивачи,му праат буууу.Иако очигледно е дека тој со тоа добива уште поголема мотивација,во 92-ра минута со Челзи пожртвувано клизач се фрла кај аутот и им направи фаца ха?
Ако Сити не ја искористат физичката предност нека се убијат.Натрчување не треба со нив,смирени акции и се губат како теле во шарена врата.
Најинтересни ми се муабетите за Меси против Баерн дека бил повреден.Тој се скина од трчање,ама све забарикадирано беше.Чави не можеше топката да ја изнесе,само Бартра се виде на тој натпревар.После некое време се враќа против некоја бош екипа и прави соло акции,дава голови итн и сите Меси Меси Меси

,а со Баерн повреден,не можел да оди.
Па ако е така,Руни не да беше повреден,не требаше да го пуштат ни од болница кога играа против Баерн пред некоја година.
Швајнштајгер пола сезона играше повреден,исто така и Пишчек.Се жртвуваа за екипите.Пишчек 5-6 месеци одмараше,а Басти некои 2-3 месеци,за потоа во Ноември уште една тура од 3 месеци.
Нема двојба дека беше имаше повреда што го мачеше,но штом е на терен и играше колку што му дозволуваа противниците,сигурно не беше за жалење.Да не повторувам,ама знаете какви важни играчи беа Швајнштајгер и Пишчек.Со сериозни повреди втората полусезона ја завршија, и тоа не шетаа на теренот,него кинеа се живо и диво.
Чисто оправдување,мада ни Меси не ги спасуваше после потопот 0-4 со само една сериозна шанса.
Оние со Ла Децима најсероизен конкурент се како што стојат работите.Мада малце им зарѓа Кики пред телевизор сега.
Леверкузен,Шалке,Јунајтед,Олимпијакос,Милан,Ат.Мадрид,Арсенал,Галатасарај,Зенит и Дортмунд се екипи кои немаат никаква шанса да ја освојат лигата на шампионите.Без разлика дали ќе поминат во 1/4 или не.Некои од неискуство,некои што немаат поима,некои што немаат муда од лабуда.
Како што стојат работите Ла Децима,Барса,Сити,Челзи и Баерн се најсериозни претенденти за трофејот.Барса не ги отпишувам поради фактор X,мада за мене се веќе потрошена роба.
Единствено не знам што да очекувам од ПСЖ,сериозна екипа со тренер од рангот на Мојс.















