Документарци

  • Креатор на темата Креатор на темата humanoid
  • Време на започнување Време на започнување
Zeitgeist (2007)
http://www.imdb.com/title/tt1166827/
Синоќа го гледав документарецов и ме воодушеви.Поприлично контроверзен документарен филм поделен во три дела, првиот посветен на религијата, вториот на 11 септември, а третиот на парите и банкарските кругови и како се профитира од војните. Имате разработка на факти и податоци од кои човек може комотно за глава да се фати и мислам дека нема шанси да го изгледате до крај , а да не добиете впечаток дека животот ни е толку небитен во време кога глобализацијата ги брише границите. Имате и спорадични теми како влијанието на мас медиумите и правилото раздели па владеј. Имаше една многу добра мисла во документарниов: Ние имаме голем проблем зашто во моментов вие ме слушате мене.
Моја препорака до сите да го ѕирнат.
 
Zeitgeist (2007)
http://www.imdb.com/title/tt1166827/
Синоќа го гледав документарецов и ме воодушеви.Поприлично контроверзен документарен филм поделен во три дела, првиот посветен на религијата, вториот на 11 септември, а третиот на парите и банкарските кругови и како се профитира од војните. Имате разработка на факти и податоци од кои човек може комотно за глава да се фати и мислам дека нема шанси да го изгледате до крај , а да не добиете впечаток дека животот ни е толку небитен во време кога глобализацијата ги брише границите. Имате и спорадични теми како влијанието на мас медиумите и правилото раздели па владеј. Имаше една многу добра мисла во документарниов: Ние имаме голем проблем зашто во моментов вие ме слушате мене.
Моја препорака до сите да го ѕирнат.

Чек сега да видиш кога ќе ти се јави Анти - Зајтгејст движењето да ти каже дека сите што веруваат во заговори се глупави и дека теориите за заговор се заговор против оние што знаат дека нема заговор... :pos: Ако ти е тешко да го разбереш ова без гајле, ни јас ништо не ги разбирам.

Енивеј, види го вториот дел, поконтроверзен е.
 
Го има некој гледано House of Numbers?Од рекламата што ја гледав на ТВ ми се виде интересен ама не го најдов и не сум го гледала уште.Треба да го барам или...
 
Zeitgeist: Addendum
http://www.imdb.com/title/tt1332128/
Откако го изгледав првиот дел го најдов и вториот кој морам да признам дека многу повеќе ми се допадна. Одличен документарец посветен на монетарниот систем и капитализмот кој нуди решение за сегашните проблеми преку технологијата. Може да се каже дека нуди создавање на нов систем кој не е идеален секако, но е подобар од сегашниот. Изгледа како футурама но засега , инаку идеите се и повеќе од прифатливи. Свет без пари базиран на распределба на ресурси без посредство на банкноти? Можно ли е?
Two Thumbs Up за документарецов.
 
Дали некој мози да ми даде ликн да го спуштам Името е име - новиот македонски документарец
 
Новиов документарен филм на Бол ќе биде нешто, Аушвиц. Излегува на крајот од годинава. Ако режисерот не ви е познат никому ништо. Ако ви е познат по неколкутe лоши филмови, навистина треба да го запознаете и по неговите добри.

Како и да е, трејлер. ВНИМАНИЕ, СОДРЖИ ВОЗНЕМИРУВАЧКИ (ГАДНИ) СЦЕНИ


Фацава, германацот, е самиот режисер.
 
How The Universe Works

howtheuniverseworks.jpg


Мини серијал од 8 епизоди издаден од Discovery Channel во кој ке научите многу за универзумот, како тој функционира како систем, за црните дупки и нивната улога, за внатрешноста на ѕвездите и многу други работи и сето тоа проследено со убава графика.
 
Carl Sagan's Cosmos 9.5/10 имдб -Серијалот има 13 епизоди мое лично мислење е дека се работи за најдобриот научен серијал од кој може многу да се научи.

cosmoscover.jpg


Stephen Hawking's Universe 8.6/10 имдб -Серијалот има 6 епизоди

stephenhawking.jpg



За сите љубители на астрономијата и науката и сите што имаат прашања во врска со универзумот или вселената како сакате, се за тоа како настанала, научни сознанија и многу работи поврзани со науката и астрономијата. Двајцата и Саган и Хокинг имаат огромен придонес во науката и се сметаат за најдобрите во нивната работа, посебно Хокинг кој сеуште е активен и моментално е најголемиот "мозок" во науката. Препорачувам да се гледаат и двата серијала, би му дал прво предност на Cosmos па потоа Stephen Hawking's Universe. :)
 
дечки, со отепав од барање на еден документарна серија во врска со војните во 20тиот век(освен првата светска војна) некако се викаше воени тајни или secrets of war, ги даваа одамна на тв тера битола.имаше некој епизоди за генерал ромел, енигма, за витенам,кореа итн.
многу беше интересна и имаше многу факти особено за втора светска војна.
ако најде торент за оваа или линкови од рапидшер слободно по пп да ме контактира :smir:
 
Документарни филмови

Тука ќе дискутираме за документарни филмови,може да пишете и ваша рецензија,зошто ви се допаднал тој документарец и се др поврзаано со нив

Јас го имам гледано документарецот на BBC PLANET EARTH
001316c5_medium.jpeg

кој е поделен во неколку епизоди и стварно ептен е добро снимен и доста интересен секоја епизода има своја приказна од која може да се научи нешто
 
Влера го гледав how bruce lee changed the world и го препорачувам на сите . Топ е
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom