Скопскиот земјотрес '63 (Општа тема)

H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Одлуки како ќе се води Скопје и решенија. Првиот број на Службен Весник по земјотресот.
http://www.slvesnik.com.mk/Issues/8C2383A2736F4433A928D08BED1FC23C.pdf

НАРЕДБ А
ЗА ЗАДОЛЖИТЕЛНО УЧЕСТВО НА ГРАЃАНИТЕ
ВО ОТСТРАНУВАЊЕТО НА ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД
ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО ГРАД СКОПЈЕ И ОКОЛИНАТА'
Со цел да се отстранат последиците од земјо-
тресот што го зафати градот Скопје и околината, а
особено да се обезбеди спасување на затруените
граѓани, да се расчистат урнатините како и да се
отстранат опасностите од епидемии и други појави,
се наредуваат следните мерки:
I
Се задолжуваат сите машки лица од 18—55
годишна возраст ,на подрачјето на град Скопје и
околиите Тетовска, Титоввелешка и Кумановска, да
учествуваат во расчистувањето на урнатините и спа-
сувањето на загрозените лица на подрачјето на град
Скопје.
Лицата од претходниот став се должни да уче-
ствуваат во спроведувањето и на сите други акции
сврзани со остварувањето на целите утврдени со
оваа наредба.
II
Сопствениците и корисниците на сите превозни
и технички средства што можат да се употребат за
расчистување на урнатините и извршување на други
слични работи се должни овие средства да ги ста-
ват на располагање на Градскиот штаб за отстрану-
вање на општа опасност во Скопје.
III
Штабовите на околиите од точка прва од оваа
наредба да се стават во припремна состојба и да ги
приготват обврзниците според оваа наредба за ука-
жување на помош што ќе ја побара Градскиот пггаб
на Скопје.
Општинските штабови за отстранување на оп-
ч шта опасност од подрачјето на град Скопје, веднаш
да преземат потребни мерки за извршување на за-
дачите што ќе ги одреди Градскиот штаб во врска
со искористувањето на помошта на претходниот
став.
IV
Се забранува самоволно влегување во оште-
тените згради во град Скопје.
V
Физичките и правните лица што не ќе поста-
пат спрема оваа наредба ќе одговараат според чл. 8
од Законот за задолжително учество на граѓаните
во отстранувањето на општа опасност.
VI
За извршувањето на оваа наредба ќе се грижат
општинските и градскиот штаб за отстранување на
општа опасност и органите на Народната милиција.
VII
Оваа наредба влегува во сила со денот на неј-
зиното донесување.
Бр. 1/63
27 јули 1963 година
Скопје
РЕПУБЛИЧКИ СЕКРЕТАР
ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ,
Боро Чаушев, с р.
201.
На основа член 90 од Законот за државната
управа во врска со член 1 став 2 и член 13 од Устав-
ниот закон за спроведување на Уставот на Соци-
јалистичка Република Македонија, а со цел да се
обезбеди непречено школување на учениците што
се евакуирани од Скопје по земјотресот, Републич-
киот секретаријат за просвета донесува


Ова е дел. Има и учениците како да се организираат за да не губат.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.409
Сите деца и ученици беа евакуирани,после неколку дена по катастрофата.
Во Скопје не остана ниту едно дете. Со малите деца одеа и мајките.
Сите беа качени во возови,кои постојано тргаа од разрушената станица.
Мајките плачеа,децата мафтаа со рацете и отидоа на север.
Се наполни цела Југославија со скопски дечиња. Беа одлично дочекувани и примени.
Возот во кој бев и јас не однесе најдалеку,бидеиќи веќе се наполни Србија и Ц.Г. и Зг.
Бевме сместени во Руше,близу Марибор.Летото помина. Отпрво имавме воспитачка,учителка словенка,потоа мислам дека требаше да почнеме и со „Школо“
и да дојдат наши учители,но јас и брат ми не сакавме повеќе да останеме,си ја баравме домата и им пишавме на родителите да не земат и тие за неколку дена дојдоа таму и така се вративме назад да го продолжиме школувањето тука во Скопје.

Ќе напишам друг пат повеќе за патот и пречекот.
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.382
Поени од реакции
38.795
Еве ви една уште една приказна.

Мојот прадедо во 60тите години се бавел со трговија на шекер и памук , и имал нова гланц шкода која поради многу роба морал на покривот да и направи нешто слично како денешните кровни багажи , но само што тоа го направил самопрајски и со многу тешки метални шипки. Тргнал за Скопје со негов другар уште во 1 часот по полноќ , околу 4 часа пред земјотресот за да го избегнат жешкото време. Стигнале некаде во 3ипол , и отишле во некој склад (за среќа изграден само од дрво) нешто слично како барака , кај што требале да ги растоварат намирниците. Завршиле со работата и таму имало уште 2ца кои работеле во магацинот , и бидејки им било попат го замолиле прадедо ми да ги пренесе. Само што влегуваат во колата , нема ни 5-6 секунди и почнува првиот потрес. Бараката паднала како кула од карти , и тешките греди кои биле на кровот паднале директно врз колата. Да не биле тешките метални шипки кои биле јако зацврстени на покривот колата ќе била направена тост. За среќа никој не бил сериозно повреден само мали исеченици од стаклото кое пукнало. Дедо ми за милиметар избегнал да остане без око кога парче стакло му удрило , и до ден денес му стои белегот. Еве го денес има над 90 години , и од тогаш нема отидено во Скопје никогаш.

Шкодата до пред 5-6 години беше во селото , целосно здрав мотор кој нема поминато ни 1000 км бидејки ја купил месец дена пред земјотресот. Стоеше таму цели 40 и кусур години , не подмрднета ни сантиметар како што била оставена кога ја донесол од Скопје во 63та. Планираше татко ми да ја реставира и да ја среди , еден американец нудеше 15 илади долари за да ја купи и да ја носи во Америка како олдтајмер , но за жал имаше многу јака бура во 2007 во селото каде што се откорна еден огромен стар даб и падна директно врз моторот , и го парчоса. Потоа ја фрливме на отпад и така.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.409
Приказна за познатиот пеач на народни песни Караѓуле.
Кој може некако да дојде до точни податоци за загинувањето на овој пеач за време на скопскиот земјотрес,нека ја сподели овдека таа тажна приказна.(јас некаде пишував)
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Приказна за познатиот пеач на народни песни Караѓуле.
Кој може некако да дојде до точни податоци за загинувањето на овој пеач за време на скопскиот земјотрес,нека ја сподели овдека таа тажна приказна.(јас некаде пишував)
Одма на Google излезе... http://www.youtube.com/watch?v=D_s5JpyvK0Q
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.409
Браво,колку си ме распиложил со ова што веднаш ќе ја гледам...
а јас пак незнам така да си побарам,а значи можело (и имало и за него емисија)
После земјотресот неколку години се збореше само за него(најповеќе)
Каков убав човек македонски Џемс Дин.
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Филм посветен на земјотресот... Многупати сум го гледал, уште од дете, обично го даваа на МТВ на 26-ти јули. Лани го даваа на Телма мислам.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.218
Поени од реакции
84.171
Мајка ми, баба ми, вујко ми, на одмор биле тогаш.
Тогаш на одмор се патувало ден-два со воз и таму седеле по месец дена (Јадранско море).
Коа се вратиле бараката им била срушена (живееле у населба Караџица - денес не постои или се вика другачие). Седеле у шатор некое време.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Денес од наши и странски представници беа положени венци и цвеќе на споменикот на Жртвите н земјотресот градските гробишта
Еве фоторепортажа
http://www.plusinfo.mk/vest/145217/GALERIJA-Polozheno-cvekje-pred-spomenikot-na-zhrtvite-na-katastrofalniot-zemjotres[DOUBLEPOST=1406378055][/DOUBLEPOST]
Од Скопскиот земјотрес поминаа 51 година. Тие што тогаш имаа 20 години сега имаа 71
ЈНА не постои од есента 1991
Како ЈНА реагирала е услови на земјотрес е прашање кое своевремно ги интересурало сите странски разузнавачки служби. И биди сигурен дека сите такви служби го имаат ова анализирано и сите имаат собрано многу информации околу ова и напишано извештаји и анализи.
Истото прашање било интересно за самата ЈНА. Биди уверен дека Генералштабот на ЈНА ги има собрано сите информации како ЈНА реагирала и има изработено извештаи и преземено мерки ако имало пропусти.
Но вакви извештаи се изработуваат во најголема тајност и се чуваат како најголеми тајни. Бидејќи со нив се покажува како ЈНА, или некоја друга армија, ќе реагира кога е во ненадејна опасност.
Ова што го пишува Долче веле, е некаква репортажа. Да имаше во неа нешто точно, ниту тогаш германските разузнавачки служби немаа да дозволеа да се објави. Ова се некои оговарања или можеби провокации.
Но факт е дека ЈНА одамна не постои. И тие што своевремено беа офицери или војници во ЈНА, се одамна умрени или се во пензија. Не заборави 51 година помина од Земјотресот
Но интерсно е зошто и денес се пласираат вакви „ вести “?
 
Последно уредено:

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.409
-„ Непосредно по катастрофата сите припадници на Армијата а посебно на Скопскиот гарнизон коишто и самите го преживееја катасрофалниот потрес,прибрано,смело и најорганизирано им притекнаа во помош на жителите на градот.
Само 30 минути по катастрофата војниците со својте старешини ја почнаа борбата организирана за спасување на затрупаните.
Само првиот ден тие млади луѓе во униформа спасива 322 животи.Во таа акција дојде до израз повторно солидарноста и братството и единството на нашите народи од сите краишта. Војниците покажаа самопрегор,пожртвуваност,снаодливост и лично јунаштво.
„Вие сте среќен народ,имате прекрасна армија“ - рече еден американски новинар,што беше дојден во Скопје.
---------------
За овие дејствија на Армијата има повеќе во книгата од Александар Матковски„Хроника за земјотресот во Скопје“
Луѓе-офицери од Армијата се и првите кој ја пратива веста за катастрофата до Приштина и Београд.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom