Прашање за Христијанството III

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Страстите или нагоните излегуваат на површина секако, тие се дел од човечката природа и нема ништо лошо во нив. Бракот е институција измислена од човекот, ако некој сака да биде дел од неа, негово право, но ако несака, никој нема право да му суди и да го нарекува грешен поради тоа.
Единствениот грев е да се оди контра својата природа.

Контролата на нагоните е својствена само за човекот и тоа е една од работите што човекот го прави човек а не животно.
 
Контролата на нагоните е својствена само за човекот и тоа е една од работите што човекот го прави човек а не животно.
Тогаш зошто му се потребни закони, казни и предупредувања?
 
Затоа што има луѓе на кои нагоните им се посилни од разумот.
И што мислиш, дали присилувањето да ги потиснат уште повеќе тие нагони, ќе го реши проблемот кај нив?
 
Семоќмиот и сезнаечкиот бог се покајал?

Ова ако може некој верник да ми го објасни, ако е сезнаечки точно знаел што и како ке се случи пред да го создаде светот и човекот, и сепак ги направил луѓето какви што ги направил (фалични) за потоа да ги казни?
Садиста?

И зашто на црквите и манастирите има громобрани?
На првиот дел нема да одговорам затоа што не гледам дека навистина тражиш одговор, а вториот дел, за громобранот, е за тоа да ги заштити таквите како тебе ако случајно влезат во црква или манастир. Кратко и јасно!
--- надополнето: 15 февруари 2014 во 15:19 ---
И што мислиш, дали присилувањето да ги потиснат уште повеќе тие нагони, ќе го реши проблемот кај нив?
Да ги контролираат не значи да ги потиснуваат. Голема е разликата. Со контролирње може да се победи целосно страста (или нагонот, како сакаш речи ја).
 
Последно уредено од модератор:
И што мислиш, дали присилувањето да ги потиснат уште повеќе тие нагони, ќе го реши проблемот кај нив?

Дали ќе го реши или не зависи од човекот но со сигурност ако им се даде полна слобода нема да се реши проблемот а напротив - ефект на лавина би се добило.
 
Дали ќе го реши или не зависи од човекот но со сигурност ако им се даде полна слобода нема да се реши проблемот а напротив - ефект на лавина би се добило.
Ефект на лавина создава и апстиненцијата. Случаите на педофилија кај христијанските свештеници се пример за тоа. Секоја крајност е погрешна.
--- надополнето: 15 февруари 2014 во 15:36 ---
Да ги контролираат не значи да ги потиснуваат. Голема е разликата. Со контролирње може да се победи целосно страста (или нагонот, како сакаш речи ја).
Првичниот муабет беше за потиснувањето и како тоа носело смиреност, не за контролирање. Инаку нагонот што е дел од твојата природа, никогаш неможеш да го победиш. Можеби привидно ќе го снема, но тоа ќе предизвика дисфункција на психички или физички план.
 
Последно уредено од модератор:
И што ке ти е тогаш вечен живот.

За да битисувам(е) вечно крај својот Творец...односно, за она за што и беше створен првиот човек.
 
Семоќмиот и сезнаечкиот бог се покајал?

Ова ако може некој верник да ми го објасни, ако е сезнаечки точно знаел што и како ке се случи пред да го создаде светот и човекот, и сепак ги направил луѓето какви што ги направил (фалични) за потоа да ги казни?
Садиста?
Бог не` создаде да бидеме бесмртни, ако сакаме. Нема ништо фалично, а уште помалку казниво во тоа.
И зашто на црквите и манастирите има громобрани?
Сети се дека Бог му ја даде на човекот, природата, а не обратно.
 
Ефект на лавина создава и апстиненцијата. Случаите на педофилија кај христијанските свештеници се пример за тоа. Секоја крајност е погрешна.
--- надополнето: 15 февруари 2014 во 15:36 ---

Никој не вели за тотална апстиненција кај мирјаните, забранета е прељубата. Православните свештеници се женети.
 
Последно уредено од модератор:
Никој не вели за тотална апстиненција кај мирјаните, забранета е прељубата. Православните свештеници се женети.
Па ни јас не зборував за тотална апстиненција, туку за тоа дали апстиненцијата има таков ефект - да смирува. Медицината вели дека нема, а и во реалноста може да се дојде до истиот заклучок. Добар оргазам има далеку по смирувачко дејство.
 
Големото чудо на Мајката Божја во Сирија


Декември 2004 година, Саудио-арабиец, муслиман, се појави пред неколку новинарски агенции, за да ја раскаже следнава неверојатна приказна, која ја доживеал и која го променила неговиот живот (Оваа приказна е пренесена преку ТВ и радио-станици, интернет и е раширена преку сите медиуми ширум цела Саудиска Арабија, Сирија, Палестина и се разбира, во сите соседни држави.
Пред неколку години овој човек се оженил со многу богата муслиманка, но неплодна. Како што минувале годините, и покрај сите нивни напори и големи медицински трошоци (со многу лекари), тие останале бездетни.Неговите родители го советувале да се ожени со друга жена (бидејќи локалниот закон дозволувал четири брака). Иако изморен од сè, загрижен и скршен тој не го прифатил родителскиот совет, туку со својата жена, отпатувал на одмор во Сирија. Таму изнајмиле автомобил со возач кој воедно бил и водач по местата кои планирале да ги посетат. Како што одминувал одморот, возачот забележал дека парот е полн со горчина, страдање и жалост. Зближувајќи се со нив, тој плашливо ги прашал зошто изгледаат така потиштено – да не е тоа, затоа што се незадоволни од неговата услуга? Парот му се доверил на возачот, дека причина за нивната тага е тоа што не можат да имаат деца. Тогаш возачот им рекол, кој исто така бил муслиман, дека во Сирија православните христијани, имаат манастир на Пресвета Богородица и многу луѓе кои немаат деца наоѓаат прибежиште кај Нејзината чудотворна икона. Тие одат во манастирот и добиваат масло од кандилото кое гори пред чудотворната икона. А потоа „Марија“ им дава на христијаните според нивната вера, сè што тие сакаат.
Очигледно возбудени Саудио-арабиецот и неговата жена го замолиле возачот да ги однесе во манастирот „Владичица на христијаните“ во Сајданај и му ветиле: „Ако добиеме дете, потоа ќе се вратиме овде и ќе ти дадеме тебе 20.000 долари, а на манастирот 80.000 долари.
Тие отишле во манастирот и направиле како што им било кажано. Подоцна, се вратиле во својата татковина и по некое време, жената останала бремена. Неколку месеци подоцна таа родила прекрасно момче. Тоа е вистинско чудо на нашата Владичица Богородица!
Набрзо, бидејќи неговата сопруга се породила, Саудио-арабиецот се вратил во Сирија за да го исполни ветувањето кое го дал. По неговото доаѓање тој му се јавил на истиот возач и го замолил да се најдат на аеродромот во Дамаск. Но, возачот, лукав и расипан, убедил двајца свои пријатели да дојдат со него на аеродромот, да го пречекаат богатиот Саудио-арабиец, да му ги земат парите и да го убијат. Додека го возеле, не знаејќи дека планираат да го убијат, им ветил на пријателите на возачот дека ќе им даде по 10.000 долари. Тие незадоволни од тоа, свртеле од патот кој води до манастирот, отишле на едно пусто место и го убиле Саудио-арабиецот, му ја отсекле главата и ги исекле на парчиња останатите делови од телото (раце и нозе). Заслепени од страв и совладани од ужасниот чин, кој штотуку го извршиле, тие ги ставиле неговите телесни остатоци во багажникот на автомобилот, плашејќи се да ги остават таму. Откако ги зеле неговите пари, часовник, и сè што имал, тие барале уште поосамено место за да го фрлат телото.
На главниот пат, среде патување, нивниот автомобил се изгасил. Тројцата мажи излегле да утврдат зошто се изгаснал моторот. Еден поминувач застанал да им помогне, но тие, уплашени да не се открие нивното страшно злосторство, се направиле дека не им треба никаква помош. Поминувачот заминувајќи забележал дека капе крв на задната страна од автомобилот и повикал полиција да провери бидејќи целата таа ситуација, со тројцата мажи, му изгледала многу сомнително.
Пристигнала полицијата и видела крв под автомобилот на патот, и им наредила да го отворат багажникот. Кога го отвориле багажникот, што ќе видат: Саудио-арабиецот излегол надвор, повеќе од очигледно и чудесно, жив и полн со сила и им рекол: „Токму сега, ПРЕСВЕТАТА заврши со шиењето на мојот врат, овде десно (покажувајќи им го местото на своето Адамово јаболко), откако претходно заврши со останатите делови од телото“.
Гледајќи го ова, тројцата криминалци веднаш го изгубиле разумот – полуделе. Полицајците ги привеле, а криминалците почнале да пелтечат како е можно Саудио-арабиецот, кого што го убиле, му ја отсекле главата, повторно да биде жив.
Саудио-арабиецот дошол на клиника да ги помине испитувањата на лекарите, кои потврдиле и посведочиле дека шевовите кои биле направени се многу совршени и нови, па тоа го потврдило чудесниот настан. Шевовите биле, а и уште се видливи!
Кога Саудио-арабиецот излегол од багажникот тој се видел себеси буквално, повторно составен, и тој непрестајно го тврди и исповеда тоа – дека ПРЕСВЕТАТА го вратила неговото тело и го воскреснала со помош на Нејзиниот Син.
Веднаш потоа, ги повикал своите роднини да дојдат во Сирија, и тие отишле заедно во манастирот „Пресвета Сајданајска“ и принеле молитви, пофалби и славословија, и наместо првичниот дар од 80.000 долари (како што ветил), сега дал 800.000 долари на Пресвета Богородица.
Денес, кога овој човек зборува во детали за ова огромно чудо, тој ја почнува својата приказна со зборовите: „Кога бев муслиман, ми се случи ова…“ што покажува дека тој веќе не е муслиман, ниту било кој во неговото семејство.
Ова чудо го вчудовиди целиот арапско-муслимански свет и целиот Близок Исток.
ОЖИВУВА ГОСПОД НАШИОТ БОГ, ГОСПОД ЧУВАР!
Братството на светиот Гроб
Ерусалимска патријаршија

http://vistinatakeveoslobodi.wordpress.com/2011/05/09/големото-чудо-на-мајката-божја-во-сири/
 
На првиот дел нема да одговорам затоа што не гледам дека навистина тражиш одговор, а вториот дел, за громобранот, е за тоа да ги заштити таквите како тебе ако случајно влезат во црква или манастир. Кратко и јасно!

Навистина тражам одговор.
Вака ми се чини дека не сакаш да одговориш затоа што ти е јасно дека приказната нема логика и е во најмала рака навредлива за сезнаечки и семоќен бог (кога би постојал) правејќи го несовршен.
Прости ако грешам и одговори ми.

А за громобраните, не ли може Јахве ваквите како мене да ги спичи со гром пред да влеземе во црква или манастир?
Или откако ке излеземе?

Семоќен нели, а не може своите цркви да ги заштити од гром?

Пак нема логика.[DOUBLEPOST=1392640139][/DOUBLEPOST]
Бог не` создаде да бидеме бесмртни, ако сакаме. Нема ништо фалично, а уште помалку казниво во тоа.

Барам коментар зашто „семоќниот и сезнаечкиот“ Јахве би се покајал и со потоп би ги потепал луѓето?
Семоќен и сезнаечки подразбира дека во моментот пред да ги направи Адам и Ева знаел што ке се случи, знаел дека ке се покае и сепак продолжил со креирањето знаееќи дека еден ден ке се покае и ке ги подави сите.

Ова е садизам во најмала рака. Додуше старизаветниот бог вакви гадости повеке пати прави.

Сети се дека Бог му ја даде на човекот, природата, а не обратно.
Значи ништо она „Божја куќа? Гром си е гром и си мава секаде.
 
Последно уредено:
За да битисувам(е) вечно крај својот Творец...односно, за она за што и беше створен првиот човек.

И на првиот човек му требал секс. Така да сексот испага дека излегол од Рајот.
А Јахве бил првиот пазач:P
 
Барам коментар зашто „семоќниот и сезнаечкиот“ Јахве би се покајал и со потоп би ги потепал луѓето?
Семоќен и сезнаечки подразбира дека во моментот пред да ги направи Адам и Ева знаел што ке се случи, знаел дека ке се покае и сепак продолжил со креирањето знаееќи дека еден ден ке се покае и ке ги подави сите.

Ова е садизам во најмала рака. Додуше старизаветниот бог вакви гадости повеке пати прави.
Освен садистичката критика која ја наметнуваш (се разбира без подлабока анализа), обиди се да претпоставиш (читај во контекст на цело Св. Писмо), зошто Бог интервенира во историјата (еве не го го исклучувам и садизмот, но разумно би било да не запреме само на тоа, корисно е да се потрудиме во интерес на осознавање на вистината за човечкото постоење)?
Значи ништо она „Божја куќа? Гром си е гром и си мава секаде.
Цел Космос е Божја куќа, која е дадена на располагање на човекот, оттука е еколошката одговорност, што те мачи ова прашање?
Тоа што управуваме со громот (читај Природата) ли, во случајов со твоево прашање или ...?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom