Точно е дека секој ден би излегувале само за да се возат, едноставен е одговорот зашо. Живеат у истите станови со нивните деца, кои веќе имаат нивна фамилија и вишок се и никој не ги сака. Нејќам да навредам некој али тоа е вистината, различни се генерациите и многу е тешко да живееш со некој постар дома, и да се нервираш со нивните "старо модни" мислења. Јас не сум израснал со баба и дедо, секако ги сакам многу, али друга прича е да живееш со нив. И пак ќе кажам нејќам да навредам на форумот некој, али таа е ситуацијата кога со овие плати човек неможе да се осамостои и најмногу шо може да се надева е ако има куќа да изгради уште еден спрат или да им напрај собичка плус на старите, ако си у стан е друга прича. Муабетот ми беше ги бркаат од дома, и цел ден во автобуси, на пазарче или по трговскиве центри се топлат. Знаев еден дедо, ми држеше приватни часови по математика, многу ефтин беше и не држеше дома часови туку одеше кај шо ќе го викниш, си даваше еден час фора да стигна на пример од К.В до Ѓорче за да оди да држи час кај друг некој, и он ми кажа дека гледа што помалце да е дома. Едноставно таква е ситуацијата, напнат сиромашен живот, нон стоп вести гледаат и тешко е да живееш со нив заедно. У Америка е друга прича, старите сами си живеат, замисли да живееш заедно со Клинт Иствуд у Гран Торино, душата ќе ти ја извади.