Мислам дека досега никој не го спомнал во дискусија новиот филм на Ричард Линклатер (Dazed and Confused; Before Sunrise Trilogy)
BOYHOOD. Филмот деновиве имаше фестивалска премиера на Берлин Филм Фестивал, и е еден од посериозните кандидати за Златна мечка. Што е толку интересно во проектот?
Она што е познато е дека филмот е сниман 12 години, во мај 2002 година, режисерот и авторот на филмот Линклатер изјави дека започнува со снимањето на нов филм кој има во план да земе во предвид приказна која се одвива во период од 12 години. Режисерот изјавил “
Многу долго чекав да раскажам приказна за односот родител-дете за момче од прво одделение па го следи се до заминувањето на колеџ. Но дилемата е што децата растат премногу брзо, па затоа го ангаржирав тогаш 7-годишниот Ellar Coltrane да го игра момчето како централен лик во приказната". Ричард снимал краток филм секоја година во последните 11 години, која што го следи развојот на детето од 6-18 годишна возраст.
Ethan Hawke се појавува во улогата на таткото, додека Patricia Arquette во улогата на мајката. Со сигурност може да очекуваме доста квалитетна 163 минутна драма кој веројатно ќе биде еден од најдобрите филмови за годинава.