Љубовни проблеми? Потребен ти е совет? Обрати се тука!

N

Nessa Alcarin

Гостин
Во тој случај не би дозволил да ме направат магаре како во тоа минато, од се има поука иако исти грешки се случуваат кога си заслепен од емоции и имаш надеж дека може да е подобро... Културно се лажеме во такви моменти кога горенаведените веќе не направиле магариња. Е тогаш се буди тоа дете ;)
Ќе бидеме и понатаму магариња драг мој Стром... Ќе бидеме и глупи и наивни и лажговци... Се ќе направиме за наредниот лик што ќе дојде во нашите животи. Многу брзо ќе ги заборавиме заветите што сме си ги дале сами на себе, после последната лузна на срцето. Се ќе се претвори во бледа слика, и ветувањата и емоциите и мислите. Се ќе биде заборавено пред шансата за повторна љубов која е пред нас.... Колку и да е сурова реалноста, не очекува животен век со разочарувања и падови, надевајќи се на тој еден лик кој ќе те спаси од се...
Доколку си доследен на зборовите дека нема никогаш да дозволиш да направат магаре од тебе, подготви се за живот во самотија. Зошто само тогаш знаеш дека нема никој да те изневери и напушти.
 
Џ

ЏинЏер

Гостин
Драга Саншајн,
Не бараш прв пат совет во темава. Тоа треба да ти е доволен знак дека нешто не штима во врската и дека истата никаде не води. Почетните месеци во една врска во принцип се најубавиот, најромантичен и највозбудлив период од истата. Ако уште на самиот почеток нешто запнува, можеш да бидеш сигурна дека тоа ќе остане во текот на целата врска. Можеби привремено ќе успеете да го маскирате, но кога-тогаш испловува на површина.

Благодарение на форумов, имав можност да го следам развојот на твојата врска (барем како ти ја доживуваш) уште од самите нејзини зачетоци. И тоа што можам да го константирам е дека истата во овие 7-8 месеци се нема поместено од мртва точка. Тебе продолжуваат да те нервираат истите работи како тогаш. Тој и покрај што го знае тоа, продолжува да го прави тоа што те нервира. Очигледно имате различни погледи на врската и различни очекувања од истата. Ти си му целосно посветена нему и на вашата врска, но од негова страна ништо чудно тоа да изгледа како гушење. Не секој сака да го споделува секој момент, секое чувство и доживување со партнерот. Ако не ти одговара на повици и пораки, може е затоа што му е потребен повеќе простор. Ако не можеш тоа да му го дадеш, едноставно помири се со фактот дека не сте еден за друг.
Од друга страна пак, можеби едноставно не му е дојдено до таа врска колку што ти е дојдено тебе. Може си има други приоритети во животот, а ти си му само онака успат. И во тој случај, мораш да се помириш со фактот дека не сте еден за друг.

Од моја гледна точка оваа врска е осудена на неуспех уште од самиот почеток. Колку време ќе успеете да ја одржите во живот зависи само од тоа колку долго ти си спремна да ја трпиш неговата недостапност, а тој твоето драматизирање. Како и да е, џабе ти се и милион совети, кога секако на крај ќе го направиш она што ТИ си го наумила. Така да, мојот единствен совет до тебе (а воедно и до поголемиот дел од членовите кои бараат совети на темава) е да не си го експонираш толку љубовниот живот на форумот, затоа што всушност немаш потреба од совет или помош, туку од внимание.

Се најубаво.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Доколку си доследен на зборовите дека нема никогаш да дозволиш да направат магаре од тебе, подготви се за живот во самотија. Зошто само тогаш знаеш дека нема никој да те изневери и напушти.
За среќа ова би било вистина само и доколку сите беа твоја доследна копија, но не се. ;)
Знам дека ти е тешко да поверуваш, но постојат луѓе кои можат да бидат со некого без да го направат магаре, да му набиваат рогови, да го напуштат или да останат со него живеејќи во лага.
Ретки се, но постојат! Знам од искуство.
 
Член од
1 декември 2011
Мислења
2.680
Поени од реакции
3.053
Обично сите кои се праваат паметни посебно на темата гарантирам дека и тие се припотресуваат кога на некоја порака, повик или што и да е не им е одговорено цел ден. Џабе се криете кога секогаш ве копка зошто не ви е отклопено слушалка.
Значи според некои машки ако добро заклучив подобро е девојката да не се замара, да не ви се јавува да не ви посветува внимание а подоцна како гром од ведро небо: Кај си ти цел ден да ми се јавииииииииииш.Зошто те немааааааааа, со кој си бил/аааааа така?
Се лутите кога некој/а не ви врака на чет, на повик на смс порака а кога се работи за друг зборувате досаддна си била па што е најтрагично некои луге го лајкуваат тој пост а истите тие се жалеа како немале девојки.Јадни..Па сакале па нејкеле па и биле изневерувани се исмејуваат.

Инаку, ви благодарам на советите. Успеав да разговарам со него и да најдеме разумен компромис. Му објаснив поради која причина сум "досадна". Mи прости и ми побара повеке да не избувнувам на таков начин и да почекам да ме побара.
До некаде си ја признавам вината, морам да го променам тоа однесување. Не само заради него туку и заради мене. Ми има многу пати кажано и докажано дека ме јас го правам срекна и дека девојка како мене тешко може да најде: Мислам на искрена и поштена девојка, значи кажувам што ми има кажувано за натаму не знам, ке видам како ке течат шансите. Си дадовме шанса, највеке заради љубовта. Знам дека ме сака, иако на чуден начин го покажува тоа, можам да почуствувам.
Ccc on tebe ti prostil...koj papak...
Kako moze be so vakvi da idete? :-D
Na zenskoto i e dozvoleno da se ponasa detski. Na muskoto ne e.
Zenskite smeat da se lutat. Muskite ne.
Zenskite smeat da prostuvaat. Muskite ne prostuvaat, avtomatski prosteno e (edino moze da barate otplakjane u natura).
Ne znam kako nemate...oset vakov.
Ova sekoj bi trebalo da go znae, nepisano pravilo e.
Double standards. Otvorete edna tema, dobro e za diskusija :-D
wot ke bide prv sto ke vika deka i muskite treba da se lutat hahaha :-D emo :-D
 
S

StormRage

Гостин
Ќе бидеме и понатаму магариња драг мој Стром... Ќе бидеме и глупи и наивни и лажговци... Се ќе направиме за наредниот лик што ќе дојде во нашите животи. Многу брзо ќе ги заборавиме заветите што сме си ги дале сами на себе, после последната лузна на срцето. Се ќе се претвори во бледа слика, и ветувањата и емоциите и мислите. Се ќе биде заборавено пред шансата за повторна љубов која е пред нас.... Колку и да е сурова реалноста, не очекува животен век со разочарувања и падови, надевајќи се на тој еден лик кој ќе те спаси од се...
Доколку си доследен на зборовите дека нема никогаш да дозволиш да направат магаре од тебе, подготви се за живот во самотија. Зошто само тогаш знаеш дека нема никој да те изневери и напушти.
You know what? Let them come!
Онака, знам која ти е поентата, избега малку од контекстот. Изолирам луѓе како нејзе и таквите пред нејзе, знам дека се само ѕид со бодежи во кој упорно се удирав. Да, ако некој гледаше од страна, сигурно иам огромни уши и некој што упорно ми газеше на опашот. Дап, пак ќе сум некогаш магаре. Те молам, за лузни на срцето, ветувања емоции и слично, самотија, немој тој дел. Зошто не знаеш што ми сервирал животот во мојте 20тина години. Сум гледал како светот се претвора во пепел во моите раце, заедно со една девојка, таа ми беше светот. Сум бил типот со кој никој не збореше, сум бил тој што сите се плашеа. Да, сум бил аутсајдерот, сам. Иако Ipssimuss кажа убаво, ако се сите копија на тебе, може е така, фала богу покрај мене стојат луѓе за кои би дал две раце да ми сечат, верувам и тие истото би го направиле. Имам другари кој никогаш не ги послушав, иако ниту една од моите не ги знаеја, едноставно им беше јасно како се ќе заврши и ми викаа: Бегај! Јас не ги послушав никогаш, имав надеж во сите, дека не се такви дека се океј, дека може нешто лошо им се случило и им треба некој. Погоди кој остана повреден на крај?
Поентата на муабетов, зошто воопшто би се играле со некој? Ако имате доволно внимание, посветеност и се, едноставно добивате се што ви е потребно од една личност за на крај да го фрлите како последната салфетка од пакетчето во зима? хм? Хранење его? Самодоверба ли? Тоа што некој ви кажува дека сте убави ви ги крева акциите на берзата? Значи ипак, тоа цело ваше играње со некој е само за внимание. Не мора да е така.
Еве, девојка ми беше тука цело време, мислев дека е преголем залак за мене, дека е многу поубава од што можам да издржам. Кога ја гледав претходно не можев да изустам збор да и кажам дека е убава. Никогаш не и кажав колку е убава, ете, заедно сме. Дури успева и кодот да ми го дебагира понекогаш :D
Но, никогаш не ми се јавила да ми каже дека и е тешко, никогаш не се јавила колку да губи време со некого на телефон. Не, туку се јавуваше: Сакав само да те слушнам. Исто и јас. Знам дека многу други покрај мене и ги дигаат акциите ама знам дека е со мене, сега и не знам до кога... И не ми е битно, ако некогаш си замине, океј е.

Затоа, не гледам поента да си играте со некој кој вложил многу во вас, кој губел време, кој трчал на муабет да ве утеши, ви носел чоколади или... многу работи. Не е убаво, внимание се враќа со внимание. Ако некого сум го повредил, ако му треба помош. Секогаш сум тука, не е битно колку ми згрешил, никого никогаш не го оставам во кал. Ама не му подавам рака на некој што ја плука.
 
Поентата на муабетот ми беше дека луѓето секогаш ќе останат ѓубриња, без разлика колку се трудиш и вложуваш. Ако девојчето сега со која си не е таква, ќе се најде некој друг што ќе те направи да се чувствуваш мизерно и како магаре. И навистина ми е жал што го делиш мислењето на гореспоменатиот член, а не ме ни познаваш. Ако се сите копија на мене, светот би бил подобро место, верувај.
Делот за самотијата го кажав од искуство- добар другар во 5 годишна врска, заслепени од љубов, раскинаа, еве после добри 3 години, типот не може да преболи, можеби преболил, ама секоја наредна што ја наоѓа е само „добро парче месо“, без ни да размисли што би можел да има повеќе со неа...
И немој да фрлаш камења по мене Сторм, јас се обидувам да ти помогнам, да не живееш во минатото, и да држиш лутина за нешто што било и поминало. Но нели како што кажа, тој муабет се прави во 4 очи.
п.с. но после сето тоа што го имаш направено(читај зборено), мислам дека не ни заслужуваш.. :P
 
Делот за дали ти си таква, не знам тоа е негово мислење, сум те видел два пати и далеку сум од компетентен да ти судам или да кажувам каква си итн. The thing is делот за самотијата и ја ти го кажав од искуство, од моја кожа. И знам како се осеќа ама тоа му е одбранбен механизам пошо нејќе да биде повреден од некого (муабетот од горе нели).
Не фрлам камења по тебе, крај краева ништо не си ми згрешила :) А дали јас живеам во минатото, сегашноста, иднината или едноставно сум „измислен“ од нешто и некого, oh well, lemme be :) Тоа ќе остане мое, не можеш да го смениш/спречиш. Искрено ако седнеме во 4 очи муабет ќе се смееш на тоа што е случено, знам тогаш ќе сфатиш зошто сум направил нешто.
НО избега од муабетот. Значи, прашањето ми беше: Која е поентата да се играш со некого? Хранење его ли? ухм, дигање самодоверба, акции, шотизнам. Искористување некого за да се осеќаш попривлечна кај другиот или општо пред сите?
Епа Неса, душо, ако јас тоа го чекав, требаше да не постојам до сега. Едноставно тој сум што сум и успевам да се помирам со истото. Не ми треба некоја да ми кажува дека сум убав ваков таков, фала на тие што мислат така. Не, тоа ти е глупа игричка во која претежно некој ќе настрада. Ако не успееш сам да се соочиш со нешто, никој нема да ти објасни дека се ќе биде во ред или се ќе биде по твое додека сам не го почнеш истото, остаток доаѓа успат.

I wear my scars like the rings on a pimp
I live life like the captain of a sinking ship
The one thing that I can guarantee
I'm like a stepping razor, I suggest you stay fair with me.
нека изгледа како фалење или што ти знам, накусо, овие 4 стиха би го опишале истото што сум, сум го направил, го правам или ќе го направам, тоа е, едноставно си продолжив да живеам. Дали луѓето ќе останат или заминат, тоа е нивна работа. Иако познавам од тие што нема да заминат така лесно :) за разлика од стереотипот дека сите си одат, знам дека не е розево, уживај :)

п.с. Се извинувам ако се најде увредена од тоа што го „цитирав“ мислењето на некој друг, ако има некој биф меѓу вас тоа е ваше, јас само го искористив за делот дека има луѓе што нема да си заминат.
п.с.с. Се што сум направил, хах, ајде ќе го преќутам ова, ама знам дека ќе ти е смешно :)
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
^премногу си убеден дека баш „тие“ (за кои си толку сигурен) никогаш нема да си отидат од твојот живот. Можам да ти кажам дека луѓето изненадуваат. Ќе дојде време кога нема да ги познаеш. Се надевам дека никогаш нема да го почувствуваш тоа на своја кожа, но сепак, човек треба да се пази.
Постапките на тие што поминале низ твојот живот, можат лесно да станат постапки на оние кои си мислел дека никогаш нема да заминат од него. Е сега, ако некој од тие блиските се однесува како што се однесувал некој од тие „подалечните“, нема ни во еден момент да се разбудиш и да си признаеш. Зошто такво однесување не си ни очекувал. Може и самиот факт што налетуваме на такви луѓе, е поради тоа што близу нас има слични на нив.
Поентата ми е, пред да тргнеш во поход за да уништиш нечија репутација, затоа што работите не излегле како што ти си планирал, треба да се запрашаш дали е целосно нивна вина. За танго се потребни двајца, нели? Ако ти не си дозволил да направат магаре од тебе, немало ни да се случи.
Отвори очи мил мој Сторм, разочарувањата во животот тек сега ќе ти почнат. Не сакам да те плашам, сакам да те подучам. Со фората „око за око“ сам ќе се изедеш.

... сум те видел два пати и од тие два пати единствено место кај што замина беше дома .... ;)

п.с. кафето останува за СРЕДА како што се договоривме :)
 
S

StormRage

Гостин
I get that part of the "story". Тоа око за око е стварно лоша работа, и јасно ми е. Но, што е тоа што го дефинира човек ако не неговите грешки. Сите во нечии очи сме само колекција на грешките, јбг.

Разочарувањата ги чекам, не знам кога и колку ќе ме удрат, али барем сум подготвен да ги преживеам :)

Real eyes, realize, real lies. Тоа е реченицата, ама тие очи знаат да се матни, сигурно си го осетила на своја кожа... така да ќе ме сфатиш тука.
Се договоривме за кафе знам, а дали беше четврток... хммм :D
 
Член од
4 декември 2007
Мислења
515
Поени од реакции
22
Малку помош од девојчињата на форумот :)
Дали е добра идеа. Како поклон за утрешниот ден - големо плишено срце?
Добро-лошо? Што да адднам како допуна?
 
wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.643
Поени од реакции
34.057
Малку помош од девојчињата на форумот :)
Дали е добра идеа. Како поклон за утрешниот ден - големо плишено срце?
Добро-лошо? Што да адднам како допуна?

Glej kako dopuna da imas uste 2 pokloni, eden ili tri striktno! Da ne te bie posle maler..
 
RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
Glej kako dopuna da imas uste 2 pokloni, eden ili tri striktno! Da ne te bie posle maler..
Не те сметав за од тие суеверните :D

Он: Според мене два поклона, потрошлив и непотрошлив. Пример ако си се одлучил за плишано срце, земи и црвено винце. Имаш идеја какви се паралелите :)
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
P

parvati

Гостин
Море брат, Еклеру
Ускур ву е срце плишано, можда ву иде скомаршина од плишани стфари, иде ву шубе што викате ви
Ке ву стои и ке ву фаќа прашину, ако е од онија што вика "те сакам те сакам, мноооогу те сакам", ке седне некад несакајки на њега и од памет ке се извади. Тру стори
Земи ву поклонче нешто слика за на ѕд, пејсаж нешто, земи ву некој парфемчиќ,може и некоја јака комбинација од твое фетиш облекло, купи ву сукњу и подвезици,или некое тесно мини, деколте или слично што ке ву ги изрази онија атрибути што тебе наише те палиф куде њума
А вино например ке се испие и за Валентајн и за Лихтенштајн

За допуну адни некоју њојњу другарку на фејсбук,има да ти плишне срце од главу:ROFLMAO:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom