You know what? Let them come!
Онака, знам која ти е поентата, избега малку од контекстот. Изолирам луѓе како нејзе и таквите пред нејзе, знам дека се само ѕид со бодежи во кој упорно се удирав. Да, ако некој гледаше од страна, сигурно иам огромни уши и некој што упорно ми газеше на опашот. Дап, пак ќе сум некогаш магаре. Те молам, за лузни на срцето, ветувања емоции и слично, самотија, немој тој дел. Зошто не знаеш што ми сервирал животот во мојте 20тина години. Сум гледал како светот се претвора во пепел во моите раце, заедно со една девојка, таа ми беше светот. Сум бил типот со кој никој не збореше, сум бил тој што сите се плашеа. Да, сум бил аутсајдерот, сам. Иако Ipssimuss кажа убаво, ако се сите копија на тебе, може е така, фала богу покрај мене стојат луѓе за кои би дал две раце да ми сечат, верувам и тие истото би го направиле. Имам другари кој никогаш не ги послушав, иако ниту една од моите не ги знаеја, едноставно им беше јасно како се ќе заврши и ми викаа: Бегај! Јас не ги послушав никогаш, имав надеж во сите, дека не се такви дека се океј, дека може нешто лошо им се случило и им треба некој. Погоди кој остана повреден на крај?
Поентата на муабетов, зошто воопшто би се играле со некој? Ако имате доволно внимание, посветеност и се, едноставно добивате се што ви е потребно од една личност за на крај да го фрлите како последната салфетка од пакетчето во зима? хм? Хранење его? Самодоверба ли? Тоа што некој ви кажува дека сте убави ви ги крева акциите на берзата? Значи ипак, тоа цело ваше играње со некој е само за внимание. Не мора да е така.
Еве, девојка ми беше тука цело време, мислев дека е преголем залак за мене, дека е многу поубава од што можам да издржам. Кога ја гледав претходно не можев да изустам збор да и кажам дека е убава. Никогаш не и кажав колку е убава, ете, заедно сме. Дури успева и кодот да ми го дебагира понекогаш
Но, никогаш не ми се јавила да ми каже дека и е тешко, никогаш не се јавила колку да губи време со некого на телефон. Не, туку се јавуваше: Сакав само да те слушнам. Исто и јас. Знам дека многу други покрај мене и ги дигаат акциите ама знам дека е со мене, сега и не знам до кога... И не ми е битно, ако некогаш си замине, океј е.
Затоа, не гледам поента да си играте со некој кој вложил многу во вас, кој губел време, кој трчал на муабет да ве утеши, ви носел чоколади или... многу работи. Не е убаво, внимание се враќа со внимание. Ако некого сум го повредил, ако му треба помош. Секогаш сум тука, не е битно колку ми згрешил, никого никогаш не го оставам во кал. Ама не му подавам рака на некој што ја плука.