Општи вело муабети, прашања, совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Диск кочници за тие пари, па макар и механички наместо хидраулични... ме чуди ова прилично.

Гледај, за покрај кеј и за низ град не ти треба којзнае каков квалитет (иако квалитетно секогаш вреди да се земе ако можеш да си дозволиш). Важниот момент е преносот и тркалата. Шимано имаат и ниска класа која не е квалитетна.

Пак да кажам. Во таа ценовна класа, првото возење офроуд на Водно (на пример) ќе ги искривиш тркалата, а запчаниците ќе ги оштетиш и на асфалтот нагоре. Ова од искуство го кажувам (иако мојот точак кошташе 300евра).

Инаку ова е само мое мислење. Боље нака ти препорачаат нешто поконкретно Зоц и другите поискусни тука.

Зошто диск кочници? В-брејк кочи многу подобро од ниска класа на дискови. Чиста физика ти е тоа, замисли кој е запирниот момент на 26 инчи тркало и потоа замисли сопирен момент на 6 инчи пример колку што е голем роторот на дискот и каде што се поставени пакните.
Единствена разлика ќе ја забележиш ако одиш на дожд, во терени каде што е многу влажно и каливо, па ќе ти прави проблем лизгањето на бандажот кога ќе се натопени и извалка.
Исто така и за одржување се смногу потешки, ако пар пакни за В Брејк чинат 300 ден., истите за диск чинат 900 ден плус тоа што се многу покомплицирани за монтажа и ќе треба да го однесиш на мајстор.
Ова не е само мое, туку го имам дискутирано со луѓе кои се занимаваат активно со велосипедизам и сите се децидни во тоа дека за градско возење и лесни планенски терени в брејкот е подобра опција од дискот.
 
Нема врска ова што го збориш, можеби било порано, кога се појавиле првите диск кочници или збориш за кинески. Земи ги за пример Avid BB7, ефтини механички диск кочници, па кажи дали кочат полошо од V-brake и кои се подобри. И колку се тоа плочките комплицирани за монтажа ?? Кој не пробал вака ќе збори.
Не викам дека нема V brake кочници кои многу јако кочат, но тие чинат големи пари. Не треба да се потценуваат ни ефтините диск кочници.
863917_orig.jpg

--- надополнето: 11 февруари 2014 во 10:48 ---
Во Вучко гледам има за тие пари демек алуминиумски рам дупли бандажи шимано менувачи,диск кочници 21 брзина....
Не се разбирам многу....што мислите дали се исплати и дали стбарно ги има тие карактеристики кои ги кажуваат.
Батали тоа од Вучко за тие пари, или е кинески или е некој no name бугарски бренд. Сепак ти си знаеш најдобро. :)
 
Последно уредено од модератор:

Баш и незнам најдобро, затоа и барам мислење од поискусни ;)
Поентата е имам буџет од 200 евра ми треба точак за низ град и за по кеј за кардио тренинг не за трка...
 
Последно уредено од модератор:
Гледам точакот од стоење цела зима ми фатил р'ѓа на некои места . Кажете ми како најлесно да ја исчистам ? :)
 
Зависи на што. На фарбани делови или ?? Кои се тие делови ?? Или пак дај слики. :)
 
Да, има малце рѓа на фарбаните делови на рамот и малце на предното апаратче и сајла за менување брзини .
 
Гледам точакот од стоење цела зима ми фатил р'ѓа на некои места . Кажете ми како најлесно да ја исчистам ? :)

Ако фатил рга земи шмирглата и фати се за работа и исчисти го делот околу рѓгосаното и за да биде по професионално ако имаш дома филер испрскај го местото , а ако НЕ однеси го до некој автолимар нека го испрска и со филер и со обична сјај боја ке те кошта многу евтино
 
Во Вучко гледам има за тие пари демек алуминиумски рам дупли бандажи шимано менувачи,диск кочници 21 брзина....
Не се разбирам многу....што мислите дали се исплати и дали стбарно ги има тие карактеристики кои ги кажуваат.

Братче причекај малку!Имам еден колега кој е во Италија во моментов.Он има убав точак со тора или рекон вилушка и авид бб7 дискови.Сега се слушнав дека ќе си купел од таму карбон велосипед па овој ќе го продава.Баш вчера зборувавме преку скајпот и ме прашуваше колку може да го даде.Така да мислам дека ќе можеш да се договориш за евтина цена.Единствено ќе треба да причекаш уште некој ден додека да се врати.
 
Може некој да ми посочи кај у Скопјето можам да купам точаци за градска вожња, два на број, за по три-триипол за точак? Фала многу.
 
За тие пари само половни и ептен крш точаци што нема да има возење без да се појави некој дефект.
 
Може некој да ми посочи кај у Скопјето можам да купам точаци за градска вожња, два на број, за по три-триипол за точак? Фала многу.
Дајте бе луѓе бидете малку поозбилни мајку му!Па на колите за една промена на уље и филтри на секој 10.000 километри давате повеќе од 3000 денари,и за помалку пари од една промена на уље сакате точак да купите.:confused::facepalm:

Нешто најосновно е оние алпина по 7-9000 денари.Се под тоа е ѓубре т.е отпад.

Инаку ме интересира!Дали Агротехна и оваа година ќе ги продава скапаниците кои нови се уште полураспаднати.За овие работи во нормалните држави веднаш би добиле затвор.(n)
 
Види, не дека не си во право, но има луѓе кои не можат да си дозволат повеќе од горенаведената сума. Толку им е буџетот, меракот е во прашање. Тука желбите се друга работа. :)
 
Нема врска ова што го збориш, можеби било порано, кога се појавиле првите диск кочници или збориш за кинески. Земи ги за пример Avid BB7, ефтини механички диск кочници, па кажи дали кочат полошо од V-brake и кои се подобри. И колку се тоа плочките комплицирани за монтажа ?? Кој не пробал вака ќе збори.
Не викам дека нема V brake кочници кои многу јако кочат, но тие чинат големи пари. Не треба да се потценуваат ни ефтините диск кочници.

Од искуство на евтини механички диск кочници Promax беа катастрофа. После две спуштање на планина роторите беа свиткани и пакните на пола истрошени.
Плочките ги менувавме со еден другар и ни одземаа пола ден додека ги наштеловавме и исправивме роторите. Можеби беше и фактор тоа што го правевме за прв пат и немавме искуство во диск кочници.
На в брејк ги менувам за 10 минути двата пара на пакни, плус и цената на истите им е многу помала.
Лично за возење низ град и рекреативно до планина префрирам и препорачувам ви брејк наместо дискови ако веќе некој има проблем со буџетот на велосипедот.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom