Целулит

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Drug nekoj ima iskustvo so vakumot za celulit od TOP SHOP -CELLULES??Samo tie sto go probale ili slusnale iskustvo od drug mozat da mi kazat tocno za toj produkt dali e efikasen.SOAD F fala za odgovorot:wink:


:uvo:
Tоп Шоп закон :je:

Правосмукалка за целулит :icon_lol:

Здрава исхрана, вежбање, вода пиење најмалку 8 чаши дневно, може и мачкање со креми кои делумно помагаат. Имаш и третмани за целулит низ салониве за убавина за јака цена кои помагаат, но делумно.
Али ова дека помага вшмукувачов не знам, не верувам јас лично. Посебно што е производ на топ шоп.

Баш козметичарката ја прашував за третманите за целулит и кажа џабе ќе се ако личноста што ги прави не вежба, не пие вода и не ја намали исхраната. Ако се придржува кон сето ова може да има одлични резултати. Плус ако по третманите си продолжи по старо пак целулит ќе се појави.

Целулитот ги мачи скоро сите девојки поточно 90% од жените имаат целулит. Е сега наше е со здрава исхрана, вода и вежби да го направиме колку толку неприметен.
И најпознатите имаат целулит. Да помагаше оваа правосмукалка сите сега дома ќе ја имавме и ќе се вшмукувавме :)
 

Marionka_z

Omnia mea mecum porto
Член од
16 јануари 2009
Мислења
208
Поени од реакции
29
Порано бев пресреќна зашто немав ни тронка целулит и се чудев како некои девојки го имаат и зошто? Е пред некое време си го погледнав газот и веќе не се чудам, само се прашувам од каде и кај мене и како да се оттарасам???
 
Член од
22 јули 2008
Мислења
5
Поени од реакции
0
Ne deka veruvam vo proizvodite na Top shop, no tretmanite za celulit gi pravat so ist takov vakum masazer.Efikasnosta so tie tretmani e dokazana no se pojavuva pak celulitot.Zatoa si vikam dobra rabota e da go imas doma.Zatoa sakam nekoj sto go ima probano ova ili sto go ima doma ,da mi kazi iskustvo...Pozdrav!!
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.202
Поени од реакции
1.943
Ne deka veruvam vo proizvodite na Top shop, no tretmanite za celulit gi pravat so ist takov vakum masazer.Efikasnosta so tie tretmani e dokazana no se pojavuva pak celulitot.Zatoa si vikam dobra rabota e da go imas doma.Zatoa sakam nekoj sto go ima probano ova ili sto go ima doma ,da mi kazi iskustvo...Pozdrav!!
Не помага.Го немам јас, но познавам друга девојка што го има и така ми рече.:toe:
 
Член од
22 јули 2008
Мислења
5
Поени од реакции
0
Lele site imaat razlicno mislenje.Citam po srpski forumi ,tamu vikaat efikasen e ,sega tuka ne e efikasen..:toe:Sepak fala
 

Ava

Член од
9 февруари 2009
Мислења
15
Поени од реакции
0
Celuli imam i ako cel zivot sum do 52 kg i se dvizam dovolno.Imam procitano deka bil nasleden.Kolku e tocno ne znam.Inaku pred nedela dena edna drugarka mi kaza deka piela Caj od magdanos po 2 L dnevno sekoj den i za 1-2 meseci celulitot sto i bil vidliv i go nema i ostanal samo koga ke pretisni na kozata togas da i go vidi. Ne sum probala oti mnogu tecnos mi e toa, ama ke probam :pipi:
 
Член од
22 јули 2008
Мислења
5
Поени од реакции
0
I jas sum 51 kilo ,sum slaba,no mi se poznava celulitot kaj zadnikot.Pa zatoa prasuvam za CELLULES OD TOP SHOP dali e efikasen bidejki sakam da go zemam.Ve molam ako ima nekoj informacija za vakumot od top shop neka pisi..:wink:
 

Stre3T Danc@

The definition of #BFABB
Член од
10 април 2009
Мислења
1.690
Поени од реакции
146
Нема човек кој нема целулит на некој одреден дел од неговото тело, особено на женското бидејќи кожата е понежна и повеќе доаѓа до израз.
Лек: откажете се од прекумерно дремење на интернет или било каков начин на предолго седење на едно место, јадете здрава храна, конзумирањето благо исто така да се намали, пијте што повеќе вода и што повеќе физички активности.
Со други зборови, мрзата на страна и ќе има резултати :smir:
 
Член од
23 мај 2009
Мислења
788
Поени од реакции
23
ретко девојка да нема целулит страшно нешто неможеме одма од него да се одкачиме се обидувам да пијам почесто вода користам крем и гел против целулит од авон и масажер ама тешко оди остранувањето
 

TWEETY***

Мy life..my rules..any questions?
Член од
18 февруари 2006
Мислења
2.041
Поени од реакции
66
Жените се примарна жртва на целулитот. Тој најчесто се појавува на 14-годишна возраст, т.е. со пубертетот и за жал состојбата се влошува со текот на времето. Некои од основните причини за појава на целулитот се:

Неправилна исхрана. Брзата храна богата со наситени масти, како и консумирањето на алкохол и кофеин, придонесуваат за формирањето на целулитот, затоа што токсините кои ги произведуваат остануваат заробени во масното ткиво. Иако многумина веруваат дека строгите диети можат да помогнат за отстранувањето на целулитот, тоа всушност е само мит, бидејќи во таква состојба телото мисли дека гладува и за да компензира, започнува да го потпомага формирањето на целулит. Солената храна е уште еден сојузник на целулитот. Солта ги задржува течностите во телото и тоа предизвикува целулитот да биде поизразен.

Пушење. Пушењето е лошо не само за вашето здравје, туку и за вашиот изглед. Кожата ја губи својата еластичност, се забрзува процесот на стареење, а плус се зголемува и појавата на целулит.

Дехидратација. Консумирањето на доволно вода е особено важно. Водата му помага на телото да ги исфрли токсините. Но, тоа не значи дека пиењето на многу вода само по себе ќе го намали целулитот.

Хормони. Хормоните играат голема улога во развивањето на целулитот. Естерогенот и прогестеронот го стимулираат создавањето на целулит. Естрогенот влијае врз одредувањето на бројот и локацијата на масните клетки во телото. Тој го поттикнува растењето и развивањето на масни клетки околу градите, бутовите и задникот. Прогестеронот може да доведе до задржување на течности во телото и до зголемена телесна тежина. Промените во нивоата на хормоните, особено во пубертетот и бременоста, придонесуваат за појавата на непожелниот целулит. Исто така, жените кои примаат апчиња за орална контрацепција се поизложени на појавата на „портокалова кожа“.

Стрес и напнатост. Можеби ќе се изненадите, но стресот и напнатоста придонесуваат за формирањето на целулитот. Тие прават мускулите да се стегнати, а со тоа го попречуваат процесот на прочистување на телото. Медитацијата и јогата се одлични средства за намалување на тензијата.
Мала физичка активност и многу седење. Вежбањето е еден од најдобрите начини за подобрување на целосното здравје и изглед и никогаш не треба да се занемарува. Тоа ја подобрува циркулацијата, ги зајакнува мускулите и помага за забрзување на метаболизмот и прочистување на телото од токсини. Исто така, го намалува и стресот. Не е тајна дека седењето предизвикува целулит и натрупување на масти во областа на задникот, бутовите и стомакот, т.е. местата кои се најзасегнати од целулитот.

Тесна облека. Тесната облека ја намалува циркулацијата и може да биде причина за создавање на целулит или пак за зголемување на неговата видливост.

Гените. Целулитот може да биде наследен, т.е. ако еден или повеќе членови на семејството го имаат, најверојатно ќе го имате и вие. Но, тоа не значи дека треба да се помирите со фактот дека ќе имате целулит. Можете да направите многу за да се борите против него.

Кога станува збор за целулитот, не треба да очекувате чуда, но со комбинирање на неколку средства можете да дојдете до видливо подобрување. Направете промени во исхраната, практикувајте физичка активност, правете си масажа на засегнатите места и пијте доволно вода.

Постојат стотици третмани и производи кои ветуваат дека се најефективниот лек против целулитот. И додека дел од нив навистина помагаат, а други се само маркетиншка измама, никогаш не можете да бидете сигурни кој од нив ќе ви помогне, затоа што секој реагира на различен начин на различните третмани.

Кога избирате крем против целулит, добро е да внимавате да содржи некоја супстанција од групата метилксантини, т.е. кофеин, теофилин и аминофилин, затоа што истражувањата покажуваат дека тие ги вшмукуваат течностите и ги разградуваат масните наслаги.

Добро е да изберете и крем со ретинол, бидејќи тој го зголемува производството на колаген и ја прави кожата позатегната.
 
Член од
23 август 2008
Мислења
1.755
Поени од реакции
264
Некоја евина антицелулитна крема?
Џабе ти е девојче тоа, не помага многу многу. Само вежбање му е лекот. Јас пред две години секој ден трчав на кеј и целулитот скоро го снема. :) Е сега ме фати мрза па пак се наталожи, ама кај и да е...ќе му го најдам крајот. :)
 
Член од
19 декември 2010
Мислења
523
Поени од реакции
23
Im not girl, :D
Инаку не било тоа целулит кај се видело целулит на машко де :D
инаку било масни наслаги...
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.917
Поени од реакции
25.318
Женишта, има некоја користено овакво нешто?


Читам многу позитивни искуства на интернет од него. Третманот е едноставен, ставате масло, ја вшмукувате кожата со некое од овие помагала и се масирате на местата каде што имате целулит. Тешкиот дел доаѓа подоцна, кога морате да потренирате малку за да постигнете ефект од масажата. :)

Го користам неколку дена и засега негативно е тоа што создава модринки доколку „штипнете“ малку повеќе. Ефекти имало после еден месец секојдневно користење.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom