Која серија повеќе ја сакате и зошто? (Fear the Walking Dead vs. The Walking Dead: World Beyond)

Вашиот фаворит?


  • Вкупно гласачи
    8

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.391
Поени од реакции
25.192
Колку пати ти е гледано филмчето на тв? :) Мене повеќе од неколку.. инаку да, фино филмче.

Незнам зошто, ако се скоро исти, не ми легна 24 мене. Втората сезона не ја догледав, или почнав третата.. така нешто беше.
Изгледа дека тогаш имав премногу квалитетни серии неизгледано и ми делуваше како просек и џабе (ха!) трошење време.
Многу ја хејтав јас 24. Но ако е иста или барем пола од билдапот и тензијата од Homeland, дефинтивно треба да ја ѕирнам.
Од аспект на глума нема да зборам, не во споредба туку општо, кастингот е неверојатен едноставно!

А налет муабетов.. Homeland.S03E01.720p.x264-HOMELAND :vozbud:
Џими, да те чекаме да изгледаш, па да видиме за која ќе гласаш, или ќе и даваме уште една шанса на темава со друг дуел?
На тв 1000 го даваа на секои два дена пред неколку години, секогаш кога ќе го начекав го гледав. :)
Не спомнав една разлика во серииве, а тоа е дека 24 е побрза. Тензијата ја има и ваму и таму, ама пак таму секоја епизода завршуваше како што завршуваат епизодите во The Killing, со јак пресврт и напнат саундтрак и мора да пушташ нова епизода одма...

Мојот глас оди за 24 затоа што имам поминато убав период од животов со серијата... Предложи следен дуел, и онака 5-6 поста ќе се. :)
 
Член од
25 февруари 2009
Мислења
1.565
Поени од реакции
417
Мојот глас оди за 24.

Една од омилените ако не и најомилена серија, поради тоа што случајно почнав да ја гледам на А1 ТВ, секоја недела или понеделник по една епизода, така првите 2 сезони. Послето одма симнав 3та сезона и почнав да ја гледам на даље.
Плус жанрот ми се погоди, освен SciFi, голем љубител сум и на "Борнов идентитет" филмови, сериозни и драматични трилер акции.

Исто како некои членови што кажаа, убав период од животот поминав со серијава, и знам кога ја симињав имав само 30гб нет па со другар ми симињавме наизменично по неколку епизоди па послето мкнење по усб-иња и слично :D времиња беа тоа не дека беше многу одамна ама... одвај чекам да почне да се снима 9-та сезона.

Е сега незнам дали дека Homeland беа само 2 сезони, плус втората ја гледав епизода по епизода ги чекав да излагаат, а 24 ја почнав полека па послето наеднаш гледав по 7-8 епизоди у една вечер, можда и тоа има врска за доживувањето.
 
G

garthok

Гостин
24 е каде каде, во една епизода од 24 се дешаваат повеќе работи од цела една сезона на Хоумленд. Поготово петта сезона од 24, растура
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.631
Поени од реакции
34.019
9 : 5 za Homeland

Следни за избор:

vs.​



Истражување несекојдневното.
Која серија за вас беше позабавна, која беше поквалитетна?
Koја, о која го добива вашиот глас? :)
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Fringe не ми е гледана, симната ми е, но немам многу време. Од X-Files имам само неколку епизоди изгледано, не ми се виде лоша но премалку за да осудам која е подобра, не гласам овој дуел, освен ако не ја догледам Fringe додека трае дуелов.
 
Член од
29 декември 2011
Мислења
2.988
Поени од реакции
2.438
Член од
26 ноември 2013
Мислења
153
Поени од реакции
181
Пфф, првпат кога ќе го прочиташ насловот ќе си помислиш изборов е лесен и се знае победник. И двете серии си имаа свои моменти и карактеристики. Мене Фринџ на моменти ми беше и поинтересна во споредба со Х досиеја, ама никако неможам да и дадам предност во гласањево. Од проста причина што Х досиеја е пионер во овој жанр и глумата, камерата и дешавките во сите сезони се зачеток и основа за Фринџ и останати серии од овој тим. Да не зборам пак колку убо беше прикажано развивање на ликовите на Мулдер и Скали. Едноставно Х досиеја ми беше прва серија од ваков тип и ме тотално фасицинира на времето, така да мојот глас иде за неа. Мада и Фринџ е многу интересна серија и една од најдобри од овој жанр дефинитивно, ама имаа мала дигресија коа се изгубија со паралените универзуми и то беше чекор назад за серијата во поглед на приказната.
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Дрогаш, 5 сезони се Fringe, кај си видел една? :)
 

Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.659
Поени од реакции
8.660
Ја немам погледнато Fringe, ама не е лесен изборот, верувам да сум ја гледал ќе ми се допаднала, гласав за Фајловите пошто серијава е врв и е меѓу првите кога станува збор за Sci-Fi, така да мојот глас оди кај мајката на новиве Sci-Fi серии.
 

pain_killer

Invictus
Член од
27 јули 2007
Мислења
4.537
Поени од реакции
2.229
Х-Files: Бев прилично мал кога моите родители ја гледаа серијата, а за среќа пред некоја година на сци-фи почнаа да ги даваат од почеток сите, по две епизоди на ден, од 12-14. Небитно. Битно, давам бел бумбар на оваа серија затоа што очигледно е, прилично напредна за свое време, не во смисла на снимката и на визуелноста, а во смисла на идејата. Плус, најсилен впечаток што ми остави оаа серија е што овде се јавува онаа вечна борба помеѓу две спротивни прашања, во овој случај на нормалното вс. абнормалното, поточно, во секоја епизода се случува нешто необично, има два лика, едниот стално тврди дека е тоа натприродна сила, другиов стално пробува да најде логично објаснување на натприродниов настан и тие се препираат, но никогаш не се убедуваат и му остава на гледачот сам во секоја епизода поединечно да одлучи како ќе го сфати целиот настан!
Fringe: Овде нема што многу да се каже. Доста покасно снимена серија, со друга технологија. Најголема разлика од x-files е што нема спор меѓу нормалното и абнормалното, се знае дека е абнормално и тука у старт се губи на квалитет. Освен тоа, толку ја заплеткаја работата и толку ги искомплицираа работите што речиси сум сигурен дека и тие што ја правеле сами се изгубиле во сопствениот лавиринт.
Од друга страна, добри глумци, одлична екипа и Волтер еден од најинтересните ликови што сум ги сретнал во која било серија.

Се на се, мојот глас, верувам заслужено, оди за X-files! (y)

Офтопик: Предлог за нареден дуел: Suits vs. Boston legal! (Овде дури и јас незнам за кого би гласал :LOL:)
 
H

HoT IcE

Гостин
Јака е темава, секоја недела интересни дуели на серии, пример неделава ќе гласам за X-Files затоа што сум ХаЦе, се надевам од понеделник на уште појак дуел.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.483
Meh, култна серија како X-Files да не победи :(
 

Kajgana Shop

На врв Bottom