Ќе се снима филм за Цар Самоил

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Локација
Скопје
40E798C02797CA42BFEF43C83500265A.jpg

"Јас Самоил Мокри, од племето Берзити, Цар на светото Македонско царство, крунисан од папата од Ватикан, татко сум на целиот славјански род од Унгарија до Константинопол". Вака ги раскажува зборовите на царот Самоил, режисерот Антонио Митриќески, непосредно пред неговото заминување за Берлин каде пробуваат да најдат копродуценти за филмот "Цар Самоил". Сеуште е рано да се каже кога точно ќе се започне со снимање, но режисерот Митриќески за ВЕЧЕР открива дека главните борби на Самоиловата војска кои се воделе на Беласица ќе ги снимаат на Галичица, а ќе се снима и во Охрид, Мариово и на Марковите Кули во Прилеп.

Митриќески го прашавме и за детали околу снимањето на ослепувањето на војската на Самоил.

"Да, ослепувањето на војската ќе се снима. Тоа била непозната практика во дотогашните но и во понатамошните војни. Пред битката на Беласица, има сцена каде Цар Самоил се обраќа на своите војници: "Овдека оваа дема ќе ја браниме со крв и месо, тука ќе се судрат двете царства. Македонското и Византиското, и од оваа битка ќе зависи кој ќе владее во дните што доаѓаат и кога нас нема да не има. Ве уверувам дека Македонското царство ќе го има, па дури и ако владееме само со Преспа, Охрид, Струмица и Скопје. Ќе ја биеме битката за нашето свето царство. За нашиот јазик, за нашето име, тука ќе ги пречекаме Ромеите, кои далеку од своите домови, далеку од своите жени и деца доаѓаат да ни ги згаснат огништата", раскажува Митриќески додавајќи дека го фасцинира тоа што Самоил ја црпел силата од народот, од сиромашните, кои биле експлоатирани од Бољарите, од властодршците.
"Тогаш токму од Македонија почнува богомилството, кое ќе биде опфатено во филмот. Од голема сиромаштија кај народот се јавува отпор. Самоил контактира со сиромашните. И така сиромашниот народ се доближува до Самоил и станува негова војска. Самоил му вели на народот дека не се може без закон и полека во своите интимни размислувања доаѓа до идеја да направи праведно царство, да се истера Византија", вели Митриќески.

Продуцентот на филмот, Дејан Милошевски ни кажа дека е планирано од овој филм да произлезат и околу десетина епизоди. За време на посетата на Берлин, како што ни кажа, ќе се сретнат со двајца американски копродуценти, со англиски, а имало и заинтересирани дистрибутери од САД.
Сценариото за "Цар Самоил" е на Венко Андоновски, Митриќески и на Оливер Ромевски, а филмот е поддржан со 30.000.000 денари од Филмскиот фонд на Македонија во програмата од 2014 година.

Историски спектакл
"Цар Самоил е историски спектакл кој во своето средиште става еден средновековен великан: царот Самоил, кој ја создава првата македонско-словенска држава во 11-ти век, низ крвави борби со гласовитиот историски колос, Василиј Втори, предводникот на Византија. Цел живот овие двајца историски колоси се надмудруваат, за конечно во пресудната битка на Беласица, Самоил да биде поразен, неговите војници заробени и ослепени, а потем ослободени! Сите војници се ослепени а на секој 100-ти војник му е извадено само едно око за да може да води група од 99 слепи војници. Во оваа историска рамка вметнати се, во филмот и многу фикции, мали епизоди од семејниот и интимниот живот на колосалниот македонски цар кој својот подем го започна токму со востание против бугарската власт. Филмот е деликатен баланс меѓу интимното и историското, меѓу спалната соба и бојното поле, меѓу интригите на дворот и она што официјалната историја го соопштува како вистина", велат од продукцијата.

"Василиј Втори е исто така силен лик, нема семејство, се грижи само за империјата. Запишано е дека Василиј во битката на Беласица го загубил и својот љубовник што придонело за неговата жестока одмазда - ослепувањето на војниците, кога на секој 100-ти војник му оставал по едно око. Таа жестокост на Василиј ја предизвикала смртта на Самоил, гледајќи ги своите ослепени војници", вели режисерот.

Режисерот вели дека структурата ќе биде еден вид интимна исповест на Самоил кон својот слуга Радој, едно сеќавање, бладање, кошмар пред да умре, а откако ги гледа своите ослепени војници.
Самоил на својот слуга Раден, кој му е како татко му вели: Постоеја три големи царства до нашата појава. Ромејското, германското и бугарското. Бугарското го урнавме. Останаа две. Сега ни на едните, ни на другите не им е во интерес повторно да се јави трето, овојпат македонско. Но јас ти ветувам дека ќе го има! Радене!", раскажува Митриќески.
 
Интересна тематика навистина за Цар Самуил,интересен филм навистина со очекување ... ако не ме лаже меморијата, една фамилија,семејство од Ресен е едно од најстарите во Македонија кои имаат допирни точки со семејството на Цар Самоил и имаат стари документи за тоа ... ај ќе ја побарам веста повторно... ме заинтересира баш ...

http://www.dw.de/кои-се-најстарите-и-најпознати-македонски-семејства/a-15224017
 
Подршка за филмов. Зошто да не? Имаме интересни историски дешавки кои можат да се екранизираат. Американците плачат да имаат такви ликови ко Самуил, досега ќе имаше 100 филма за него. Само се сомневам во продукцијата. Ретко вадиме добри филмови.
 
Јас не би гледал на тоа како проблем ... За мене главен проблем во македонските филмови е сценариото ... Голема лоша маана која се провлекува секогаш во мак филмовите е сценариото,лошо склопената приказна ... каша попара ... да не спомнам филмот Сенки на Милчо,чист типичен пример за мак филм со каша попара сценарио ..Мора да се научи веќе да се корегира грешкава кој е лош белег, дооолго време :(
 
Ако за некој сакам да се сними филм тоа е баш за Цар Самоил. Само проблемот е што филмов ќе биде материјал кој по вредност нема да биде ништо повеќе од македонската молитва на Ниче Димовски, нормално, финснсиран од Владата на РМ.

'Јас Самоил Мокри, од племето Берзити, Цар на светото Македонско царство, крунисан од папата од Ватикан, татко сум на целиот славјански род од Унгарија до Константинопол' :facepalm::pos:

После немојте да се чудите зошто многу земји, особено оние од Европа, во спорот за името имаат разбирање за Грците..
 
Штета што почина Ѓорѓи Колозов, вистинскиот македонски цар. Таман за улогава ќе одговараше.
 
"Василиј Втори е исто така силен лик, нема семејство, се грижи само за империјата. Запишано е дека Василиј во битката на Беласица го загубил и својот љубовник што придонело за неговата жестока одмазда - ослепувањето на војниците, кога на секој 100-ти војник му оставал по едно око. Таа жестокост на Василиј ја предизвикала смртта на Самоил, гледајќи ги своите ослепени војници", вели режисерот.
Очекувам овој детаљ да добие акцент, еве Зафирчев више го гледам како љубовникот....

Инаку не е у подфорум Историја каде што владее тиранија, па ќе си дозволам да напишам - Василиј во историјата на повеќе народи (балкански и други) се нарекува и Бугароубиец и Македонски.....всашност и ние така го викаме, ама изгледа имаме херои за извоз, па не боли Стојко кој е Македонец, кој е нешто друго....битно сме постари од све друго на планетава, а со Господ сме тука негде по старост....

....и најлева комбинација е „првата словенска држава“ со упорната антиквизација на нашава историја....крајно време е да престанат да се дрогираат по тоа институтите за историја и слични политизирани „научни“ установи, затоа што многу неумешно си играат со нашата судбина и тоа со будалаштини стари илјадници години...
 
Браво. Конечно им текна да направат филм. Баш ми бе интересирало каков ќе биде филмот посветен на Цар Самуил. Дали ќе биде онака професионално направен, дали ќе биде во Охрид сниман.... :)

Штета што почина Ѓорѓи Колозов, вистинскиот македонски цар. Таман за улогава ќе одговараше.
Целосно се согласувам. Да беше Ѓорѓи Колозов жив оваа улога на него требаше да му ја доделат.
Жално човекот што умре :)
 
Па нели сеа Македоноидите беа Антички?
Абе види, античките беа антички. После дувна северен ветер и не беа, па денес пак да се. Шо не е јасно?:icon_lol:

Мислам, филм ко филм, наменет е за забава, за занимација на масите.
 
Абе види, античките беа антички. После дувна северен ветер и не беа, па денес пак да се. Шо не е јасно?:icon_lol:

Мислам, филм ко филм, наменет е за забава, за занимација на масите.
И за нервирање кон Татарите ;)

Sent from my HTC One using Tapatalk
 
Да го снимиме филмо со некоја холивудска фирма па да го приклајме Брус Вилис како некој одамна заборавен брат на Самоил кој живее повлечен негде во манастир на хималаите и ко ќе слушне дека на брат му војниците ги ослепија а брат му од то си умре да се врати назат во Македонија и иако со децении пред то даде заклетва дека нема појќе да користи оружје и насилство - ќе го извај прашњавиот ковчег од под кревет и таму наредени мачови ножови шурикени... и ќе тргне во тотална освета се додека не го убије и Василиј и на крајо сцена со залез на сонце кај шо Брус заминува пак на кај хималајте а зад него оган и пустош и куп заклани убиени и со тешки повреди неприателски војници и среде таа пустош го гледа немо младо убо моме (може Скарлет да ја глуми) го гледа заљубено но знае дека во негојо живот нема повеќе место за друг оти срцето му е премногу повредено од толку шо е светот полн со мржња и неправда и тука може да оди она песна “... фалат уште два три дела за да биде цела...“ од Војо Стојановски
 
Мел Гибсон,Арнолд,Сталоне, Џет Ли, Статам, Лундгрен.Човече кој спектакал ќе биде тоа. Право нека се префрлат на проектов после Expendables.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom