Имам проблем со црнки на носот и проширени пори во тој дел, некој совет како може да се исчистат црнките и дали може некако да намалат проширените пори? Благодарам.
Ќе си го испариш лицето над топла вода, за убаво да ти се отворат порите и ќе си купиш ленти на Есенс или Нивеа.
Мене подобри ми се првите, и ги купувам од маркетите најчесто. Ќе побараш Essence - purifying nose strips. На паковањето ти пишува упатство за тоа како се користат.
После тоа можеш да си купиш пилинг на Неутрогена, од оние за секојдневна употреба, медицински е и одлично ја одржува состојбата на кожата и е супер за митесерите.
За порите можеш редовно (секое утро) да ставаш коцки мраз пошто ги стеснуваат порите, или па ако те интересираат препарати јас ја имам маската на Хаушка
која е за таа намена, да ги израмни неправилностите на кожата и да ги намали порите.