Од мали нозе па во текот на целиот живот нè пратат одредени правила и норми на однесување. Повеќето од нас до одредена граница се прилагодуваат на општествените норми и релативно добро функционираат сè до оној момент каде нашите стапала ќе го почуствуваат тлото на омилените машки места – баровите и дискотеките.
Доволни се неколку пива и неколку дупли жестоки пијалаци, за да култирниот маж одненадеж се претвори во ѕвер, идиот или било каков лик од кој наредното утро ќе се срами од себе си. Барот е место за уживање, опуштање и секако лов на припаднички од понежниот пол, но важно е да се придржуваме на неколку правила кои никако не смеат негативно да се одразат на нашата машка личност.
После третото пиво, сетете се на овој текст.
1. Никогаш немој да бидеш најпијаниот на шанкот
Ако во дискотека си отишол со цел тотално да се опиеш, можеби е паметно малку да ги промениш плановите. Ако сепак продолжиш по свое, најверојатно нема да си способен да одиш ниту пак да зборуваш. Во случај целта да ти е да однесеш некоја девојка дома (а тоа треба да и да е) најважно е да се чувствуваш добро и да си способен артикулирано да спојуваш реченици.
2. Почасти девојка со пијалак
За жал сè помалку мажи се осмелуваат да почастат девојка која не ја познаваат. Ако некоја ти падне во очи, почасти ја и веднаш ќе имаш реакција, било позитивна било негативна. Ако не е заинтересирана, ништо страшно. Не е единствена во локалот.
3. Ако не знаеш да играш, не играј
Пет пива и неколку жестоки нема да те направат Џон Траволта на подиумот, туку спротивно. Нема полоша ситуација од онаа кога од себе правиме будали и не сме свесни за тоа. Затоа ако веќе мора да играш а не знаеш, со едната рака држи се за шанкот.
4. Секогаш чувај го грбот на пријателите
Сите знаеме дека тестостеронот во дискотеките ја преминува границата на нормалата. Поради тоа важно е секогаш да сме спремни да им помогнеме на пријателите во невоља и да скокнеме тогаш кога тоа е потребно. Барската тепачка може да избие за секунда, но ако тоа се случи а ти си се повлекол на страна да не настрадаш, засрами се. Пријателите секогаш си го чуваат грбот едни на други.
Доколку имате нешто додадете