Кога више си земаш за право да ги оцрнуваш луѓето на основа на твои нагаѓања, да ти објаснам сликовито како стојат работите.
Како прво Стојков единствен контакт имал со сега бившиот тренер Боби Милевски. Значи нити е исконтактиран од новите раководни луѓе, нити има добиено било каква понуда за нов договор со Вардар.
Друга работа што треба да ја знаеш, Стојков имаше договор од смешни 1000 евра месечно, за разлика од Рибарот и онаа несреќата Петровиќ кои имаат договори од по 3000 евра. Епа ајде сега пријателе спореди го учинокот што го имаат сите тројца за една година колку што се во клубот и стави се на негово место, па дали би ти било сеедно да те деградира некој на сметка на двајцава копачи?! И колку претпоставуваш дека ќе зема ропакот Илчо Наумоски што доаѓа тотално неспремен и се шлепа на стара слава? Јас сеуште точно не знам, али ти гарантирам дека не е испод 5-6 000 евра. Се ова кога ќе го ставиш на кантар, да ми кажеш реално дали Ацо треба да игра и понатаму за истата месечна плата?!
П.С. Честитки за враќањето на легендата Ѓоко! Се надевам дека коцките ќе се посложат како што треба и во скоро време ќе го тргне тој ајванот од тренерската позиција
--- надополнето: 6 февруари 2014 во 19:41 ---
И ако му мафтале зашто тогаш во моментов не е во Шкендија?! Дај престанете со ширење непроверени информации! Не е коректно према човекот. Максимално професионално и коректно си го одработи договорот, даде придонес со битни голови минатата сезона во освојувањето на шампионската титула, а оваа полусезона со Адемовиќ сами го носеа Вардар на грб. Многу брзо и лесно заборавате некои работи!