Економски факултет (reloaded)

  • Креатор на темата Креатор на темата The Mummy
  • Време на започнување Време на започнување
Беше некој денес на Организациско да каже што како ќе биде? Само една група има за предавање?
Две групи ќе има, едната за 3 година и 1 година Менаџмент и Финансиски у пон 14-16 А1 и 12-14 А1, оваа група ќе ја предава Дракулевски. Другата е за сите останати у среда 10-12 и петок 12-14 и ќе ја предава Леонид.
Иначе најмалце 67% на колоквиумиве мора за 6-ка:cautious:. И порано било така или?
И ќе има 20-30 прашања на испит од кои 4-5 отворени...така да изгледа е потешко од прошливе години, па се мислам да се префрлам на социологија, форумџии што викате вие?
 
Секогаш најавувал дека ќе мора 67% за шестка и на крајот се случува да положиш со 50 бода, па дури и помалку, бидејќи јас кога го имав пред две години, буквално сите имаа право да го полагаат и вториот, без разлика колку бодови имале на првиот. А оценките се друга приказна, ги става од ракав. Сето ова се однесува за Дракулевски, овој Леонид не предаваше тогаш :)
 
Две групи ќе има, едната за 3 година и 1 година Менаџмент и Финансиски у пон 14-16 А1 и 12-14 А1, оваа група ќе ја предава Дракулевски. Другата е за сите останати у среда 10-12 и петок 12-14 и ќе ја предава Леонид.
Иначе најмалце 67% на колоквиумиве мора за 6-ка:cautious:. И порано било така или?
И ќе има 20-30 прашања на испит од кои 4-5 отворени...така да изгледа е потешко од прошливе години, па се мислам да се префрлам на социологија, форумџии што викате вие?
А за κнигата исто κе биде κаκо до лани,таа сκρиптата и κнигата лудеρство?
 
Супер предмет , лесен ... цел материјал е 160 страни , Методија Несторовски го предава, пишува колку точни одговори има на секое прашање , така да ако не си го земал предметов ти го препорачувам :)

Од него само полесен е англиски , барем според мене :)

Не бара присуство, така? :)

И дали некој знае дали можам да запишам 5 предмети семестаров, со оглед на тоа што имам 4 задолжителни и ми носат 29 кредити, сакам 5ти изборен да запишам со 6 кредити, што е во границата од 35 кредити. Имал некој вакво исуство?
 
Да не сака некој да купи книга Политика на технолошки развој, нова неотворена, ти ја отвараш она сама се затвара :D нека пише некој ако е заинтересиран ке напраиме бомба цена :D
 
Не бара присуство, така? :)

И дали некој знае дали можам да запишам 5 предмети семестаров, со оглед на тоа што имам 4 задолжителни и ми носат 29 кредити, сакам 5ти изборен да запишам со 6 кредити, што е во границата од 35 кредити. Имал некој вакво исуство?
Можеш, и јас истото ќе го направам. :)
 
Колеги ако презапишувам предмет во летен семестар (Статистика) дали треба и изборен да избереме? Втора година сум, минатиот летен семестар имав 1 изборен, дали сега треба 2 да имам?
Дали треба овој семестар еден презапишан, еден изборен или грешка сум?
 
Ми требаат книги по менаџмент на мал бизнис и менаџмент на човечки ресурси :D Доколку продава некој нека ме извести на пп :)
 
Статистика кај Калина се учи од нејзиниот учебник, или од на Славе/Драган? Или сеедно?
 
Колеги ако презапишувам предмет во летен семестар (Статистика) дали треба и изборен да избереме? Втора година сум, минатиот летен семестар имав 1 изборен, дали сега треба 2 да имам?
Дали треба овој семестар еден презапишан, еден изборен или грешка сум?

Ќе го презапишеш Статистика на местото од некој изборен што ќе мора го отфрлиш. Пример, ако овој семестар сега имаш 3 задолжителни и 1 изборен, ти ќе имаш 3 задолжителни и Статистика наместо изборниот.

Статистика кај Калина се учи од нејзиниот учебник, или од на Славе/Драган? Или сеедно?
Чим си кај Калина, тогаш од нејзиниот учебник. Тој од Славе мислам дека се разликува на многу места и не ти е потребен.
 
Не бара присуство, така? :)

И дали некој знае дали можам да запишам 5 предмети семестаров, со оглед на тоа што имам 4 задолжителни и ми носат 29 кредити, сакам 5ти изборен да запишам со 6 кредити, што е во границата од 35 кредити. Имал некој вакво исуство?


Не е морално , знаеше да пушти некое списоче , али како и да е досадно е на предавање кај него :)
 
Ќе го презапишеш Статистика на местото од некој изборен што ќе мора го отфрлиш. Пример, ако овој семестар сега имаш 3 задолжителни и 1 изборен, ти ќе имаш 3 задолжителни и Статистика наместо изборниот.
Ок, а имам право некако изборен да изберам? На пример 2 задолжителни и статистика (на место на изборен) и изборен од тековниот семестар? Тоа би биле 32 кредити мислам, 4 предмети...(да не дојдам во ситуација понатака случајно да ми фалат кредити)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom