Донесен е законот за Државни службеници = "аирлија казнување и бркање од работа"

  • Креатор на темата Креатор на темата oon
  • Време на започнување Време на започнување
Hihi, a so praime so ramkovnite so lezat doma? Koi kriteriumi ke vazat za niv i kako ce gi *izbrkaat* od *rabota* ?
:pos:
 
Чудно. Најверојатно заради козата на соседот ја губиме поголемата слика од вакви "реформи".
После се чудиме и критикуваме што многу јавни и државни фирми лошо функционираат, што македонија пат, железници, здравствениот и образовниот сектор се во таква мизерија. Или што енергетскиот систем, благодарение на вакви подолу "освежувања" ни е во лоша состојба
Голема директорска чистка во ЕЛЕМ !
 
Немам ништо против, да се воведе тестирање на јазик за администрацијата ама тоа никако не смее да биде ТОЕФЛ, од проста причина што за да го полагаш треба да искешираш 100 евра отприлика. Ако сакаат да се спроведе тестирање за јазик тогаш истото треба да го прави Агенцијата за државни службеници и да биде бесплатно за кандидатите.
Инаку не работам државно и немам желба да работам!
 
Концентрација на капитал, работната сила, образование, јавно здравство.... Тотална инфраструктурна доминација.
Прво лапнаа кеш од лиценци за приватни универзитети, па сега шангајско рангирање... Ахеахехаеа
Сигурно и 2/3 од буџетот бегет за да се нарани оваа проста но во суштина клучна маса народ - за време на избори.

Е сеа, кај и да е ке рикнит уште еден Рамковен. Ама не за Албанциве... Туку за тие од ЛАтинска Македонија, што се родени во последните вагони од локомотивата Скопија, па ќе бараме застапеност од 5% како секретарки во администрацијата,

Малку да се замислит чоек, одма е јасно зошто Грциве не нарекуваат Скопјанчиња :)

Абе треба анализа, припрема, саглам платформа на која постепено би се имплементирал ваков закон. Земи прво инвестирај во неколку клучни високо образовни институции ШИРУМ земјава, па после рангирајте со тие ваши пропагандни алатки од типот Шител, Павел Шутел, Шангај најново :ROFLMAO:
А не со вакви предизборни дискриминирачки глупости
 
Кога веќе самата држава не ги цени и не ги признава останатите факултети кои самата ги отвараше и им даваше акредитации не гледам зошто приватниците би вработиле некој од тие факултети.. ама убаво им беше кога отворија факултет во секое село и дозволија буквално секој да се запише на факултет ради собирање пари од партиципација и вештачки намалување на невработеноста.. поубаво да бидат студенти отколку пријавени во агенција за невработени...

Не сум правник ама ова ми делува незаконски и дискриминирачки за студентите на другите факултети на кои самата држава им дала акредитација..кој ќе им ги врати парите што ги инвестирале во образвоанието кога ни државата ни приватниците не ги вработуваат а буквално државата ги натера да се запишат на факултет..

Плус со законов постигнуваат двоен ефект врз административците... од една страна многу лесно ќе можат со закани и заплашување да ги натераат да гласаат на избори за нив, а од друга страна илјадниците новопримени административци, кои не само што не ги исполнуваат критериумиве туку се и полуписмени преку заплашување дека доколку се смени власта лесно ќе може да бидат избркани многу повеќе ќе ги активираат да гласаат и собираат гласови на избори...секој потег и секоја мерка донесена од оваа власт им е со цел или собирање пари во буџетот или собирање гласови.. воопшто не им е битно ни за држава ни за граѓани..
 
Е заради овие причини се нервирам а од друга страна НАРОДОТ е ГЛУП како и секогаш и наместо да се противаат против овој закон тие велат браво за владата така треба,а фактички не знаат за што станува збор..:facepalm:
--- надополнето: 4 февруари 2014 во 13:30 ---
Овде мислам и шеријатот да го озаконат, некој ќе извикува браво.

Каков народ таква држава..:facepalm:
 
Додека не избркаат 50% од администрација све ти е тоа гол популизам!

Убаво ми дојде од веста сепак, јас би им закачила уште толку сертификати. Се што добија со лежење да вратат. И да се оданочат со 30% плус за лабава работа, за да се изедначат со реален платите. На кој не му се свиѓа нека се вработи во кавадарци нели или самовработи со кредит.

лесно ти е на тебе од Немачка да солиш памет :P,
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: oon
Е заради овие причини се нервирам а од друга страна НАРОДОТ е ГЛУП како и секогаш и наместо да се противаат против овој закон тие велат браво за владата така треба,а фактички не знаат за што станува збор..:facepalm:
--- надополнето: 4 февруари 2014 во 13:30 ---

Каков народ таква држава..:facepalm:
То е то.. систематски го оглупуваат народот и сега се може да им помини без никаков проблем...Доволно е еден квиз или една емисија во која се јавуваат гледачи да изгледаш па да видиш до кое ниво на глупавост ни е спаднат народов...
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: oon
Абе ја сум за да има построги критериуми за селекција на вработените во администрација, што па не мора да значи дека оние со положен ТОЕФЛ и диплома од некои од 5те најдобро рангирани универзитети ќе биде најспремен и најдобар кандидат за одредена позиција. Прво рангирањето не знам како го правеле и колку е реално, нели имаше милион плачки кога се објави и тоа беше пред две години. Од тогаш може има и нови високоборазовни установи. Како и да е, пак прв и единствен услов ќе биде партишка книшка, со повремено некое вработување врз основа на CV и кфалификации. Али со оглед на тоа дека голем дел од сегашната администрација би паднал на обичен тест за интелегенција, што и да се преземе и смени, ќе биде напредок.
 
Да ама со вакви екстремни потези многу брзо може и да падне ова влада и да дојдат оние другите што ич не ги сакам,ама тоа е ако треба и за нив ќе гласам,а во едно и ќе купувам гласови за нив само заради инает.. А такви како мене има многу..

Луѓе секој ден бркаат од работа од Х причини, па никој не си ја врзал главата ради тоа. Зошто брат ти би бил посебен. Дека работел во државно па заклучно со тоа несмее да биди избркан, дека си се обезбедил со стабилна работа до крај на животот.
Што ако ти кој работиш во приватна фирма решат да те избркат.
Или приватно е друго , ама државно не е.
Дури си мислат дека се заштитени како бели мечки и дека мислат дека нивното место е загарантирано за цел живот администацијата ке ни биди ваква каква што ни е.
Кога ке знаат дека утре можи да летнат од работа како и сите други можеби малце повеќе ке си ја сфатат работата посериозно, пошто искрено администрацијата не ни е баш за пофалба.
Е сега брат ти можеби си работел совесно и чесно, ама како велат покрај сувото и суровото гори.
 
Џабе лаеме. Се знае дека критериумите само на хартија си важат, а ќе се тера по старо. А ако сепак навистина имаат намера да се создаде квалитетна администрација со бркање на сите некадарни и полуписмени тогаш им симнувам капа.

Ама после си велам-ова е мојата чудесна Македонија...
 
Јебала те романтика!!! Прво ТОЕФЛ како испит за високо познавање на англиски јазик! Дефинирај високо. Дали треба над 50 дали над 100 или над 113 ? :D Друга работа, да земеш да видиш коооолку од нашите министри, пратеници , владини службеници, а не важи ова само за владата и за плавите истото е, познаваат англиски јазик на ВИСОКО ниво. Јес офкорс ајмнот не е високо ниво. Башка убаво си кажуваат повеќето... ова нема ништо да реши него само ќе се има поголема контрола врз нароот. На крај краева глуп народ силна држава!
П.С. Колку што знам секој тест си се плаќа , така да и да те вработат со 15 000 плата првата плата (ТОА ВО НАЈДОБАР СЛУЧАЈ) си ја потрошил пред да почнеш. Горе доле исто ти се фаќа со овие што нудат работа за странство. Ризикот е тој :D
 
Луѓе секој ден бркаат од работа од Х причини, па никој не си ја врзал главата ради тоа. Зошто брат ти би бил посебен. Дека работел во државно па заклучно со тоа несмее да биди избркан, дека си се обезбедил со стабилна работа до крај на животот.
Што ако ти кој работиш во приватна фирма решат да те избркат.
Или приватно е друго , ама државно не е.
Дури си мислат дека се заштитени како бели мечки и дека мислат дека нивното место е загарантирано за цел живот администацијата ке ни биди ваква каква што ни е.
Кога ке знаат дека утре можи да летнат од работа како и сите други можеби малце повеќе ке си ја сфатат работата посериозно, пошто искрено администрацијата не ни е баш за пофалба.
Е сега брат ти можеби си работел совесно и чесно, ама како велат покрај сувото и суровото гори.

Не си во право,а инаку овој закон е дискриминаторски и криминален закон,а во едно и против устав. Никаде во светот не бараат ТОЕФЕЛ за државна администрација,а и плус никаде не бараат универзитетот да ти е во Шангај,па тогаш владата нека ги затвара тие универзитети што не се во Шангај,а не да им дава акредитации за работа а после да ги дискриминира, абе едноставно незнам што да кажувам друго, само неписмените и љубоморните луѓе ќе дават подршка на овој закон..
 
Никој закон донесен, до сега бар јас така гледам на работите, не е донесен за доброто на народот. Секој закон е донесен за доброто на власта... А додека има овци ќе има и волна!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom