Кога веќе самата држава не ги цени и не ги признава останатите факултети кои самата ги отвараше и им даваше акредитации не гледам зошто приватниците би вработиле некој од тие факултети.. ама убаво им беше кога отворија факултет во секое село и дозволија буквално секој да се запише на факултет ради собирање пари од партиципација и вештачки намалување на невработеноста.. поубаво да бидат студенти отколку пријавени во агенција за невработени...
Не сум правник ама ова ми делува незаконски и дискриминирачки за студентите на другите факултети на кои самата држава им дала акредитација..кој ќе им ги врати парите што ги инвестирале во образвоанието кога ни државата ни приватниците не ги вработуваат а буквално државата ги натера да се запишат на факултет..
Плус со законов постигнуваат двоен ефект врз административците... од една страна многу лесно ќе можат со закани и заплашување да ги натераат да гласаат на избори за нив, а од друга страна илјадниците новопримени административци, кои не само што не ги исполнуваат критериумиве туку се и полуписмени преку заплашување дека доколку се смени власта лесно ќе може да бидат избркани многу повеќе ќе ги активираат да гласаат и собираат гласови на избори...секој потег и секоја мерка донесена од оваа власт им е со цел или собирање пари во буџетот или собирање гласови.. воопшто не им е битно ни за држава ни за граѓани..
Овде мислам и шеријатот да го озаконат, некој ќе извикува браво.
лесно ти е на тебе од Немачка да солиш памет ,Додека не избркаат 50% од администрација све ти е тоа гол популизам!
Убаво ми дојде од веста сепак, јас би им закачила уште толку сертификати. Се што добија со лежење да вратат. И да се оданочат со 30% плус за лабава работа, за да се изедначат со реален платите. На кој не му се свиѓа нека се вработи во кавадарци нели или самовработи со кредит.
То е то.. систематски го оглупуваат народот и сега се може да им помини без никаков проблем...Доволно е еден квиз или една емисија во која се јавуваат гледачи да изгледаш па да видиш до кое ниво на глупавост ни е спаднат народов...Е заради овие причини се нервирам а од друга страна НАРОДОТ е ГЛУП како и секогаш и наместо да се противаат против овој закон тие велат браво за владата така треба,а фактички не знаат за што станува збор..
--- надополнето: 4 февруари 2014 во 13:30 ---
Каков народ таква држава..
Луѓе секој ден бркаат од работа од Х причини, па никој не си ја врзал главата ради тоа. Зошто брат ти би бил посебен. Дека работел во државно па заклучно со тоа несмее да биди избркан, дека си се обезбедил со стабилна работа до крај на животот.Да ама со вакви екстремни потези многу брзо може и да падне ова влада и да дојдат оние другите што ич не ги сакам,ама тоа е ако треба и за нив ќе гласам,а во едно и ќе купувам гласови за нив само заради инает.. А такви како мене има многу..
Луѓе секој ден бркаат од работа од Х причини, па никој не си ја врзал главата ради тоа. Зошто брат ти би бил посебен. Дека работел во државно па заклучно со тоа несмее да биди избркан, дека си се обезбедил со стабилна работа до крај на животот.
Што ако ти кој работиш во приватна фирма решат да те избркат.
Или приватно е друго , ама државно не е.
Дури си мислат дека се заштитени како бели мечки и дека мислат дека нивното место е загарантирано за цел живот администацијата ке ни биди ваква каква што ни е.
Кога ке знаат дека утре можи да летнат од работа како и сите други можеби малце повеќе ке си ја сфатат работата посериозно, пошто искрено администрацијата не ни е баш за пофалба.
Е сега брат ти можеби си работел совесно и чесно, ама како велат покрај сувото и суровото гори.
Никој закон донесен, до сега бар јас така гледам на работите, не е донесен за доброто на народот. Секој закон е донесен за доброто на власта... А додека има овци ќе има и волна!Не си во право,а инаку овој закон е дискриминаторски и криминален закон,а во едно и против устав. Никаде во светот не бараат ТОЕФЕЛ за државна администрација,а и плус никаде не бараат универзитетот да ти е во Шангај,па тогаш владата нека ги затвара тие универзитети што не се во Шангај,а не да им дава акредитации за работа а после да ги дискриминира, абе едноставно незнам што да кажувам друго, само неписмените и љубоморните луѓе ќе дават подршка на овој закон..