Како влијае марихуаната на здравјето...

  • Креатор на темата MSV
  • Време на започнување

Tемјан

the Kingslayer
Член од
19 мај 2011
Мислења
691
Поени од реакции
1.141
Сите кои ги знам и пушат марихуана, се загрижени за своето здравје и пробуваат да превземат колку што е можно повеќе мерки за да го зачуваат. Пустите, се жртвуваат со тоа што пушат марихуана која воедно не им се допаѓа по вкус и мирис.
Ниту еден од тие кои пушат ганџа, не ја пушат пошто им е јако и сакаат да се издрогираат ко стоки. Сите го праат тоа ради здравјето. Некои од нив кои воедно продолжуваат со други дроги, они слушнале дека ствари ко кокаин и хероин се здрави за крвотокот и џигерот, па си викаат...Зошто да не? Се во име на здравјето. Не пушат цигари, не пијат алкохол во преголеми количини, спортуваат и сето тоа.

Марихуана пушат само, али пошто прочитале дека лечи од астма и превентира рак на дојка. Нус ефектите како повраќање, главоболки и слични ствари по конзумирањето на марихуаната кај некои луѓе, се само знак дека заздравувањето на ракот започнало.

Ганџата лечи рак, депресија, сите болести и интелигенција.
Евиденцијата која укажува дека ризиците од проблеми со срцето и срцев удар, губење на краткотрајната меморија, намалување на крвниот притисок, развивање на симптоми на шизофренија, намалување на когнитивните способности, бронхитис и пнеумонија, анксиозност/депресија, рак на белите дробови и тумори се зголемуваат со пушењето на марихуана е глупава и начин за владите да не манипулираат и оттргнат од големата вистина!

МАРИХУАНАТА ЛЕЧИ СЕ’!
Да си жив и здрав 100 години пријателе.
Кажи им на тие пријатели дека со малку повеке едукација, ке бидат излечени уште повеке. Многу влијае начинот на конзумација на марихуаната. Пушењето е еден од поштетните начини на конзумација. Ке пишам за тоа подоцна.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.049
Поени од реакции
80.925
Вака сеа...Уште од мала имав астма..Неколку пати лежев во болница и ткави срања..Цел живот пиев лекови али нишо..Решив 1 год да ги прекинам лековите и таа година пушев марихуана.После таа год. отидов на контрола,астмата тотално исчезнала.Значи веќе немам астма.Марихуаната не само што лечи астма,рак,лечи и мн. други болести.Тревата воопшто не е штетна..Те боли глава,заб,стомак,апчиња НЕ,напуши се и одма поминува..
И еден познат наш глумец (од постарите) има излечено астма со марихуана. (ова од прва рака)
Инаку, глава, заб кога боли не би требало да се пуши, сметам дека може и да ја појача болката или тоа чувство.
За стомак - да.
 

831

HOATH IAIDA
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.727
Поени од реакции
11.979
И еден познат наш глумец (од постарите) има излечено астма со марихуана. (ова од прва рака)
Инаку, глава, заб кога боли не би требало да се пуши, сметам дека може и да ја појача болката или тоа чувство.
За стомак - да.

Да, и тоа неподносливо да ја појача а кога ќе се додаде прекумерната концентрација што ја дава ТХЦ-то не дај боже да се сконцентрираш на болката, а ќе го направиш тоа сигурно.

Инаку секако, како и за скоро се друго, секогаш има две спротиставени струи. Во случајов едни тврдат дека може да се користи како лек а другите обратно. Традиционално, конструирани сме слепо да веруваме во авторитет без критички поглед тоа е многу јасно.
Да не заборавиме дека парите го имаат последниот збор, кога се многу пари за скапи терапии во игра никој нема да ти препорача евтина home made алтернатива, мислам, тоа треба и на деца да им биде повеќе од јасно...
 

blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
И еден познат наш глумец (од постарите) има излечено астма со марихуана. (ова од прва рака)
Инаку, глава, заб кога боли не би требало да се пуши, сметам дека може и да ја појача болката или тоа чувство.
За стомак - да.
Јас имам ненормални менструални болки. Се откажав од вештачките лекови, оти имав уште поголем проблем од нив. И ако не си запалам, мислам умирам. После пушењето ми се релаксира цел стомак, ниту еден грч од матката не чуствувам, не па болка да имам. И не ми треба многу, дим два само и доволно ми е. За заб знам дека уште толку ќе ти ја појача болката, до лудило дури доведува. А за глава не знам, не сум пробала.
 

Tемјан

the Kingslayer
Член од
19 мај 2011
Мислења
691
Поени од реакции
1.141
Има неколку начини за конзумирање на медицинската маријуана. Со мала едукација можеме да одбереме кој начин би ни одговарал највеќе.

За жал, најортодоксниот начин, тоест пушењето џоинт е најштетниот начин за конзумирање и третирање на одредени болести. Причината за тоа е димот кој се инхалира. Жешкиот дим може да ја надразни слузокожата во градите и може да предизвика воспаление и страшно кашлање. Инаку, ова е најбрзиот метод за да го осетиме лековитото дејство на марихуаната. За да го ублажиме тоа чувство на горење и кашлање, се препорачува употреба на вапорајзери. Ова чудо работи на тој принцип, што достигнува температура каде што испарува активната состојка ТХЦ и ние го инхалираме само тоа што ни е потребно. Се друго што останува, гранчиња, семчиња итн фрламе.... Друг начин на инхалирање без да кашламе е Бонг со Мраз. Работи на тој начин што ставаме коцки мраз во бонгот и се лади димот додека да го внесеме во градите.
Внимавајте, со Ајс бонгот можете многу да се напушите, тоест да се онесвестите, бидејки не се сеќава димот и може да вовлечете многу повеке одошто можете да издржите. Јас со децениско искуство, сум морал да седнам за да не ми се "пресечат нозете" после удар од ајс бонг.


Најдобар и најпотентен начин за стопирање на хронична болка е да се конзумираат канабиноидите орално.
Тука спаѓаат колачите, канабис путер и разно разни уља.
Позитивната страна е тоа што дејството трае многу подолго отколку кога марихуаната е испушена. Просечно колаче со 0.8 грама грас, правено со 82% маслен путер, значи оптимално подготвено, дејството може да трае и до 8+ часа.
За канабис уљето има многу да се зборува. Тоа е лабараториски подготвено и содржи висока концентрација на канабиноиди, а многу низок степен на психоактивната супстанција ТХЦ. Доволни се само 2 капки од канабис уљето на ден за да се намали растењето на клетките од рак. Па сега видете колку е моќно.
Негативна страна на овој метод е тоа што можеме многу лесно да го згрешиме рецептот и да ја потрошиме ценетата марихуана залудно. Друго што треба да се напомене е тоа што дејството се чувствува после 45 минути од козумацијата. Најчесто почетниците после 15 минути јадат уште по некое колаче и потоа дејството им е многу јако и спијат по цел ден. :)

Секоја сорта на канабис има различни лековити дејства. Некој лечат физичка болка, некој третираат депресија и анксиозност, некој пак немаат лековито дејство и ги користиме само за рекреација.
За различните сорти на канабис подоцна.
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
CLEAR's Reynolds said: “Cannabis is probably the least toxic therapeutically active substance known to man. Its Therapeutic Ratio (TR) is so high as to be virtually impossible to calculate but is believed to be between 1:20000 and 1:40000. Thus if 100mg of cannabis would produce an effect, between two to four kilos (taken at once) would be fatal. This is, of course, impossible."

Mr Sheriff Payne, the Bournemouth coroner, asked Dr Hussein: "You are satisfied it was the affects of cannabis that caused her death."

Dr Hussain replied: "Yes sir."

But the UK seemingly loves to blame pot for things it has nothing to do with. The government has officially listed five deaths that were "caused" by marijuana in the mid-1990s. It was later revealed that all of those deaths were actually caused by the deceased choking on their own vomit.

Comment from reddit:
- Also "a wrapper containing brown and green leaves of the class B drug was discovered in her handbag." Leaves? Seriously? Salvia?

Make of it what you will.
 
Член од
3 февруари 2014
Мислења
3
Поени од реакции
5
Ме интересира колку кај нас е казната ако ти најдат едно стебло марихуана? Да претпоставиме дека до сега никогаш не сте биле осудуван. Дали има шанси да добиеш условно?

И друго прашање во врска со ова тема. Дали до сега сте имале искуство со напади на паника после конзумирање (забрзано чукање на срцето) и тешкотии при дишење. Како се справувате во таква ситуација, и како успевате да избегнете такви моменти во иднина.
 
Член од
25 јануари 2014
Мислења
15
Поени од реакции
22
Јас имам ненормални менструални болки. Се откажав од вештачките лекови, оти имав уште поголем проблем од нив. И ако не си запалам, мислам умирам. После пушењето ми се релаксира цел стомак, ниту еден грч од матката не чуствувам, не па болка да имам. И не ми треба многу, дим два само и доволно ми е. За заб знам дека уште толку ќе ти ја појача болката, до лудило дури доведува. А за глава не знам, не сум пробала.

Me bolelo zab 10 pati,tie 10 pati vednas sum zemala joint,kje se napusam i vednas prekinuva :)
 

Tемјан

the Kingslayer
Член од
19 мај 2011
Мислења
691
Поени од реакции
1.141
Има 4 вида на марихуана. Индика, Сатива, Рудералис и Медицинска Марихуана.
Основни видови се 3, Индика, Сатива и Рудералис, а Медицинската се добива со вкрстување и генетика.
Индиката има стоун ефекти и се користи како пеинкилер.
Сативата има енергетски ефекти, го крева моралот и се користи за лечење на дересија, анксиозност и слично.
Рудералис, тип на канабис по потекло од Русија. Нема некој особени психоактивни ефекти, но генетиката му е таква да му треба помалку светлина потребна за фотопериодот и се користи за вкрстување со индиката и сативата за добивање на автоматик стебла, на кој не им треба многу светлина за да преминат од вегетативен период во фаза на цветање..
Медицинската марихуана има низкос процент на THC, а висок процент на Cannabidiol (CBD). Канабидиолот се користи за третирање и лечење на скоро сите познати болести, но за жал ретко се употребува на нашите простори.
Скоро на сите онлајн продавници за семе од канабис има секција од каде може да си одбереме семе за Медицинска Марихуана.
Значи Медицинска Марихуана има низок процент на ТХЦ и го нема оној задоволувачки, рекреативен ефект на хај, но има голем дијапазон на позитивни медицински ефекти.
 

831

HOATH IAIDA
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.727
Поени од реакции
11.979
кај нас 1 гр. е 200 ден. И тоа е најглупавата марихуана у свет. Од подобрите нема низ мкд, освен ако не ти донесе некој од странство.

Како бе кај вас 1 грам 200 денари? Не е Македонија Америка па цениве на тревата 100 % да се разликуваат од држава до држава, отсекогаш била и сеуште е 1 грам т.е. 1 џоинт 100ка.
 

Tемјан

the Kingslayer
Член од
19 мај 2011
Мислења
691
Поени од реакции
1.141
Како бе кај вас 1 грам 200 денари? Не е Македонија Америка па цениве на тревата 100 % да се разликуваат од држава до држава, отсекогаш била и сеуште е 1 грам т.е. 1 џоинт 100ка.

кај нас 1 гр. е 200 ден. И тоа е најглупавата марихуана у
свет. Од подобрите нема низ мкд, освен ако не ти донесе некој од странство.

Да се вметнам и јас во муабетот ако може. :P
Моментално, значи од пред 5 месеци било која европска земја може да ни позавидува за квалитетот на марихуаната. Има прекрасни Индики и Сативи кој ги купуваме за многу поевтина цена од на пример, Германија, Хрватска, Србија, Бугарија, Франција, Холандија, Англија. Голем дел од Холандиската трева што ја продаваат како најјаки сканкови и слично по цена од 20 евра, ја пушиме ние за 100-200 денари.
Ова го кажувам бидејки правам некој истражувања, односно ме интересира оваа област.
Во Македонија 90% од тревата иде од Албанија од селото Лазарат. Од истото село од кое годишно се извезува над 900 тона високо квалитетна марихуана, набавуваат сите европски држави, вклучувајки ја и Холандија.
Големиот Амстердам е како мало маче во очите на Албанското село Лазарат.
Бла, бла, да не должам многу.
Просечна грамажа што ја продаваат во МК за 100 денари е од 0.5 грама до 0.8. Ретко кој ке ти даде за 100 денари 1 грам. Во Скопје не постои таков. ;)
Е сега деца, ако сакате квалитетна и евтина ганџа, не купувајте од секого. Најдете си легитимен дилер со високи етички норми и никогаш нема да се заебете.
Моментално пушам 100% Сатива, со бели цветови облиени со кристали. 1 грам кошта 150 денари. Таа на пример во Амстердам би се викала White Widow и грам би коштал 15 евра. Голем дел од напумпаната цена на странскиот пазар е реклама и тука се плака ризикот за шверцување преку граница.
Во Скопје има многу јака ганџа, но таа се продава на одреден круг на луѓе, додека за иста цена на обичниот граѓанин му се продава она што би го фрлиле во Амстердам. Поради тоа мислиме дека кај нас има слаби ганџи. Јас можам да ве уверам дека не е така. ;)
Има неколку профили на марихуана дилери, најдете си го оној кој што има постојано добар квалитет и кој што не продава кога има слаб квалитет. Мене ми кажуваат, баце ова не е за тебе, џабе ке си ги даваш парите... и како после да не ги почитувам тие луѓе? :)
 
Член од
31 март 2008
Мислења
2.545
Поени од реакции
1.789
Темјан,проблемот настанува кога дилерот одбира да прави брзи пари, а не муштерии за долг период.
 

Tемјан

the Kingslayer
Член од
19 мај 2011
Мислења
691
Поени од реакции
1.141
Темјан, проблемот настанува кога дилерот одбира да прави брзи пари, а не муштерии за долг период.
Знам бате, но не купувај од тој дилер, побарај друг. Не мора да пушиме срање ако не ни чини. Најчесто дилерите се навикнати на тоа да ти дадат грас и да ги снема.
Тука и ние сме си криви, колку пати сме се пожалиле дека тревата не чини и пак купуваме од истата?
Мој совет е да не купуваме од лица помлади од 25-27 години. Тие најчесто се преваранти и им треба брз кеш, немаат што да изгубат. Додека повозрасните, се пазат повеќе, најчесто се женети/мажени или вработени и се пазат да не бидат откриени ни под разно. Ете тие гледаат да имаат редовни муштерии, а не брз кеш.
Јас секој пат им се жалам, ако каснат 5 мин им одкажувам. Треба да сватат дека ние сме тие што ги даваат парите, а они се само дилери. Заебан е нечистиот бизнис, треба убаво да се изигра за сите да бидеме задоволни. :)
 

Vespertine

The Ugly Duckling
Член од
22 септември 2009
Мислења
2.932
Поени од реакции
3.386
Последен пат што пушев добра марихуана беше лето 2013, мислам дека од скопје ми беше донесен врвот, некаде 20-25 грама беше цело стебло. Значи нема промашај, од кај дојде од кај израснала поима немам ама чудо. Значи пушиш, не да те губи, да ти затвара очи да те бута у стонирање, него пеперутки у стомак те скокотичкаат и се смееш за ништо, поминуваат 2-3 часа, таман да дојдеш при себе влечеш 2-3 дима, и пак исто, скокотичкање смеење. Е тоа е марихуана што се вика лек, да ти живот продужи, а не оние да те умислат, да те успорат. Е тоа памтам од 2013 што беше добра и од ОЗОРА едни скопјани ни дојдоа на гости у градот и донесоа сканк кој го пушевме 12 луѓе а беше чист кец. Значи еден круг се сврте.
И немој да ми кажувате у мкд имало добра марихуана. Се знае кај има добра марихуана, кај што е легална, зашто тамо прават од мерак, а овдека дај што даш.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom