Текстој се пишат,колумни,фрчат статуси на ФБ,а управата(ако ја имаме воопшто) сеуште ја чекаме да одговори на следните клучни прашања:
1.За колку пари се шитнаја играчите?и колку пари зеде Пелистер како клуб?
2.Дали мислат уште нешто да (до)шитнат?
3.Кои се амбициите на клубот??
4.Шо се дешава со тие(фамозни)спонзори?де Василев,де Лозар,де Стопанска...дрн,дрн...еден куп шпекулации се појавија,сериозна управа мораше да ја разјасни работата...
5.До кога мислат да терат вака?по принципот
КУПИ ДЕН ПОМИНИ...
6.Кој одлучва за Пелистер?кој е тој шо ги влечи конците?
7.Зошто не се замина на припреми?
8.Зошто не се донесат адекватни замени на тие шо ги шитнаа?
Има уште многу прашања,овие се некако најважни...
Ама никако да дочекаме да ни одговори некој..
Ај да пробам јас да одговорам на барем дел од нив
1. За мацата динар не се зеде, со незнам какво лице му барал на Монголот 5.000 евра на рака ако сакал да остани (треба да си луд да дајш толку пари за играч кој е далеку од форма и кој е само како фигура на теренот) и Гоце видно разочаран затоа што тој го врати за да го врати во форма во живот и на крај грб му врти го пушти без динар да земи (и не му го дал борчот шо го имал кон него), за Томе не сум сигурен ама мислам дека 10.000 евра,а можи и помалце, за Жуниор 50.000 евра (25.000 евра
за Пелистер).
2. Значи како шо имам инфо јас од прва рака секој фудбалер е на продажба секако доколку се плати потребната оштета,а потоа од тие пари клубот да преживува и да носи секако нови фудбалери поефтини, подобри ... За Владица до клубот
НИКАКВА понуда нема стигнато, а ако платат Пандури
100.000 евра ќе го пуштат (и тука пола одат за Работнички така мислам дека му стој во договорот)
3. Амбициите на клубот се излез во Европа, колку и да не свучи во моментот ова прифатливо но тоа се амбициите и можат да се остварат јас мислам безразлика што изгубија од Јавор и од Победа не е мерило пријателска утакмица на која сите добиваат шанса (22 играчи) и каде нема потреба од максимум (дајбоже и од Новаци и од сите да изгубиме во првенството да тепваме)
4. Василев не е уште по натпреварот со Ренова на домашен терен што го загубивме со 0:4
![Си свиркам :свиркам: :свиркам:](http://forum.kajgana.com/styles/default/xenforo/smilies/whistling.png)
од тогаш рекол јас не сум повеќе во Пелистер како "финансер", за потоа да тргниме во одлична серија победи и нерешени па побарал пак да се врати ама за жал налетал на затворени врати.
Ни Лозар, ни Стопанска Банка во опција е само Пелистерка и се во преговори и два пати во владата биле и сите работи ама некој очигледно кочи и тоа многу, токму тие од Пелистерка го закажаја натпреварот во Охрид со Јавор сакале да ги гледат Пелистер итн. итн. и безразлика што изгубиле нивната заинтересираност за клубот е уште на високо ниво, како што знам не оделе се така лесно во процедура било и најверојатно до пред крајот на првенството требало да го превземат клубот
(Ако го превземат)
5. За тоа до кога мислат да терат вака ќе го прашаш
Двојче и неговите луѓе во клубот
6. Сигурно не јас или ти или сите шо сме тука по форуми, фејсбуци итн... Конците ги влечи пак Двјоче бе луѓе незнам шо е нејасно... Тој ги има 100% акциите на клубот, шо значи клубот е на општината не е ни на Монголот, ни на Пелистерка ни наш...
7. На припреми одат на 5ти Февруари како и што беше планирано 20 дена по почетокот на припремите, со тоа што ќе одат Охрид наместо Анталија ќе се заштедат од 10.000 до 15.000 евра што во моментот за клубот е и добра опција во една ваква катастрофална ситуација.
8. Замина Томе - дојде Динчев, замина мацата - тука е главевски, замина Жуниор - дојде Мичо (иако колумбиецот требаше да биди замената за Жуниор ама то е и среќата ко ќе ти го сврти грбот), се вратија и Диме врапчето и Тони маглата шо значи нема некој драстични промени сега ќе имаме и повеќе фудбалери можи не скрос адекватни замени но горе - долу тука негде сме.
Овие одговори ти ги дадов според се она инфо шо имам од прва рака, значи зад ништо не стојам со 100% сигурност, во денешно време не е сигурно утре дали ќе се обдени,а не пак се ова, ако мене ме излагале и јас тебе и сите овде ќе ве излажам ама до сега за 80% сум добивал точни ифнромации...