Правен факултет-Кичево(дисперзирани студии во Битола и Струга)

  • Креатор на темата Креатор на темата Erich Zann
  • Време на започнување Време на започнување

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.650
Поени од реакции
31.879
Возраст
34
Мислам дека треба да има и ваква тема во образование, бидејќи се најдува по некој студент чат пат на форумов, па така може во истава тема да се разменуваат искуства, материјали, семинарски и да се задоволат слични потреби и барања. Има студенти од повеќе градови. Kако главни седишта се оние во Кичево, Битола и Струга.

Oва е и официјалната страна од факултетот http://pfk.uklo.edu.mk

Нека се има темава, не сме ние полоши од Јустинијановци да речеме :D Jeсте да мајсторите се битни, но влогот кој го има индивидуата во себенадградбата е побитен ;)
 
Како прво сакам да ти изразам желба дека сакам да дојдам на тој факулетот ваш, импресиониран сум, слушнав преубави работи шо се однесува на организацијата барем.:D

Како второ имам една забелешка, ти како себедеклариран бегарофил ми употребуваш србизам. Крајно некоректно од твоја страна. :P
 
Сместа темава во Чек дис аут или во Канта!!! Уште пак и тема отворил, не знам како си се осмелил.
Не сме ние будали што сме на Јустинијан, ја тупиме главата со безброј страници и закони и сега некој како вас ке дојде тука и ке ни продава муда за бубрези демек самонадградбата е најбитна. Ма немој молимте.

Вие што сте на дисперзираните факултети, треба да ви се забрани слободно движење во границите на Републиката (напуштање на државата не доаѓа во предвид), да ви се одземе правото на глас, да се вработите исклучиво во земјоделие, сточарство или евентуално овоштарство со тоа што субвенции нема да добивате, а во областа на овоштарството да ви биде забрането прскање на овошјата со пестициди и остали иди кои служат за заштита на плодот од разни болести и разноразни летачко-ползачки изроди.

За време на воена состојба, вие треба да сте тие кои ке го заземаат првиот ред и со пушка во рака да се борите за правата на вашите сограѓани и слободата на државата која ви овозможила да се образувате надвор од границите на највисокинтелектуалниот и сестрано признатиот универзитет Кирил и Методиј, а посебно правниот факултет Јустинијан Први (вечен да е!).

За време на вонредна состојба (пример поплава) вие треба да сте тие кои со лажица (повторувам: со лажица) ке ја вадите водата од подрумите на дипломираните правници на Јустинијан Први бидејќи вие сте главните виновници што они не успеале да ги направат поизолирани и посовремени нивните куќи и вие сте тие кои сте им го 'зеле лебот од уста' а воопшто не сте се измачиле за да завршите факултет.

За време на државни собири, прослави и претстави да ви биде забрането учеството во истите, и во својство на изведувачи, и во својство на гледачи. Да ви биде дозволено да гледате исклучиво дома и задолжително на црно-бел телевизор на кој сликата ке ви се расипува на секои 30-35 секунди (со тајмер да се направат такви телевизори).

Кога ке одите во банки, болници, општини и министерства, на главата да носите картонска кеса за полесно да ве препознаваме и да не ви се приближуваме бидејќи смрдите, корните и човек не може да седи во ваша близина, просто не можеме да ве поднесеме. Сте (не ве персирам разберете - множина сте) завршиле на некој таков маалски факултет и сакате да се рамнете со нас? Сеуште не сте ги осетиле благодетите кои ги нуди Кирил и Методиј, благодетите кои ги нуди Јустинијан Први, благодетите кои ги нуди главниот град на Република Македонија! Провинцијалци неизживеани, сакате на исто рамниште со нас да бидете.

Членувањето во политички партии, и тоа да ви се забрани. Ни левичари, ни десничари, ни про, ни контра влада, ни ВМРО, ни СДСМ. Основајте си свои мали партии и членувајте си самите во истите. Еве нека се вика ПЈДДФШРМ - Партија за Јадните Дипломци на Дисперзираните Факултети Ширум Република Македонија. Ке заборавев, за вас нема да важи ни рамковен, а ни свети рамковен договор. Вработување во државно нема да има!! И колку гласови да освоите на изборите, место за вас во државна администрација нема да има!

Вие сте терет на државата. И правната способност треба да ви се забрани. Штом не доаѓате во Скопје да студирате сигурно сте грди, неубави и смрдите од километар. Немате С од социјализација. Во кафичи порачувате еКспресо сигурно. Уствари не ни знаете што се кафичи. За корстење на нож и вилушка подобро да не зборам, поима си немате што е тоа. Во автобус сигурно и не станувате на постари, во маркет не и викате чао на касиерката, во бутик не ја диплите пробаната облека. Абе вас на Голи Оток треба да ве пратиме. Зошто сакате уопште да живеете? Никој не ве сака. Јадни сте, одвратни, не можеме да ве поднесеме. Направете барем една добра работа за нас - исчезнете.

Вие ни љубов не знаете да водите бе. Сигурно и вчера сте го славеле празникот, оти само дркате. Женска со очи немате видено. Покрај тоа гарант и на пратеничкине во собрание дркате, а камоли Ермира Мехмети да дава изјава некоја. Патетични сте бе! Ништо не знаете.

Уште теми ми отварате по форумиве. :facepalm:


Отприлика вака би изгледал пост во врска со темава на студенти на правен во Скопје кои заглавиле кај Бајалџиев, Мицајков и Родна Живковска а богами и на некои форумџии судејќи по постовите што ги имам сретнато на различни теми. :свиркам:
 
Како прво сакам да ти изразам желба дека сакам да дојдам на тој факулетот ваш, импресиониран сум, слушнав преубави работи шо се однесува на организацијата барем.:D

Како второ имам една забелешка, ти како себедеклариран бегарофил ми употребуваш србизам. Крајно некоректно од твоја страна. :P


Aj бе не оди офтопик, за година дена дипломиран правник че бидиш, уште со оффтопици че си играме :cool:

Ако некој има некоја потреба од материјал, семинарска, нека пиши ако се погоди да имам со задоволство би му ја пратил.

Еве пример барам за @Божино нешто по ЕУ да не излези.
 
Ако некој има некоја потреба од материјал, семинарска, нека пиши ако се погоди да имам со задоволство би му ја пратил.
За Данок на добивка ти се наоѓа нешто? :D
 
За Данок на добивка ти се наоѓа нешто? :D

Oд то шо проверив имам за развој на даноците, како тема поврзана со даноци. Сега мавнав и на Search па да видиме да не улета некој резултат точно на таа тема. Имам полно други по економски, за царини, берзи, ова она, но за тој со добивката засега не најдов ништо во папката каде ми се сортирани. Нека доработи срчот за официјален и конечен одговор :D

п.с Законот излезе само, друго јок.
 
Aj бе не оди офтопик, за година дена дипломиран правник че бидиш, уште со оффтопици че си играме :cool:

Е тука многу грешиш, сеа че ти кажам оти.
Како добар правник мора да научиш да успеваш со офтопик мислења да им го заматуваш умот на спротивните страни. Велат тоа е умешност. ;)
 
Е тука многу грешиш, сеа че ти кажам оти.
Како добар правник мора да научиш да успеваш со офтопик мислења да им го заматуваш умот на спротивните страни. Велат тоа е умешност. ;)

Че се врејџаме сега. Јас добар правник сум за тебе, а не одличен ?! :(

Брат како да го одматам сега умов :D И дај заозбили се море. Има деца кои ќе прочитаат и ќе треба да се одлучат утре/другиден за факултетот. Пофали го, дека не е тиња како што не црнат и дека има добра настава, квалитетен кадар, добри услови, строгост при оценување, начин на оценување, можност за усно одговарање и такви работи, не ти ко децана мали на факултет. Единствени побош муабети прајме ко че порачуваме кафе од кафемат (немаме ние посебна просторија за јадење/пиење) туку машини. Е тука сме послаби :)
 
Кога реков добар правник, мислев општо. Поточно сакав да се оправдам со некаква си умешност за претходоното забегување од колосекот. :rolleyes: А иначе се разбира дека не те рачунам за само добар, уживај си. ;)

И не реков ништо за факултетот ваш, само кажав што сум слушнал. :D
 
Шо насока че одите бе?
Граѓанско, Казнено, Деловно........а?
 
На долго и широко размислував, ама на крајот на денот (колку е покул -at the end of the day-) најбитно е шо ти лежи, и шо ти е интересно. Казнено. :ROFLMAO:
 
Црвени,ако веќе така се започна(ММЕ:vozbud:) да ти кажам како се зборуваше на времето на електро за вас од правен,економски анд цо-остави го мозокот на електро да студира,а ти со телото отиди на факултетите `преку Вардар` да си земиш уште една диплома:pos:
 
Кога реков добар правник, мислев општо. Поточно сакав да се оправдам со некаква си умешност за претходоното забегување од колосекот. :rolleyes: А иначе се разбира дека не те рачунам за само добар, уживај си. ;)

И не реков ништо за факултетот ваш, само кажав што сум слушнал. :D

Tи бе Фифти на шо че одиш?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom