Донекаде мило ми е што горе-доле гледавме понеизвесен меч, пошто претходните мечеви со исклучок на оној со Ларвик, беа скоро ревијални

Пред мечот типував на лесна победа од 5 разлика, на крај сепак добивме средно тешка победа од 6 гола.
Која беше причината за празната клупа на гостинските?
Само со 11 ракометарки беа допатувани, 3 резерви и една резерва голман

Лекиќ денес беше индиспонирана на стартот и тука заради тоа што силувавме по таа страна, лесно не блокираа и не казнуваа преку брзата Кабрал.
Лекиќ имаше мини вербален дуел со една ракометарка на Турингер. Според мене Лекиќ ја испровоцира ситуацијата. Имено при еден влез и неуспешен удар, кога стануваше од подот се држеше и ја влечеше за дресот противничката ракометарка и не и дозволи да тргне во напад. Во наредниот напад противничката се обиде да врати, па имаше и вербален дуел. Лекиќ беше видно нервозна и заслужи многу порано да седне на клупа.
Пино навремено стапи на сцена и ја живна нашата игра.
Хмирова беше добра на почетокот и скоро сама го одржуваше нашиот тим во игра.
На спротивната страна Кабрал и Лузунова им беа алфа и омега. Кабрал пребрза за нашиве ракометарки, какви влезови ни правеше. Швајцарско сирење бевме во одбраната. Мораше многу порано да влезе Ѓокиќ. Мало мало ама како ги грабнува противниците алал да и е. Нема мрдање

Бегоња Фернандез и Сираба Дембеле имаа слаб меч, особено Дембеле која скоро беше и невидлива. Имавме среќа што одлична беше Суслина, а и што неколку топовски удари на Кабрал завршуваа во стативата.
Јас не знам што толку се форсира Николиќ. Далеку е од некогашната форма. Мислам дека Дмитровиќ која беше носител на нашата игра во ланската сезона многу неправедно беше префрлена во вториот тим и денес покажа дека заслужува да биде можеби и во стартерите. И онака сме тиња на десна бековска позиција

Голманкана на Турингер како Борко наш. Се изнабрани зицери, за после Пино и Дмитровиќ да ја отворат со шутеви од далеку. Браво за Дмитровиќ, пак ќе кажам нејзиното влегување беше одличен потег на Индира, кој можеби требаше и порано да го повлече.
Гостинките се уморија и беше само прашање на време кога ќе почне решетањето. Стигнавме до +6 во вториот дел. И Кабрал се умори веќе, не се случуваше како во првиот дел додека ние се радуваме на голот, она веќе е пред нашиот гол и изнудила пенал или дала гол. Даде и едно одлична дијагонала со "криви очи" до левото крило

Имаа среќа што Јованка не беше на препознатливо ниво. Утна три зицери по ред.
И тоа во моменти кога со играч помалку Турингер ни направи недозволива серија од 3-0, но за среќа Ѓокиќ пресече контра, па Радичевиќ осамена на противничката половина конечно го скрши малерот. Потоа се разигра, пресече неколку топки, им даде уште 2 гола до крај.
До крај лагано го приведовме мечот до крај, давајќи им шанса на сите ракометарки.
Заслужена победа со добра разлика која на крај може да биде и пресудна.
Многу лошо е што Ѓер изигра дома нерешено со Будуќност. Да не испадне како први во нашава група да налетаме на Ѓер во полуфинале
На трибините имаше околу 4 500 гледачи, што е одлична бројка за женски ракомет. На Кометал не се дишеше, ама во Кале може околу 3000 луѓе максимум да собере ако седат еден врз друг

Атмосферата театарска, со повремени обиди за навивање, неколку пати скандирање за Вардар, Ајде ајде Вардаре, Зига зага...
Судијата неколку пати ја налекетризира атмосферата. Ќе го издвојам исклучувањето на Ѓокиќ во вториот дел, при еден фаул кој беше чист ко солза, и не санкционирањето на намерното играње со нога во 3-4 наврати во размак од неколку минути на ракометарките на Турингер.