Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
А и одбраната као ни ја шетаа, ајј, страшно беше тоа да се гледа.:facepalm:
Ќути за ова. За последниот гол имаше 5 (пет!) наши играчи околу Фегули и сите како некои кипови стоеја, ниеден не проба да ја земе. Пике ваљда Валдес го покриваше, да не си даде автогол.
 
убаво одеше имаше и водство и 3-4 одлични шанси во кои БОГОТ МЕСИ сакаше ЛИЧНО ТОЈ ДА ЕГЗЕКУТИРА по што се растури цела игра и никој не се залагаше повеќе.........го гледав цел натпревар ми се чини дека Меси беше тој кој го урна моралот по неговата себичност во неколку ситуации во првото полувреме кои требаше со гол да резултираат па и да се реши мечот !
 
Абе коа ќе видиш од друга страна сепак не сме толку лоши, Реал ги победивме лагано, со ваков А.Мадрид на гости одигравме 0-0, овие последните ги победија Р.Мадрид на свој терен и рушат се пред себе сезонава. А и сигурен сум дека и дома ќе ги победат. Во поповолна ситуација сме за Ла Лига, секако само доколку синоќешната им беше само една лоша ноќ
 
Потребно е реконструкција на тимот!

Мислам дека со Валдес од тимот би ги испратил и Пујол, Маскерано, Дани Алвеш, Серхи Роберто, Чави, Тељо и Педро!

Нека донесат добри играчи, нека ги вратат Рафиња и Деулофеу. Ако запнат сигурно може да ги донесат Гундоган и Ројс.

Ако случајно има избори и дојде Лапорта, големи се шансите да има реконструкција.
 
Абе коа ќе видиш од друга страна сепак не сме толку лоши, Реал ги победивме лагано
Ова и не е некаква споредба за мене затоа што Реал игра многу лошо, дури и полошо од нас. Да немаа толку среќа уште пред 2 месеци ќе беа 10 поени позади Барца и Атлетико.

Колку само паметно се раководи со Атлетико, гледаат дека се конкурентни во сите 3 натпреварувања и си земаа засилувања во јануари дури и да не се играчи за прв тим ќе си ја засилат клупата.

п.с заслужено прво место за убедливо најјакиот тренер во Примера
 
Во моментов не знам како, но мора да ги победиме Атлетико Мадрид во последното коло, и Реал на гости, што во оваа ситуација сега е начна фантастика, но мора да биде така за да се надеваме на титулата... Мислев дека Атлетико ќе падне со текот на времето, но ѓаволски добро се држат, ако успеат да ја задржат оваа предност до крај, треба само да им се честита. Имаат карактер има борба во нив, она што во нас одамна го нема..Воопшто не би ми било криво ако ја освојат Ла Лига..Ние мора да се свестиме кога тогаш, на ваков или таков начин...
 
Не мора Реал да ги добијеме ако овие изгубат против Атлетико. Тогаш ние на крајот ги тепаме Атлетико и со ист број бодови освојуваме титула, сето ова ако до крајот ги тепаме сите освен Реал, Реал ги тепа сите освен Атлетико. Рано е за математики :D
 
Ме мрзи да пребарувам, знае некој колку кола точно до крај има?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom