може ли некој да ми каже што значи тоа pw
PW во глобала значи password (лозинка) на играч, или password на сервер (лозинка на сервер која корисникот треба да ја внесе).
Доколку си администратор на сервер или имаш слот, мораш да го сетираш password-от на серверот за да влезеш, а веднаш потоа да го внесеш твојот password кој ти си го измислил и си го дал на Head Admin или Server Owner за да ти даде админ права.
Така да, многу сервери немаат ставено свој пасворд затоа што го немаат едитирано тој што е по дифолт (_pw) во amxx.cfg.
Отприлика многу од серверите каде што си админ ти бараат по дифолт да пишеш setinfo _pw "твоја лозинка“ за да имаш пристап на сервер, а имаш и сервери каде што место тоа ќе сретнеш појава на пример setinfo _kgn "твоја лозинка“ , setinfo _ins "твоја лозинка“ исл. Ако некој ти бара pw а сака да ти даде админ, смисли некоја лозинка која само ти ја знаеш, на пример „kajgana" и кога ќе влезеш во игра ако ти е пуштен админот, ќе треба да пишеш setinfo _pw kajgana .
Тогаш ти е дозволен пристап на серверот со твоите права.
Се надевам сега ти е појасно.
Позз.