Мачки (општи дискусии)

Semiramida

A prayer for the wild at heart kept in cages
Член од
27 јули 2013
Мислења
97
Поени од реакции
120
Blue изгледа дека нема глисти во мешето твојата мачорка ,туку се прејадува ептен или па си има потреба за трева поради влакната.Мојата мачка од прејадување повраќаше.Инаку за глисти има едни апчиња универзални се мислам-и за кутре и маче и тие имаат добар ефект за недела до две.Животинче со глисти слабее,нема енергија и освен во изметот може и да ги исповрати низ уста-простете знам дека е освратно ама сум била и на ова сведок.И тоа што сакаат да си брстат тревки и зеленчуци е нормално.На тетка ми мачорот беше опседнат со ружи.Каде и да начекаше ружа , лист по лист со сласт ја јадеше, остануваше само дршката.
 
Ч

Чај

Гостин
Мачето нема глисти според описот има типичен мачешки проблем со исфрлање влакна.Набави препарат кој им помага полесно да го завршат процесот,како најефикасен е Петромалт.Ако го нема баш овој верувам ветеринарните аптеки дека имаат некоја добра замена, барем поснабдените.



Се нанесуваат на различни начини,некои како храна се даваат,некои во храна,или присилно во уста најчесто пастата.



За да немаш друг пат паника дали мачето има глисти,а реалнп е дека одвреме навреме се сретнуваат со овие несакани паразити,потребно е да го прочистуваш но никогаш не практикувај со исто апче,секогаш менувај ја фирмата која го произведува.Главно сите средства за дехелментизација се на органска база но составот им е различен,така организмот нема да може да стекни имунитет против апчето и да го исфрли низ изметот.Периодот е 3-6 месеци просечно зависи каде се чува мачката.Доколку е на слобода почесто треба да се прочистува,и да се одржува хигиената особено миење раце после контакт со мачката. Доколку е во домашни услови се дава поретко до два пати годишно.Мачките имаат и природна заштита од пренесувањето на паразитите,најбитно е нивната хигиена во вршењето нужда.Со самото закопување на изметот веќе се намалуваат шансите за повторно заразување или ширење на јајца од паразитот кон други мачки,додека кај останатите животни е на отворено па лесно се разнесуваат наоколу. Другата заштита кај мачките е јадењето трева.Не е дефинирано точно кој видови на трева ги внесуваат,на мачките во домашни услови им купуваат посебни пакетчиња кои ден-два ртуваат но тоа е обичен јачмен.Во природата знаат да конзумираат доста разно разни растенија па дури и дрога,иако звучи смешно,еве доказ дека мачките се вродени наркомани.


Во врска со превентивата и постапката доколку животното има паразити,кој е правилниот начин за лечење на животното и заштита на човекот,повеќе,во ова видео можеш да најдеш.

 
Член од
22 ноември 2011
Мислења
376
Поени од реакции
454
Povrakjanje na topki so vlakna e cesta i normalna pojava kaj mackite.Bidejki tie postojano se lizat i se cistat, vnesuvaat i vlakna koi po izvesen period se nasobiraat vo zeludnikot, i ja draznat i teraat mackata da povrati za da gi isfrli. Moze da se namali so redovno cetkanje na mackata i dodavanje na zelencuk vo hranata te zivotinski vlakna, kako sretstva koi go pomagaat isfrlanjeto na vlaknata od organizmot.
 
Член од
1 декември 2010
Мислења
1.294
Поени од реакции
2.781


Мачка со многу лоши навики, затоа и пред околу пола година ја однесоа далеку од дома...



за конечно вчера да се врати, појма немам како, ама некако успеала да го најде патот до дома, дури и после 5-6 месеци :D
 

Marchelo93

Дипломиран Џаболебар
Член од
10 јули 2011
Мислења
1.931
Поени од реакции
1.998
Мојов мачор да го оставам негде ќе се врати дома уште пред мене.Абе ко сијамски близнак да имам,идам да мочам со мене,се бањам ми лумпува низ веце не искача дур не излезам од туш кабина,еве сега сум на лаптоп,ќе ми се качи врз тастатура.Некад ќе ме спизди нешто ќе го избацам од дома и не мрда од пред врата мјау мјау дур не го пуштиш внатре.Други мачки едвај чекаат прилика да му ја киднат од дома,ова моево изрод некоја хаха.:icon_mrgr:
 
Член од
20 ноември 2008
Мислења
6.104
Поени од реакции
2.514
Други мачки едвај чекаат прилика да му ја киднат од дома,ова моево изрод некоја хаха.:icon_mrgr:

Зависит како ќе ја нучиш.. Мачка шо е од првин научена надвор тешко дека ќе ја убедиш да останит внатре без да излезит. Пример е мојата. Ко ја зедов беше мало и чувано во двор, пробав јас да ја чувам надвор но ќе отвориш и врата и одма се пикаше внатре.. Од почеток се качуваше и по кревети ама ја научивме да не се качуват и сеа си седит на едно столче специјално за нејзе до оџак на топло. Но кога сакат да мочат или да излезит надвор веднаш застанвит на врата. Ако не и обрнуваш внимание одма ќе напрајт некоја беља за да ја избркаш (обично се качвит на кревет ако пак не и обрниш ќе снокнит и на маса) и веднаш и отвораме врата.. Обично преку зима поголем дел од врето го врвит внатре дома на топло, но ова време вака навечер сама барат надвор (и се приодвит во вц изгледа) и после то шетат се дружит со мачори.. Утре ко ќе станиме ќе ја најме на тераса згуткана во перничинана од столојне.. Се на се мислам дека е задоволна, сакат надвор, надвор е сакат внетре внатре е, а и да ја пофалам многу е интелегентна, значит толку години никогаш не се измочала внатре ако и се јајт застанвит пред фрижидер, ако и свикаш на глас со погледот накај нејзе одма ќе застанит пред врата за да излезит, осеќат дека нешто не е како шо требит. Едина мана и е то шо е лесна женска многу лесно ја освојвет мачориве и нон стоп ми се пораѓат.
Сакав краток пост ама се заборајв ајде поздрав.
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285
Најчесто е нагло губење на тежина, апатија, сонливост и во изметот може да се забележат паразитите.. Таквото повраќање е нормално, исто како кога ќе се прејаде може да се случи. Се додека ги повраќа влакната не е страшно, проблем може да биде ако тие некаде во ГИ тракт заглават, може да се формираат псеудоконгременти и од тука перипетии и заплети. Доколку не приметиш нешто ненормално во тоа повраќање, мачето да ти промени апетит, однесување и слично, немаш потреба за грижа. Е сега за тоа колку мачките јадат треба не знам(немам видено), кучињата обично ја јадат за намалување на киселините во желудникот, за подобрување на варењето и процесирањето на храната.
Јадат и они трева, имаш семиња скоро во сите пет шопови, килограм семе мислам дека е 150 денари, и искрено, толкава голема количина може да трае за цел живот на мачката, земајќи во предвид дека садиш само неколку зрнца. Особено корисно е во периодите на митарење кај мачките, им помага полесно да ги исфрлат влакната. Мачките што не се чуваат само дома, наоѓаат трева и немаат гајле, но тие што седат само по дома, мора да им се засади и да им биде достапна скоро цело време.

https://www.google.com/search?newwindow=1&espv=210&es_sm=122&biw=1745&bih=902&tbm=isch&q=cat grass seeds&revid=1710517961&ei=xOH0UsvjPIneswbuoIH4Cg&ved=0CCEQsyU
 
Член од
12 јануари 2006
Мислења
374
Поени од реакции
9
Може да ми кажете добар ветеринар за мачки во Скопје?
 
Член од
29 март 2013
Мислења
148
Поени од реакции
177
Може да ми кажете добар ветеринар за мачки во Скопје?
Одличен ветеринар е. Немам двомење за тоа кај треба да ја носам, а цените се повеќе од пристојни, за услугите кои ги дават и третманот, дури и ефтино во споредба со други места.
http://www.veterinarencentar.mk/
 
Член од
29 март 2013
Мислења
148
Поени од реакции
177
Дали некој има искуство со храната Happy cat? Мојата мачка веќе 4 години јаде Friskies, ама пред некој ден случајно и земав Happy cat и ептен и се допаѓа. Не знам дали да и ја сменам, горе - доле иста цена е или да и ги мешам двете. Некој совет?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom