Семинарски, состави, есеи, задачи

mickey mouse

Багабонти
Член од
5 септември 2011
Мислења
992
Поени од реакции
2.765
Дали има некој семинарска тема по било која тема по сметковоствена контрола и ревизија?
 

Verdict

Galadriel
Член од
21 мај 2012
Мислења
2.197
Поени од реакции
2.114
Семинарска за "системот на рамнотежа на сила, колективна безбедност и светска влада", или бар упатете ме :D
 
Член од
11 јуни 2012
Мислења
1
Поени од реакции
0
Луѓе абе нешто семинарска или некој документи на тема Електро-магнетна индукција
 
Член од
16 јануари 2014
Мислења
4
Поени од реакции
0
Ми треба есеј за инфлација (општо) или некоја проектна задача , доколку некој има познавање од оваа тема би ве замолила за малку помош,
Ви Благодарам
 

blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
nesto seminarska za autizam?
Девојче најди си материјали на интернет. Имаш еден куп ствари за аутизам. Сигурно знаеш да правиш копи, пасте и да преведеш десетина страници од англиски на македонски. Ако ти треба за кај Владо, мисли му ја ако те фати со готова и купена семинарска. Никогаш нема да те пушти да положиш.
 
Член од
18 јануари 2014
Мислења
1
Поени од реакции
0
Ми треба семинарска или помош да напишам семинарска на тема - Политиката на Аристотел (или било што поврзано со Аристотел и неговите гледишта за политиката). Ако може некој да ми помогне во врска со семинарскава би му бил многу благодарен бидејќи не можам никаде да најдам нешто поврзано со оваа тема.
 

marinium

Even Cops Dial 911 -S.W.A.T !
Член од
5 мај 2013
Мислења
984
Поени од реакции
496
фотокопир :wink:
најдов нешто за Гилјамеш се надевам дека не е доцна и дека ќе ти помогне
Структура и содржина на епот

Како литературен вид, епот е најдолгата раскажувачка структура во стих. Така, и „Епот за Гилгамеш“ е пишуван во стихови, поделени во дванаесет пеења, напишани на дванаесет плочи, кои пак, може да се поделат на два дела: првиот дел е во првите седум пеења (херојството на Гилгамеш и Енкиду); вториот дел од осмото до дванаесеттото пеење (страдањата на Гилгамеш). Епот започнува со пролог, вовед (од современ аспект), во кој се запознаваме со Гилгамеш. Во ова прво пеење, има опис на ликот на Гилгамеш (поконкретно за описот во следните точки), се зборува за раѓањето (создавањето) на неговиот ’соперник’ Енкиду, како и за влегувањето на Енкиду во Урук. Во второто пеење се зборува за запознавањето на Гилгамеш и Енкиду, меѓусебното испитување на силите, збратимувањето и подготвувањето за борба против Хумбаба.
Во третото пеење се сретнуваме со сонот како точно предвидување на она што се случува подоцна. Енкиду сонува лош сон, а Гилгамеш прави ритуал (составен дел од митолошкиот начин на живот), за да го спречи лошото пророштво на сонот. Четвртото пеење е карактеристично по тоа што се сретнуваме со јуначки подвиг на јунаците (главна карактеристика на јуначки еп). Тие го убиваат чуварот на гората на Хумбаба. Важно е да се спомене и тоа што боговите се вклучуваат во борбата помагајќи им на јунаците (подоцна ова е често во митовите на поновите цивилизации).
Петтата плоча зборува за уште еден сон на Енкиду. Гилгамеш го толкува како позитивен. Сонот се исполнува: по борбата со Хумбаба, тие излегуваат победници и се враќаат во Урук со неговата глава. Во шестата плоча Гилгамеш ја отфрла љубовта на Иштар, а таа му праќа небесен бик да го убие. Гилгамеш ја потврдува својата сила и го убива бикот, со што го навлекува гневот на божицата Иштар. Седмото пеење е сонот на Енкиду, кој предвидува смрт. Сонот се исполнува; Енкиду легнува болен и умира.
Во осмото пеење се сретнуваме со тажењето како посебен жанр во народната традиција. Гилгамеш е исполнет со тага за загубениот другар и брат и тагува над неговото тело. Деветтата плоча претставува пресврт во фабулата. Гилгамеш, соочен со смртта на Енкиду, си го поставува прашањето за сопствената смрт. Неможејќи да се помири со својата смртност, решава да бара можност за бесмртност. Десеттата плоча зборува за потрагата на Гилгамеш, напуштањето на домот, патувањата. Дознава за дрвото на животот и се упатува кон Утнапиштим.
Единаесеттата плоча е мошне значајна, затоа што зборува за митот за потопот, што е извор (во пишана форма) на идејата за крајот на светот. Оваа епизода можеме да ја сретнеме во многу религии, некаде целосно пресликана, некаде разработена, изменета. Утнапиштим е тој што ја раскажува приказната за потопот и му кажува на Гилгамеш како да стигне до билката. Кога Гилгамеш ја наоѓа, змијата е таа што му го краде ’вечниот живот’.
Во дванаесеттото пеење се сретнуваме со уште еден митолошки мотив, кој го сретнуваме и во старогрчката митологија и на други места – слегувањето во подземјето. Од оваа епизода ја гледаме идејата на Сумерите за подземниот свет; животот по смртта; контактот со мртвите; комуникацијата со нив итн.
[уреди]Ликот на Гилгамеш

Во овој јуначки еп, Гилгамеш е претставен како типичен јунак, херој заштитник на градот, силен храбар, почитуван. Уште во првото пеење се сретнуваме со опис за него: „Гилгамеш, победоносниот јунак, ѕидишта околу Урук изгради...“ [1], понатаму: „По убавина и снага никаде не му беа виделе рамен. Лавот тој од лежиштето го брка ... дивиот бик го лови со брзина и сила на својот лак...“[2].
Најкарактеристично за Гилагамеш е неговата природа. Тој е една третина човек, а две третини бог, што веднаш му дава натприродни особини и го сместува во редот на силните, храбрите. Гилгамеш е типичен лик – јунак за митолошките приказни, кој со својата моќ го чува принципот на доброто од силите на злото. Таквите свои атрибути ги покажал низ многубројните битки со животни, џинови, натприродни суштества што боговите му ги праќаат. Како културен херој градител на град, кај него, освен храброста, јунаштвото, силата, како епитет ја сретнуваме и строгоста (суровоста) кон своите сограѓани кога треба да му се покорат:
„ За него... мораа да работат и старите и младите, и силните и слабите... Ден и ноќ тој пирува со нив. Нивните лелеци допираат до великите богови.[3] “

Од психолошка гледна точка, можеме да ја издвоиме чувствителноста како негова особина (оплакувањето на својот побратим, кој како лик е изграден идентично како него, како негов пандан: „Енкиду, пријателе млад, кај сила ти остана, а гласот, каде?“[4]). Сепак, најважната особина на Гилгамеш е исклучителната несебичност - тој сака билката на животот да ја донесе во Урук, да ја сподели со своите; ја чува, не ја користи само за себе. Оваа особина, оваа постапка, потсетува на Прометеј од грчката митологија, кој сакал да им го даде огнот на луѓето.
Божествената природа на Гилгамеш пак, потсетува на Херкул, исто така од грчката митологија. Уште еден лик во овој еп, го сретнуваме и на многу други места во светските религии. Тоа е ликот на Утнапиштим, кој во нашата религија одговара на ликот на Ное.
вечна детелина !!!:P:cuc:
 

#LakersMK

iChangeWorlds
Член од
31 јули 2008
Мислења
1.325
Поени од реакции
250
Хемија: Во 8.6кг вода биле растворени 3.4кг NaOH со концентрација 97.2% NaOH. Определи ја процент. концентрација на NaOH во растворот.
 
Член од
8 септември 2011
Мислења
88
Поени од реакции
110
ве молам некој да ми помогне ми треба анализа на песната од Матеја Матевски хитно :/
Ѕвона

Некаде ѕвони. Некаде далеку ѕвони.
звуците се бранови на ветрот
низ тревите подгонети.

Некаде ѕвони. Продолжително и нежно.
Глуво е сè. Сал ритамот
плиска по брегот на железото.

Некаде ѕвони. Шибни ме високо и бездно
Бегајте низ кафезот звучен
глуво и безнадежно.

Некаде ѕвони. Малечок ѕвонам и врискам.
Сè е затворено. Опчинет
за звуците сум виснал.

Некаде ѕвони. Удри ме. Колку сум храбар а питом.
Време, удри и ти по споменот
грубо и незаситно.

Некаде ѕвони. Премногу дамна и сега.
Сè боли, небо. По тревата
на звуците познати легни ме.
--- надополнето: 29 јануари 2014 во 18:41 ---
ве молам некој да ми помогне ми треба анализа на песната од Матеја Матевски хитно :/
Ѕвона

Некаде ѕвони. Некаде далеку ѕвони.
звуците се бранови на ветрот
низ тревите подгонети.

Некаде ѕвони. Продолжително и нежно.
Глуво е сè. Сал ритамот
плиска по брегот на железото.

Некаде ѕвони. Шибни ме високо и бездно
Бегајте низ кафезот звучен
глуво и безнадежно.

Некаде ѕвони. Малечок ѕвонам и врискам.
Сè е затворено. Опчинет
за звуците сум виснал.

Некаде ѕвони. Удри ме. Колку сум храбар а питом.
Време, удри и ти по споменот
грубо и незаситно.

Некаде ѕвони. Премногу дамна и сега.
Сè боли, небо. По тревата
на звуците познати легни ме.
 
B

BrunoFresh

Гостин
Семинарска или билво какво с*ање од 7-8 страници за СЕ за рефлексијата.
 
Член од
17 февруари 2014
Мислења
3
Поени од реакции
0
Има ли некој проектна по информатика за WINDOWS MICROSOFT (ми требаат од WIN95 до WIN8) Фала однапред.
 

КвикСилвер

Модератор
Член од
28 март 2010
Мислења
4.544
Поени од реакции
5.855
На матура што состави паѓаат по Англиски јазик најчесто? Кои се темите?
 
Член од
20 февруари 2014
Мислења
1
Поени од реакции
0
Mi trebaat esei po slednive temi
1.Смртна казна
2.Евтаназија
3.Систем на казнено законодавство-парична казна
4.Алтернативни мерки- осовременување на системот на санкции на Република Македонија
5. Субјекти на Казненото право
nikolovski_slavco@yahoo.com
 

Kajgana Shop

На врв Bottom