Ф
Флеш
Гостин
се разочара готово а ?!Тотално без концепт се носат засилувања овој преоден рок. Се досега што се прави буквално е без никаков план. Прво го договорија Фичо Ивановски, а после него го носат Илчо Наумоски, сигурно не за мали пари. Башка што веќе го имаме младиот Бујчевски на кого со ова ќе му попречен развојот во кариерата. Сега носат стопер што бил резерва во Дебрецен и на кого му дале нога од таму, а ги имаме може трите најдобри стопери во нашава лига?! Уште еден нелогичен потез. Во средниот ред и на страничните позиции каде кубуриме со играчи, нема никаква најава за нови имиња. И како врв на се, си заминуваат двајца стандардни првотимци од претходната полусезона, едниот и најдобар наш играч, а не се носат нивни алтернативи. Сево ова ми укажува дека Самсоненко тотално неспремен и неинформиран вплови во фудбалските води, а и опкружувањето му е сигурно многу сјајно и потковано. Па уште со цел памет најавува редовно учество во ЛШ?! Се заебал ако мисли дека тоа ќе оди така едноставно како во ракометот. Тоа еден Динамо со Здравко Мамиќ не може да си дозволи да го најави како долгорочно гледање во иднина, а не па еден Вардар кој 20 години е без значителен успех во европските купови!
Тренерот е врвот во целата приказна. Пишав и пред некој ден, ќе биде голема глупост ако се менува тренер на сред припреми, а особено не доколку истиот нема допирни точки со нашиов фудбал. Да не праиме муабет што нема работено во некој сериозен клуб добри 13-14 години.
Се на се, почеток што не ветува! Се надевам дека грешам...