- Член од
- 28 мај 2008
- Мислења
- 3.231
- Поени од реакции
- 4.104
Не се сложувам баш со се’. Имало ред, имало дисциплина и социјален мир, владеење на правото... Ама не би рекол дека имало благосостојба како што имало во било која западна држава. Иако сите имале работа, покрив над главата и никакви секирации дали ќе ги подмириш сметките, не можеш да споредиш со капиталистичко потрошувачко општество. Мене тоа општество ми изгледа како: да сме сите нахранети, топол кревет да имаме, фиќото да се тркала и доста е. Што од еден аспект гледано е убаво, ама од друг и не е.Прашај ги постарите генерации, ќе ти кажат дека во Југославија имало благосостојба и дека се знаело ред, дисциплина и владеело право, кажи ми дали сега владее барем ова последното? Доколку владееше ќе беше каде каде поразлично...
Нешто што ми го имаат постариве мои кажано многупати до сега: луѓето можеби имаа пари повеќе отколку сега, ама немаше на што да ги трошиш. Додека во западниот свет имаш милион задоволства на што да ги трошиш парите, во тој систем немаш баш лускузи, задоволства и којзнае што.
И како и да гледаме, пак не можам да речам оти имало благосостојба. Вистина оти имало огромен напредок, каде после војната од закрепостена и феудална Македонија, се изградени стотици фабрики и инфраструктура. Но, тоа не е ни делче од процентот што е вложуван во Словенија на пример, што има ист број на население ко нас. До пред 15 години кај мене во маалото само 2 улици беа асфалтирани. После пообилни дождови булдожери идеа да ја соберат калта што се слеваше од улиците. Канализации немаа 90% од луѓето. Мене тоа не ми изгледа логично, да имаш работа, кола (каква-таква) и храна доволно, ама инфраструктура заостаната. Телефон немаа луѓето... 1000 марки беше линијата. Видео да купиш или телевизор во боја ќе беше најглавен во цела населба. Тоа не е благосостојба.
Малце се бе 2000 долари, далеку повеќе се заработува. Другар мој за некој месец заминува Калифорнија на пракса и како практикант само ќе зема 3600$ месецот.Проблемот е што ти го гледаш тоа што сакаш да го видиш. Еве да ги зееме Американците, задужени до гуша, националниот долг им е 73% од БДП, последниве години имаа високи дефицити па ради тоа им се накачи долгот, иако сега се во опаѓачки тренд пред се ради затегната фискална политика и кратење на јавната потрошувачка. И сега сите таму умираат од глад според тебе. Е да ама кога ќе отидеш ќе видиш дека у една ебана палачинкара саатница ти е 10 долари, ова ти зборам за нешто послабо платено, плус можеш плус саати да работиш и за викенди и празници за што ќе добиеш поголема саатница. Ако се покажеш ко што треба у рок од неколку месеци големи се шансите дека ќе те унапредат у менаџер и ќе ти накачат плата. Тоа се само 2000 долари. Кај се оние стипендии за комјунити колеџи од по минимум 1000 долари за оние кои тазе добиле зелена карта. Државата ти плаќа пари за да учиш колеџ еееј. Да заокружиме на 3000 долари. Па у Калифорнија кај што кириите се повисоки, еве 700 долари нека биде all incusive и греење и остали сметки, и пак повеќе од две третини од платата ти остануваат. И за да го добиеш сето тоа треба да си писмен само и да знаеш англиски, нормално и да имаш желба да напредуваш понатаму. А у рајов наш, електро и градежни инжењери, заболекари и други неебиветри, пошто остатокот неспособни се па ај нив ги отпишуваме, не заслужуваат да живеат, земаат плата 12 000 ден.
Дефинитивно би рекол оти тоа е причината. Таа пуста сиромаштија и критериумите за се’ ни ги има намалено. Истото тоа би го рекол и ко ќе спомни некој дека во Југославија имало благосостојба. Далеку од благосостојба, ама споредено со тоа што имал овој народ пред војната и во каква мизерија живеел, тоа било рамно на благосостојба. Откако ќе го доприш дното, секоја светлина ќе ти се чини како благосостојба.Кај нас те убедуваат дека сто денари се доволни да се нарани човек во еден ден. Се друго е луксуз.
Втор луксуз кој кај нас се смета е да имаш интернет на топло и телефон.
И третиот луксуз е да идеш на одмор летоска.
Тоа го направи сиромаштијата.
А тоа е само нормална човекова потреба за нормален живот. Го симнаа нивото на бескуќник и сега се се гледа дека е луксуз. Благодарение на тоа јас сега неможам да ги сфатам оние кои кукаат, а имаат се во животот да си овозможат. Дали парата го прави човек ненаситно суштество или ние сме научени на минимални трошоци за живот тоа е тема за муабет.